Димитриевски: МТСП се меша во кадровската политика на општина Куманово

Министерството за труд и социјала се меша во кадровската политика на општина Куманово, обвини денеска градоначалникот Максим Димитриевски.

Рекорден број новозаразени во Тексас и Флорида, Трамп тврди дека е поради масовното тестирање

Флорида и Тексас вчера забележаа рекордни броеви на нови инфекции со коронавирус, а американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да го минимизира растот на случаите во Соединетите држави и да го објаснува со масовното тестирање.

Флорида вчера забележа рекордни 11.458 нови случаи, а Тексас 8.258, објавија здравствените власти.

Двете американски држави сега имаат вкупно повеќе од 190.000 заразени.

Северна Каролина, Јужна Каролина, Тенеси, Алјаска, Мисури, Ајдахо и Алабама во петокот забележаа рекордни броеви на нови инфекции.

И покрај зголемувањето на инфекциите, бројот на смртни случаи во текот на денот се намалува во последните неколку недели. Се поголем е бројот на позитивни случаи кај младите луѓе, кои се помалку склони кон развој на потешки симптоми на болеста.

Претседателот Доналд Трамп повеќе пати се обидуваше да го минимизира зголемувањето на бројот на заразените и тоа го објаснува со екстензивното тестирање.

„Ако тестирате 40 милиони луѓе, ќе имате многу случаи ако нема тестирање (како во другите земји) не би се појавувале секоја вечер на „лажни вечерни вести “, твитна вчера Трамп.

САД се први на светот по бројот на заразени и жртви. Скоро 130.000 луѓе починаа, а повеќе од 2,8 милиони се заразени, според универзитетот Џон Хопкинс.

Над 30.000 починати од коронавирус во Мексико

Мексико вчера надмина 30.000 жртви и 250.000 заразени, а ширењето на инфекцијата не забавува ниту во Бразил, каде се забележани скоро 38.000 нови инфекции на ден, соопштија здравствените власти.

Мексико со нови 523 смртни случаи брои 30.366 жртви. Има 6914 новозаразени, вкупно 252.165.

Владата претходно соопшти дека вистинскиот број на заразени лица веројатно ќе биде значително поголем.

Бразил, втората најпогодена земја во светот, во последните 24 часа забележа 37.923 нови случаи и 1.091 смртни случаи.

Во најголемата земја во Јужна Америка, повеќе од 1,5 милиони луѓе се заразени од почетокот на пандемијата, а 64.265 починале, според официјалните податоци.

Спасовски: Повисоки плати и пензии и шанса за сите носи новата македонска развојна економија

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, имаше средба со жители на општината Ѓорче Петров на којашто беа споделени охрабрувања дека државата е на правиот пат и треба да продолжи да се развива.

Пораките на средбата беа дека државата е осигурана и македонскиот јазик и идентитет признаени од светот, со што се остварени вековните стремежи и се создадени услови за напредок.

-НАТО членството и интеграциите во ЕУ се придонес на нашите генерации во идентитетското и државното запишување во светската карта на држави и народи. Сега се создадени услови за напредок, тоа е брзата развојна македонска економија за којашто зборуваме, со цел повисоки плати и пензии, нови вработувања, социјална грижа за сите, со цел и да ги мотивираме младите да живеат и создаваат во родната земја, а сите граѓаните тука да ја гледаат својата иднина. Тоа е патриотизам на дело, рече Спасовски на синоќешната средба со граѓани во Ѓорче Петров, се наведува во соопштението на СДСМ.

.

притисни ентер