Столтенберг очекува сите членки на НАТО да го потпишат протоколот

Столтенберг очекува сите членки на НАТО да го потпишат протоколот за прием на Македонија.. Изрази очекување дека сите 29 членки ќе го потпишат протоколот, по што како што рече, Скопје ќе учествува на двата претстојни состанока на НАТО.

Од Романија каде што е во работна посета, генералниот секретар на НАТО кажа дека очекува сите земји членки да го потпишат протоколот за нашето членство во Алијансата. Столтенберг вели дека е убеден дека ниедна од 29 членки, нема да го забави процесот, по што земјава или како што ќе бидеме заведени и во НАТО Северна Македонија, ќе биде 30тата држава членка на најсилниот воен сојуз на светот. Тоа според генералниот секретар ќе значи зацврстување на мирот на Балканот и стабилизирање на регионот.

Во меѓувреме тече процедурата преку потпис да се дава и формално одобрување земјава да го финишира процесот на интеграција во Алијансата. По бугарската, денес и германската Влада преку својот портпарол информираше официјален Берлин дал согласност за прием на Македонија во НАТО, а дополнително ќе се заложи овој процес да заврши што е можно побрзо

„Пристапот кон нато ќе влезе во сила откако сите држави-членки на НАТО поединечно ќе ја достават информацијата дека го ратификувале пристапниот протокол. За таа цел, во Германија потребен е Закон за договор. Сојузната влада ќе се залага за брзо донесување на овој Закон за договор. Од моментот кога пристапниот протокол ќе биде потпишан во Брисел, Северна Македонија ќе има статус на набљудувач во Алијансата.

Откако ќе заврши процесот на одобување на протколот да почне процедурата за ратификација на истиот во парламентите на членството во НАТО. Има држави каде што ова ќе помине брзо, но има и такви парламенти каде што процедурата е по комплексна, како во случајот со Канада и Белгија. Целата оваа процедура на пример за Црна Гора траеше една година, но во случајот со земјава, информациите се ќе биде многу побрзо.

Инаку, членството на Македонија во НАТО беше и причина за коментар портпаролката на Руското МНР Марија Захарова, која на брифинг со новинарите повторно обвини за мешање на западните земји во решавањето на спорот за името, а според неа тоа се прави со единствена цел ,да се внесат Скопје во НАТО.

Брнабиќ: Ни се закануваат со бомби бидејќи не воведовме санкции кон Русија

Српската премиерка Ана Брнабиќ во изјави дека честите дојави за бомби претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи таа не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.

„Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. „Овие дојави за бомби се и притисок од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми, пренесе Н1.

Фото: Финска пивара направи НАТО пиво

Во екот на одлуката на Финска да стави крај на децениската неутралност и да бара членство во НАТО, една пивара одлучила да продава пиво со ознака на НАТО.

Сепак, дел од финската јавност не го поздрави потегот на пиварата и колку и да се за влез на нивната земја во Алијансата, сметаат дека во случајот со пивото се работи за промоција на алкохолизам, што не треба да биде случај.

Од друга страна, од пиварницата „Олаф Брувинг“ објаснуваат дека досега не се мешале во политиката, а сега повеќето Финци се за влез во НАТО, изјавил за медиумите извршниот директор на компанијата.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако всушност не требаше толку многу „одлучување“, едноставно само го направивме“, рече тој.

Лименката „НАТО пиво“ е сина, а на неа има витез, кој на градите го има симболот на НАТО. Пивото се вика ОТАН, што е француски изговор на зборот НАТО

Од пиварата велат дека веќе добиле голем број нарачки за „НАТО пиво“.

Ковачевски:Апел за брзо прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованиетo

​Вечерва на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.

Во продолжение ви го испраќаме статусот во целост.

„Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата.

Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.

До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.

Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција.

Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието."

притисни ентер