Избрани резервистите за НБА Ол Стар мечот

Тренерите на екипите од најсилното светско кошаркарско првенство ги избраа  14 резерви по, седум за двете екипи за престојниот Ол Стар меч во НБА.

Во источната конференција тренерите одлучија на резервната клупа да седнат Никола Вучевиќ, Кајл Лаури, Блејк Грифин, Бредли Бил, Крис Мидлтон, Бен Симонс и Виктор Оладипо.

Во стартната петорка, според изборот на навивачите и новинарите ќе играат Кемба Вокер, Кајри Ирвинг, Кавај Ленард и Џоел Ембид.

Во западната конференција како резерви на Ол Стар мечот ќе истрчаат Никола Јокиќ, Расел Вестрбрук, Ентони Дејвис, Демијен Лилард, Ламаркус Олдриџ, Клеј Томсон и Карл Ентони Таунс.

Во првата петорка на Западот се Стеф Кари, Кевин Дурент, Џејмс Харден и Пол Џорџ.

Годинава на Ол Стар мечот нема да играат класично Исток против Запад како некогаш, туку на „драфтот“ на 7 фебруари двајцата капитени Лебон Џејмс и Јанис Адетокумбо ќе ги изберат своите тимови за мечот кој се игра на 19 февруари во Шарлот.

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер