ЧАДЕН ЛОСОС ВО ВОДЕНА ПАРЕА СО СОС И ЗЕЛЕНЧУК

Рецепт на:  Благоја Велковски

Потребни состојки: 1 парче филиран лосос, 2 главици кромид, половина китка свеж копар, 2 лажички сенф, 1 морков, 1 црвена пиперка, малку брокула, малку карфиол, малку целер, 2 лажици вински оцет, 125 гр.шеќер, 65 мл. алкохолен оцет, 300 мл. вода, неколку гранки од смрека, малку маслиново масло, сол и бибер по вкус.

Постапка:

Лососот се сече на помали парчиња.

Во подлабок сад со 500 мл. вода се става 50 гр. сол и добро се промешува се додека солта не се соедини со водата.

Парчињата лосос се потопуваат во солената вода и се оставаат да отстојат 10-15 минути.

Потоа лососот се измива со проточна вода и се суши на хартија.

За тоа време се подготвува маринадата за зеленчукот.

Во сад се ставаат и се мешаат: 125 гр.шеќер, 65 мл. алкохолен оцет и 300 мл. вода.

Садот со течноста се става на оган за да зоврие.

За тоа време се подготвува сосот.

Во повисок сад се ставаат: две главици печен кромид, половина китка свеж копар, 2 лажички сенф, 2 лажици вински оцет, малку маслиново масло, сол и бибер по вкус.

Сите состојки се блендираат се додека не се добие пенеста кремаста смеса.

Во садот со маринадата најнапред се става сечкан морков и целер.

Потоа се додава и останатиот сечкан зеленчук.

Откако ќе се исуши лососот се става на помал капак во тенџере со малку вода и гранки од смрека.

Потоа тенџерето се покрива со капак и се става на оган.

Откако ќе испари водата се потпалува смреката.

Потоа се трга од огнот и лососот се чади.

На крај лососот со зеленчукот и сосот се сервира на чинија.

Заев: После два часа и 17 минути седење во кафеана во слободен разговор се случуваат грешки

Лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев уште еднаш се извини за кажаното за Шарената револуција што се слушна во еден од објавените аудио материјали.

-Јас и јавно се извинив на Фејсбук, објавив Фејсбук статус достапен до сите. Сигурно и до граѓаните учесници во Шарената револуција кои ги следат Фејсбук објавите. Доказ за тоа каков сум навистина покажуваат овие три години зад нас. Имавме одлична соработка, учевме од нив, тие се голем дел активисти во граѓанските организации, но многу голем процент од учесниците во Шарената револуција се граѓани неопределени во политичките партии… Секако после два часа и 17 минути седење во кафеана на слободен разговор се случуваат грешки. Сум знаел секогаш да се коригирам и овој пат се коригирам заради тоа што ниту сум го мислел тоа, ниту еве времето покажа дека сум имал некои непријатности во работењето. Напротив, имавме одлична соработка, изработивме заедно многу за нашата земја, рече Заев на новинарско прашање на прес – конференцијата пред Собранието по повод предавањето на предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ./МИА

Заев: Македонската интеграција кон ЕУ забрзува, следи формален почеток на преговорите

Веста дека Европската комисија вчера го утврди предлогот за Преговарачка рамка за преговорите за членство во ЕУ и го достави на разгледување до државите членки, уште еднаш потврдува дека чекориме напред по патот што го исцртавме. 

Македонија оди уште поблиску кон Унијата, македонската интеграција забрзува, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев по повод предавањето на предлог Преговарачката рамка во Советот на ЕУ.

-Оваа вест доаѓа по цели 19 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација како прв чекор кон интеграцијата кон ЕУ, 15 години од добивањето на кандидатскиот статус за членство во ЕУ, по 11 позитивни препораки за почеток на преговорите и по историската одлука на Европскиот совет за почеток на преговорите за членство на нашата земја во ЕУ на 26 март оваа година, рече Заев.

Изрази очекување дека веќе наредната недела да започне дискусијата по рамката за преговори на експертско ниво, и, како што рече, во периодот пред нас рамката да биде усвоена од државите членки, со што преговорите и формално ќе може да започнат.

-Вчерашниот ден е само силна потврда дека нашата татковина сигурно чекори на европскиот пат, пат кој носи суштински реформи, владеење на правото, економски развој, здрава животна средина, силно земјоделие и шанси за подобар живот на сите македонски граѓани, тука – дома. Ова е процес што ни ја носи Европската унија дома. Со отворањето на преговорите ние почнуваме нова фаза од нашето унапредување, нова фаза од македонската европеизација, рече Заев.

Според него, тоа ќе значи и започнува побрзо воведување европски стандарди во сите области, наша интеграција во економскиот и политичкиот систем на ЕУ. -Двете стратешки определби ги остваруваме во период од само три години. Тоа е успех на Владата, институциите предводени од СДСМ, тоа е успех и на сите граѓани кои се определни иднината да ја градиме во ЕУ, посочи Заев на прес-конференцијата пред Собранието на РСМ.

Изрази благодарност на историското хрватско претседателство со ЕУ, што, како што рече, ни ја донесе одлуката за почеток на преговорите за членство во март оваа година.

-Големо задоволство ни е што токму вчера, на првиот ден на германското претседателство со ЕУ е утврдена преговарачката рамка како предлог до државите членки. Убедени сме дека со помош на институциите на ЕУ и под водството на германската канцеларка Меркел во текот на германското претседателство оваа Преговарачка рамка ќе биде усвоена и дека ќе ги започнеме и формално преговорите за членство со прва Меѓувладина конференција отварајќи ги поглавјата од првиот пакет, а тоа се: Поглавје 23- Правосудство и темелни права; Поглавје 24- Правда, слобода безбедност; Економските критериуми; функционирањето на демократските институции; реформата на јавната администрација; Поглавје 5- Јавни набавки; Поглавје 18- Статистика и Поглавје 32- Финансиска контрола, истакна Заев.

Лидерот на СДСМ додаде дека ова е многу сериозен процес кој може да го води само политичка влада, про-европска Влада, демократска Влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата „МОЖЕМЕ". Докажавме дека знаеме и умееме да ја водиме државата по вистинскиот пат, низ стабилни и сигурни води, во патека на постојан развој, стабилност и демократија.

Повика на 15 јули масовно да се излезе на гласање и да се даде поддршка, како што рече, овој пат и оваа успешна приказна да продолжи успешно за сите граѓани, за сите нас.

-Северна Македонија, македонскиот народ, сите граѓани од сите заедници и ние како власт, покажавме решителност, капацитет, способност и патриотизам да ја издигнеме државата на ниво со европските развиени држави и подготвени да ги браниме интересите на нашата економија, нашето земјоделство, нашата животна средина и се што наше, а воедно е и европско. Во таква држава заслужуваат да живеат сегашните, но и идните генерации, истакна Заев. /МИА

Димитров на видео средба со шеик Абдулах бин Зајед Ал Нахјан, министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари видео средба со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Неговото Височество Шеик Абулах бин Зајед Ал Нахјан.

„Благодарни сме за подготвеноста за размена на искуства во однос на новите методи на тестирање што се применуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и разгледување на можностите за конкретна поддршка на Македонија во борбата против ковид-19 и за напорите за сузбивање на економските последици од пандемијата. Посебно, нѐ радуваат високите оценки за квалитетот на македонските земјоделски и прехранбени производи и во тој контекст, отвореноста на ОАЕ за нивен пласман на тамошниот пазар. Тоа ќе биде од круцијално значење за нашата економија во пост-ковид периодот", рече Димитров.

На средбата беше констатиран досегашниот развој на пријателските односи меѓу двете земји и истакната заложбата за натамошно продолжување на политичкиот дијалог и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес.

Министрите разменија мислења за економските односи и соработката на билатерален и мултилатерален план, за актуелните состојби во двете земји во справувањето со здравствената криза и социо-економските последици од пандемијата, како и за решенијата за нивно надминување со заедничка соработка и солидарност,се наведува во соопштението од МНР.

притисни ентер