Дел Потро во жега изјави дека сега „му е многу криво што го советувал најдобрите светски тенисер Ѓоковиќ, по што сега тој ги победува сите“.
Популарните Ноле и Делпо отсекогаш имале одличен однос како на теренот така и надвор од него. Тие може да се каже дека се одлични пријатели.
Аргентинскиот тенисер во кариерата се соочил со голем број на повреди, кои го спречиле да оствари подобра кариера.
Токму поради тоа Аргентинецот знае како да се однесува во ситуација кога си повреден и знае што треба да се каже во тие моменти, или да му каже на Ѓоковиќ како тој да се соочи со тешките мигови.
„Ме изненади тоа што Ѓоковиќ ми послужи како пример за повреди.Беше многу емотивен. Зборувавме многу во првите шест месеци од минатата година, тоа беше најтешкиот период за него“, изјавил Дел Потро .
Аргентинскиот тенисер потоа се пошегувал на сметка на својот голем пријател Ѓоковиќ.
-На некој начин сега жалам што му давав совети, поради тоа што сега тој ги победува сите. Но тој го заслужи се ова, тој е извонреден пример на тенисер, изјавил со насмевка на лицето Дел Потро.
Дел Потро и Ѓоковиќ својот последен меч го одиграа во финалето на Грен слемот во Њујорк кога српскиот ас го освои 14 грен слем трофеј во кариерата.
Аргентинскиот тенисер инаку поради повреда на коленото го пропушти почетокот на сезоната.