Кацин: Македонија и Црна Гора треба да бидат "париско-берлинскиот" мотор на Балканот

Владата на Република Словенија и парламентот одамна дадоа согласност за потпишување на пристапниот протокол, пред повеќе од десет дена тоа го најави и нашиот министер за одбрана, кој беше во посета на вашата земја.

Словенечкиот амбасадор при НАТО, Јелко Кацин, во интервју за МИА зборува за следните чекори на зачленувањето на Македонија во Алијансата, важноста на земјата за регионот и уверува дека "сѐ е договорено" за потпишувањето на пристапниот протокол, што треба да се случи многу скоро.

Господине Кацин, прво да ве прашам дали Словенија веќе го одобри пристапниот протокол за членството на Македонија во НАТО?

Владата на Република Словенија и парламентот одамна дадоа согласност за потпишување на пристапниот протокол, пред повеќе од десет дена тоа го најави и нашиот министер за одбрана, кој беше во посета на вашата земја. Тогаш беше кажано дека јас имам овластување. Во меѓувреме стигна и писмено овластување тоа да се потпише и го чекаме само свечениот чин на потпишување на тој документ. Тоа значи дека Република Македонија е де факто 30-та членка на сојузот, иако не одлучува, туку набљудува, и поканета е на сите важни формати на сојузот.

Кои се тие важни формати?

Ќе соработува на северноатлантскиот совет, на некои, на формат на заменици, политички советници, воени советници, и така со ред, повеќе од три четвртини од форматите ќе бидат од сега отворени за учество на Македонија, која ќе мора да ги покрива тие состаноци.

Можете ли да објасните конкретно што подразбира тоа учество за Македонија, за институциите, за дипломатите, итн?

Да бидам разбирлив: почнува секојдневната работа. Треба да се следи што се случува, да се известува Скопје за тоа за што се расправа и што одлучува северноатлантски совет, што се подготвува за следните седници, кој е ставот на Македонија по големите светски прашања за кои се расправа тука. Македонија не е веќе на менито, туку е на маса. И како следна, триесетта, рамноправна членка соработува и следи сѐ што се случува. Тоа е момент на вистина колку е ова и изискателно за земјите членки, треба да се има јасен став, треба да се поддржат сојузниците, ако има двоумење на тоа треба да се обрне внимание за да се согледаат сите последици на секоја наша одлука, но од потпишувањето натаму, да бидам пластичен, Македонија е посветена да биде целосно членка на сојузот.

Значи сега веќе активно се очекува од Македонија да има став за големи светски прашања, и дали Македонија ќе може, како земја набљудувач, да го даде своето мислење или да интервенира на таа или таа тема од сега натаму, или за сега само фаќа белешки?

Јас би предупредил на некои работи. Се работи за фаза помеѓу потпишувањето и завршувањето на процесот на ратификација во 29 земји членки. Ако сакате да влијаете врз брзината на ратификацијата имате исклучителна прилика да се докажете како де факто рамноправна сојузничка. Каде што се работи за чувствителни прашања, генералниот секретар или било која земја членка има право да побара мислење од Македонија и да ве замоли за ваш поглед. Тука можете да ја добиете таа можност. Што значи дека на секој состанок треба да се подготвите, да се усогласите да имате став за некои работи. Нема да ве "гњавиме" за некои предизвици во Индискиот океан, но кога се работи за ситуација во непосредна близина, кога зборуваме за КФОР на пример, кога зборуваме за компликациите на Западен Балкан, мислам дека многу сојузнички, не само Словенија, со задоволство ќе го слушнат вашиот став. Ја имате таа можност да се чувствувате рамноправни.

Знаете ли кога ќе биде церемонијата на потпишување?

Знам.

Може да ни кажете?

Не можам, ние тука сме договорени дека постои принцип на консензус. Кога 29-те ќе се договорат, се договараат и кога ќе соопштат. Можам јасно да ви одговорам дека наскоро ќе се случи и дека сѐ е договорено.

Нема да има политички пречки во последен момент?

Само ако вашиот министер на дојде на потпишување, тоа би било порака (се смее).

Ова е значи сега период на подготовка, и претпоставувам дека Македонија има уште работа за реформите. Кои се тука главните реформи на кои Македонија уште сериозно треба да работи?

Секако. Не сакам отворено да зборувам за тоа. Се работи пред сѐ се работи за стриктна контрола над разузнавачките служби, за полна соработка со разузнавачките служби, се работи за вклучување на собранието во таа работа, тоа не е само владина одговорност. Тоа што го бара сојузот базиран на потполн консензус изискува инклузивност во земјата членка. Тоа има драматично влијание врз политичка култура, врз квалитетот на демократското носење одлуки затоа што бара и опозицијата преземе голем дел од одговорноста. Сето тоа квалитетно го надградува досегашниот систем на носење одлуки, посебно за Македонија која имаше големи тешкотии во минатото, тоа е голем поттик за зајакнување на институциите кои мора да бидат посамостојни, оперативни, независни, да реагираат во реално време.

Слободата на медиумите е суштина на демократијата и известувањето на јавноста за најтешките прашања за колективната одбрана на нашата безбедност и од друга страна солидарноста на нашата предна одбрана, нашите единици на кризни жаришта каде мораме превентивно да делуваме за да ја намалиме опасноста од инциденти, сето тоа бара полна соодговорност. Ние како постојани претставници тука во НАТО расправаме за тоа што треба да направат нашите војници, каде и да се, да бидат безбедни и да се намали на минимум опасноста од жртви. Тој заеднички страв да ги сочуваме нашите луѓе тоа мора да го развиеме, тоа е квалитетот на сојузништвото. Ние не сме само воена алијанса, ние сме и политичка алијанса на меѓусебна солидарност и одговорност и полна меѓусебна доверба. Во НАТО нема надгласувања, не гласаме во НАТО, расправаме додека не се договориме. Усогласуваме позиции, добороволно го даваме својот дел од војската, опремата, техниката и оружјето. Врз основа на сето тоа доаѓа друга работа – земја која влегла во НАТО е одговорна земја, земја во која работат институциите, во која има смисла да се инвестира, земја во која не смее да има рекет, земја во која по дефиниција мора да се спроведе борбата против корупција. Тоа е сертификат дека во таа земја треба целосно да се инвестира, не само финансиски, туку кадровски, политички, културно, сѐ.

Со оглед на ова што го кажавте за важноста за внатрешен консензус, кога гледаме колкава е поделбата во Македонија околу договорот за името, потешкотиите за политички дијалог, па и информациите дека имало руско влијание во одредени политички кругови како што покажаа истражувачки новинарски стории, се плашите ли дека во наредниот период може да се појават ризици во земјата?

Влезот во НАТО е одлична прилика за созревање на сите политички субјекти во земјата, во извршната и во парламентарната и вонпарламентарната сфера и невладините организации. Има сѐ повеќе мешање во изборните процеси, мешање и ставови кои го нарушуваат суверенитетот на земјата и кои се против стратегиските приоритети на земјите. Преспанскиот договор е последниот таков пример. И вашата и грчката Влада реагираа, такво мешање што се истражува во САД, тоа самите го доживеавте. Тука два елемента се важни. Секоја политичка опција треба да се погледа во огледало и да одлучи каде и е иднината: во Москва или на запад? Важи ова и за сите ваши соседи. А друго е дека сите ваши институции треба да реагираат на такво мешање и да спроведат активности. Нетранспарентноста на финансирањето или обидите за дестабилизација на самата земја треба како такво да се препознае. Треба да се зголеми отпорноста на сите наши земји членки. Колку сме способни да преживееме такви обиди и колку сме способни во такви обиди меѓусебно да си помогнеме? Имаме свои мобилни тимови кои доаѓаат на барање на поединечни држави и им помагаат на органите на тоа да се спротивстават. А имаме и низа предизвици од кибернапади до хибридни закани. За сето тоа треба подобро да се организираме, да развиеме капацитети, да имаме поголема свест дека тоа постои.

Мислите дека Македонија има капацитет за сите овие предизвици?

Македонија покажа во последните години дека е способна да се менува и прилагодува на нови ситуации, дека е толку одговорна што разбира дека треба да го надомести изгубеното време од оние десет години откако не беше во пакет со Хрватска и Албанија за влез во НАТО. Сите политички субјекти да размислат колку пати донеле погрешни проценки кога не искористиле историски прилики, кога наместо да прифатат компромис повторно организирале некакви избори, било кој изговор Македонија сама себе да се дискредитира и да се оддалечува од европските текови. Она што е важно сега, не е дали е доволно способна туку дека Македонија докажа дека е моментално најзрела на Западен Балкан и со тој историски исчекор докажува дека некои други земји од регионот треба на неа да се угледаат и да си ги забрзаат реформите. Македонија заслужува датум за преговори, тоа ќе биде најјаката порака за сите соседи, од Албанија преку Косово и Србија и Црна Гора ќе биде во подобра ситуација кога има некоја земја што сака да го надомести изгубеното време. И тогаш ќе се види дека не треба да се чека пакет на сите земји од Западен Балкан, од кои уште одат наназад. Црна Гора и Македонија како тандем мора да играат улога во регионот како париско-берлинскиот мотор во Европа, мораме нешто такво да развиеме, тука се можностите и сѐ ќе биде можно ако имаме водачи свртени кон иднината кои разбираат дека компромисот е најголема победа. Без тој принцип НАТО никогаш не би функционирал.

Има уште ризик до полноправното членство нешто да излезе од контрола, некое сценарио слична на она што се случи во Црна Гора? Или мислите дека сега е работата завршена?

Секогаш треба да се биде подготвен да се одговори на секој предизвик. Дали е веројатно, не би зборувал јавно. Јавно би рекол дека на Западниот Балкан секогаш имало земји кои знаеле да направат нешто во корист на сопствената штета, кои не сфаќаат колку е важен тој пробив. Од сите тие причини вашиот пример е нешто на што сите треба да се угледаат.

Словенија е контакт точка амбасада за Македонија од први јануари, што значи тоа?

Амбасадата на Република Словенија од 1 јануари ја претставува амбасадата задолжена за Македонија и да направи сѐ да и помогне на Македонија од потпишувањето на протоколот на сите можни начини да помага и објаснува што и како треба да се направи за тој процес што побргу заврши. НАТО има и своја канцеларија за комуникација, liaison office, која исто така ја предводат Словенците. Словенија во двата капацитета ќе го направи своето. Шефот на делегацијата на ЕУ е исто така од Словенија. Словенија е посветена најмногу што може да и помогне на Македонија. Како што и помагавме на Црна Гора, имавме советник, бевме контакт амбасада, така сега тоа го правиме со Македонија и во иднина кога ќе созреат условите за друго земја од поранешна Југославија да тргне накај НАТО повторно ќе помогнеме.

Македонија во овој клучен период воопшто нема амбасадор во НАТО, а слабо стои и со човечки ресурси во ова претставништво. Дали е ова нормално?

Не ме влечете за јазик да не испадне дека се мешам во вашите претседателски избори... Кога ќе имате претседател или претседателка, мислам дека ќе потпише документ со кој ќе се постават многу амбасадори и тогаш и вашата мисија тука во НАТО ќе добие амбасадор или амбасадорка и дека кадровски ќе се засили екипата.

Имате коментар за можноста за предвремени избори во Македонија?

Немам и не сакам да имам.

Мислите дека е добра идеја?

Македонија е суверена земја и мора да донесе одлуки кои и одат во корист или не. Како постојан претставник во НАТО не сакам да се мешам, мислам дека Македонија е доволно зрела да донесе одлука. Можам само како Јелко Кацин да ви кажам дека не се работи само за НАТО, дека се работи и во јуни да се добијат преговори за ЕУ, па тогаш сами протолкувајте што би било корисно или не ако во меѓувреме има и други приоритети.

Мислите дека ќе има преговори со ЕУ во јуни?

Голем број држави разбираат дека Македонија е голем извозник на стабилност на Западниот Балкан, дека многу направила, затоа толку се трудиме тоа потпишување што побргу да се случи. За вашата јавноста да види дека НАТО си го одржува зборот, да разберат и сите сојузници, но и оние земји кои не се членки на НАТО но се членки на ЕУ, па имаат уште двоумења дали сега треба датум, за кого и како. Тоа е процес кој преку јавна дипломатија испраќа пораки колку е важно Западниот Балкан да има јасна перспектива за членство. Упорно работиме на тоа во јуни тоа да се случи, затоа правиме сѐ да оди ратификација што побргу, затоа сме и контакт амбасада, за во меѓувреме Македонија преку продлабочување на реформите да докаже дека не се работи само за статус на членка туку и да придонесува и да ги поттикнува другите земји во регионот. Да ја немавме сега Македонија ќе требаше да ја измислиме. Нејзиниот најголем квалитет е што носи позитивни пораки од регионот. Држава која напредува – тој напредок треба да се препознае, да се мотивира што повеќе да направи.

Ако нема датум во јуни мислите дека постои ризик Македонија и регионот да скршнат од патот?

Мислам дека треба да се фокусираме на датумот и во Македонија да направите сѐ што е до вас за да се случи датумот. А на нас е да помогнеме тоа да се случи. Не би "ако не", затоа што тоа го намалува квалитетот на напорите за реформите. Треба и економски реформи, економијата не е подготвена, одработете го своето, ако нема датум ќе се занимаваме со тоа тогаш. Пред 10 години не добивте покана каде што требаше да добиете, и отидоа 10 години. Сега има неколку месеци да се сработи тоа што треба да не се изгубат година или две. Секој ден треба да се искористи за да ги убедите другите дека заслужувате датум.

Кои ќе бидат главните теми на следниот министерски за одбрана на 13 и 14 февруари кога се очекува да биде присутна и македонската министерка?

Ќе расправаме за Македонија и за процесот на ратификација кој треба што побргу да заврши. Ќе расправаме и за споделувањето на товарот, колку даваме за колективната одбрана, што и кога може дополнително да се обезбеди во таа насока, со што можеме сами, а што во соработка со ЕУ. Ќе биде присутна и Могерини. Имаме и партнерски земји кои се со една нога во НАТО, Шведска и Финска.

Претпоставувам дека ќе се разговара и за нуклеарниот договор (INF) од кој најавија повлекување САД поради непочитувањето на Русија, колкав е безбедносниот ризик за континентот и за балканскиот регион од оваа криза?

Во нашето непосредно соседство имаме база во Романија, каде имаме и радар и пресретнувач на балистички ракети кои се таму инсталирани баш за да не дојде до ракетен напад врз било која сојузничка, вклучително и идната сојузничка Македонија. Ако дојде до таков обид треба да се намали секоја можност било што неконтролирано да падне врз земјата. Тоа се исклучително чувствителни теми. Затоа реков дека Македонија нема да учествува на сите формати, бидејќи треба да се подготви кадровски за да има елементарно познавање за да ги разбере тие процеси. Кога земја е полноправна членка, треба сите одговорности да ги преземе, вклучително и одговорноста за преземање на информации кои се однесуваат на заедничката безбедност.

Како мислите дека ќе влијае целиот овој процес на зачленување на Македонија во НАТО врз соседна Србија? Има ли шанси да се одблокира дијалогот со Косово?

Србија мора сама да одлучи што сака и каде сака. Јавно политичката елита се колне дека сака накај западот. Словенија 15 години е членка на ЕУ и НАТО, но некои дилеми во Србија се исти како и пред 30 година. Елементарно прашање тогаш беше дали може Косово да биде седма република во некогашна Југославија. Тогаш да беше одговорот "да", Југославија ќе преживееше, ќе имаше седум републики, држава федерација со седум републики одамна ќе влезеше во европската заедница, одамна би била дел од НАТО и не би ги изгубила сите овие години во војни и заостанување. После десет години вие созреавте за тоа што значи компромис, создадовте услови за подобра иднина, некои уште се занимаваат со контрапродуктивни активности. Замислите дека ја користат цела енергија да ги убедат некои земји да го повлечат признавањето на Косово. Тоа не е политика на иднината, но од друга страна Србија има значајно повеќе воени вежби со НАТО отколку со Русија, а во медиумите изгледа дека воопшто нема ништо со НАТО, а со Русија е мед и млеко... затоа еден од главните проблеми во соседството на вашата земја е соочувањето со реалноста. Ако премногу се занимаваат со митологија, тогаш премногу луѓе емигрираат. На запад, не на исток./МИА.

Ковачевски: Со државната поддршка за македонските комапнии создадовме нови 5.000 работни места

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски денеска учествуваше и дискутираше на панел дискусија „Креираме развој преку поддршка на инвестиции“ во организација на ТИРЗ и Кабинет на ЗПВ Битиќи.

Денешната трибина, ја посочи претседателот Ковачевски, како добра можност да се сублимираат досегашните преземени мерки и резултатите во делот на поддршката на инвестициите и економијата, но истовремено и да се види што е она што треба да се преземе за уште подобри резултати.

Ковачечевски децидно истакна: „За силна економија е потребен ликвидно и силно стопанство, нови фабрики, раст на инвестициите, капитални инвестиции во инфраструктурата, развиено земјоделство, подобар животен стандард преку повисоки плати и пензии, пристап до ЕУ пазарите”.

Справување со предизвици, поддршка на домашната економија и компаниите преку правилни таргетирани мерки, финансиска поддршка, раст на платите, беа во фокусот на дискусијата, кои воедно се и дел од столбовите во новата програма на СДСМ.

„Економијата и поддршката на компаниите и инвестициите беа високо на агендата на Владата која јас ја предводев и на претходната Влада, природно доаѓа тоа бидејќи јас сум економист, но уште поприродно доаѓа во време на криза кога мора да работите прво на спасување на ликвидноста на компаниите, второ спас на работните места и трето одржување на животниот стандард на граѓаните со оглед на тоа дека секој е погоден од кризата и компаниите и граѓаните и оние што се најзасегнати а тоа се ранливите категории на граѓани. И затоа во изминатите 7 години ние генерално имавме многу силен акцент ставено на економијата." – истакна Ковачевски.

Со 100 милиони евра Владата предводена од СДСМ поддржа 919 компании, за разлика од 2017 година, кога имаше нула поддршка за домашните компании. Во последниот деветти пакет во вредност 662 милиони евра, 492 милиони евра се предвидоа за поддршка на приватниот сектор, преку мерки за одржување на ликвидноста на компаниите, конкурентноста, поддршка за инвестиции во обновливи извори, зачувување на работните места, поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ од вкупно 2,6 милијарди евра преку антикризни мерки се вратија назад кај граѓаните и стопанството.

Ковачевски, особено се осврна на домашните компании кои се двигател на економијата, затоа и во време на СДСМ беа поддржани преку различни мерки:

„До 2017 година македонскиот работник беше евтина работна сила и компаниите имаа нула поддршка. Јасна е разликата кога ќе ви кажам дека изминатите 6 години, 919 домашни компании добија поддршка во вредност од 100 милиони евра со кои тие реализираа 500 милиони евра инвестиции. "

Секоја стратешка одука што ја имал како премиер поставено претседателот Ковачевски, има стратешка цел, а тоа е развој на економијата, развој на приватниот сектор, нови вработувања и подобро платени работни места. Овие цели се исполнуваат со продолжување по европскиот пат.

На крајот од оваа успешна дискусија, Ковачевски заклучи дека тоа е целта за која се застапува и за која се застапува СДСМ и коалицијата за европска иднина. Бидејќи се друго се сценарија кои немаат економска логика, зад кои не стои никаква ниту политичка ниту економска калкулација и кои што ќе значат само враќање во некои неизвесни времиња. СДСМ нуди извесност, нуди надеж и напорна работа за да може да го оствари она што го заслужува Македонија, како земја која културолошки, економски и по секој друг основ и припаѓа на ЕУ, се наведува во партиското соопштение.

Застрелани се две воспитувачки, кои спречиле вооружен напаѓач да влезе во градинка во САД

Повеќе од 70 деца биле на дневен престој во Спрингфилд, Вирџинија, во моментот на пукањето, но ниту едно не е повредено, соопшти полицијата на округот Ферфакс.

„Ни олесна што денеска нема повредени деца“, изјави за новинарите заменик-началникот на полицијата Брук Рајт, според NBC Вашингтон.

Осомничениот Хулио Пасквал Сејас (41) од Арлингон е уапсен по повеќечасовна потера.

Напаѓачот испукал три куршуми низ вратата од градинката, изјави Рајт.

Се обидел да разговара со жената со која имал врска, но таа не му ја отворила вратата.

„Таа беше од внатрешната страна на вратата и не ја отвори“, рече Рајт.

Сехас ги застрелал жената и колешката со пиштол, соопшти полицијата.

Полицијата била повикана во градинката околу 14 часот и 15 минути и пристигнале за неполни две минути, додаде Рајтова.

Силни полициски сили ја опколиле градинката. Ранетите жртви од престрелката се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот.

Децата во градинката не биле „на повидок“ на пукањето и се чини дека не ни знаеле за тоа, рече Рајт.

„Се чинеше дека ниту едно од децата нема знаци дека нешто се случило овде денес. Тие беа среќни. Беа изнесени надвор. Се чини дека не ја видоа вратата скршена или дека имаа знаци дека нешто не е во ред“, рече таа.

Полицијата им кажала на родителите да одат во полициската станица во Западен Спрингфилд за да ги земат своите деца.

„Зошто ова се случува на дневен престој?

„Веднаш реагирав. Скокнав во автомобилот и дојдов овде“, рече тој.

„Зошто ова се случува во дневен центар? Што му направило едно четиригодишно дете на возрасен или на некој друг за да се оправда ваква ситуација?“, праша тој, задржувајќи ги солзите.

Пукањето ги потресе и полицајците, рече Рајт.

„Речиси сите сме родители. Целосно разбираме како се чувствува јавноста и сакаме да направиме сѐ што можеме за да ја фатиме оваа личност или било кој друг кој е опасен, што е можно поскоро за да ги заштитиме нашите деца“, рече таа пред Сехас.

Осомничениот за пукањето во градинката Спрингфилд е лоциран и уапсен од полициската единица за приведување бегалци, соопшти полицијата. Информациите за тоа каде е пронајден не се веднаш објавени.

Секој кој има информации за неговата локација беше замолен да се јави на 911.

„Веруваме дека е опасен, затоа ве молиме не се обидувајте да воспоставите контакт со него“, рече Рајт.

Сехас се бара по седум обвиненија за тешки телесни повреди, вклучително и употреба на огнено оружје. Веднаш не било јасно дали тој имал адвокат.

Градинката ќе остане затворена барем до крајот на неделата, се вели во соопштението на компанијата KinderCare Learning.

„Ни крши срцето што насилник дојде во нашиот центар и застрела двајца наши учителки. Нашите мисли се со нив и нивните семејства. Разбираме дека наставниците се во стабилна состојба и благодарни сме за тоа. нема повредени деца.сведок на ова насилство, ниту пак било повредено дете“, се вели во соопштението.

Битиќи и Деспотовски: Kреираме развој со поддршка на инвестиции

Можностите за инвестиции и поддршка од државата особено за домашните компании, идни мерки како и презентација на примери на македонски компании .

Можностите за инвестиции и поддршка од државата особено за домашните компании, идни мерки како и презентација на примери на македонски компании кои со поддршката од државата градат успешни приказни беше во фокусот на денешната панел дискусија посветена на економијата и инвестициите. Настанот го организираа заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, а на панелот учествува и стопанственици и поранешниот премиер Димитар Ковачевски. Заменик-премиерот Битиќи нагласи дека за првпат домашните компании имаат поголема финансиска поддршка споредено со странските инвеститори, како и дека поддршката во последниве шест години е порасната за речиси 13 пати.

„Со гордост можам да кажам дека нашите напори во поддршка на домашните компании преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции покажуваат конкретни резултати. Прво што направивме е изедначување на условите за финансиска поддршка на домашните со странските компании. Од нула поддржани компании во 2016 година до 919 денес, нашата заложба за економски развој и иновации станува реалност. За шест години, Владата ги има поддржано со околу 100 милиони евра за нивните инвестиции кои се над 500 милиони евра".

Овој панел на кој учествуваа и стопанственици и експерти, стави акцент на синергијата меѓу Владата и приватниот сектор за стимулирање на економскиот раст. Учесниците имаа ретка шанса не само да се запознаат со најновите трендови во инвестициите, туку и активно да учествуваат во креирањето на стратегија за иднината на македонската економија.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски посочи дека само во ТИРЗ во последниве три години се постигнати договори во вредност од една милијарда евра што е еднакво на нивото на инвестиции во ТИРЗ од 2006 до 2020 година.

„Покажавме дека знаеме и дека можеме. Од револуционерни до стратешки инвестиции, одново и одново докажавме дека не само што ја разбираме играта, туку и одлично ја играме постојано, не само на полувреме. Почнавме да играме и во европска и светска лига, со Јагео, Гересхајмер и други, а имаме и многу домашни успешни приказни“.

Сања Лазаревска сопственичка на компанијата Фор Лејди и Филип Арсов, ко-сопственик на Синапс Авиејшн ги споделија своите успеси и предизвици, давајќи увид во реалното влијание на владините политики врз домашните компании. И двајцата посочија дека програмите за поддршка на домашните компании им помогнале во реализација на плановите и развој на компаниите.

Поранешниот премиер Ковачевски истакна дека - „економската стабилност и поддршката на инвестициите секогаш беа на врвот на нашите приоритети, и денес можеме да ги видиме плодовите од тие напори“.

„Владата која ја предводев вложи значителни ресурси во приватниот сектор, што овозможи раст на инвестициите и зголемување на платите, дури и во време на големи предизвици. Поставивме таргет за 500 вера просечна плата, денеска е 650 евра или 290 евра повеќе од времето пред 2017 година. Нашата евроатлантска ориентација донесе највисоко ниво странски директни инвестиции од 754 милиони евра затоа што инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања. Можностите за развој на компаниите ќе се зголемат уште повеќе со членството на Македонија во ЕУ и затоа е важно да се продолжи европскиот пат. Овој пат носи подобар животен стандард за граѓаните, подобра работа за компаниите, дополнителни фондови за развој на нашата економија. Има уште многу што да се сработи“.

На оваа панел дискусија стопанствениците дадоа свои предлози за идни мерки кои им се потребни на домашните компании, како и конкретните чекори што треба да се преземат за да се осигура одржлива економска иднина за земјата, соопштуваат од Владата.

притисни ентер