Се бројат денови до потпишувањето на Пристапниот протокол за НАТО

Потпишувањето на Пристапниот протокол со кој и официјално започнува процедурата за прием на Македонија во НАТО се очекува да се случи деновиве. 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вчера изјави дека прашање на денови е кога Македонија ќе го потпише Пристапниот протокол со 29-те земји членки во седиштето на НАТО во Брисел.

-Уште немаме прецизен датум, не знаеме точно кој ден, но може да очекуваме тоа да се случи идната седмица. Потоа, веднаш процесот повторно се враќа во Парламентот во Атина и исто така ќе биде тоа прашање на неколку денови, со тоа практично ставаме точка на една цела ера. Со тоа завршува спорот, меѓутоа влегуваат во сила и Преспанскиот договор и амандманите на Уставот. И тоа создава од една страна големи шанси и го отвара патот, од друга страна многу административни обврски на кои мора да работиме, рече Димитров на новинарско прашање пред денешната дебата организирана од Институтот за демократија Социетас Цивилис за европските перспективи на земјата за време на романското претседателство со ЕУ.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на почетокот на неделава најави дека потпишувањето на Протоколот за приклучување на Македонија ќе се случи многу брзо.

Пред три дена дадена е декларативна согласност од сите земји-членки на НАТО за потпишување на овој протокол, но секоја земја членка треба да даде и формално одобрување за потпис на своите амбасадори во седиштето на НАТО. Голем број од нив веќе го добија зеленото светло, но кај други процедурите се покомплексни. Во секој случај, политички проблеми не се очекуваат и до следната недела сите 29 земји би требало да добијат одобрување од домашните влади или парламенти.

И Бугарската Влада вчера даде зелено светло за потпишување на Протоколот за приклучување на Македонија во НАТО. Владата во Софија соопшти дека го овластила претставникот на Постојаната делегација на Бугарија во НАТО да го потпише Протоколот за членство на Македонија во Алијансата.

По потпишувањето на Протоколот ќе тече процесот на ратификација на членството на нашата земја од страна на 29-те парламенти на државите-членки, процес кој е значајно подолг во некои земји, зависно од домашните процедури, како што е во Белгија или во Канада.

Според дипломати во НАТО како и генералниот секретар Столтенберг, процедурата би траела околу една година, но Еурактив тврди дека доколку земјите сојузнички ги забрзаат процедурите не е исклучено Македонија да стане полноправна членка веќе во јули годинава, кога треба да се одржи и самитот на Алијансата, на кој ќе се одбележи и нејзиниот 70-ти роденден.

Во меѓувреме, европскиот портал Еурактив, веќе излезе и со можен датум на кој грчкиот Парламент ќе го ратификува Протоколот. Повикувајќи се на извори во Грција, порталот јави дека јужниот сосед цели кон ратификација на Пристапниот протокол за НАТО на 8 февруари, но информацијата не е потврдена официјално во Атина.

Грција треба да биде првата земја членка на Алијансата што ќе го ратификува членството на Македонија во НАТО, откако на 25 јануари го ратификуваше Преспанскиот договор. Доколку Грција го ратификува прва пристапниот протокол, таа симболично би била земјата што ќе ги „отвори вратите на НАТО за Северна Македонија", 11 години откако го блокираше влезот на земјата под привремената референца ПЈРМ.

Интеграцијата на Македонија во НАТО, која беше во застој по грчкото вето на Самитот во Букурешт во 2008 година, е деблокирана со Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, со кој се стави крај на 27 годишниот спор со името. /МИА

Брнабиќ: Ни се закануваат со бомби бидејќи не воведовме санкции кон Русија

Српската премиерка Ана Брнабиќ во изјави дека честите дојави за бомби претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи таа не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.

„Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. „Овие дојави за бомби се и притисок од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми, пренесе Н1.

Фото: Финска пивара направи НАТО пиво

Во екот на одлуката на Финска да стави крај на децениската неутралност и да бара членство во НАТО, една пивара одлучила да продава пиво со ознака на НАТО.

Сепак, дел од финската јавност не го поздрави потегот на пиварата и колку и да се за влез на нивната земја во Алијансата, сметаат дека во случајот со пивото се работи за промоција на алкохолизам, што не треба да биде случај.

Од друга страна, од пиварницата „Олаф Брувинг“ објаснуваат дека досега не се мешале во политиката, а сега повеќето Финци се за влез во НАТО, изјавил за медиумите извршниот директор на компанијата.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако всушност не требаше толку многу „одлучување“, едноставно само го направивме“, рече тој.

Лименката „НАТО пиво“ е сина, а на неа има витез, кој на градите го има симболот на НАТО. Пивото се вика ОТАН, што е француски изговор на зборот НАТО

Од пиварата велат дека веќе добиле голем број нарачки за „НАТО пиво“.

Ковачевски:Апел за брзо прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованиетo

​Вечерва на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.

Во продолжение ви го испраќаме статусот во целост.

„Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата.

Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.

До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.

Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција.

Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието."

притисни ентер