Традиционална крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Во Скопје традиционално по 15. пат беше организирана крводарителска акција посветена на Тоше.

Организатори на акцијата се Црвениот крст на град Скопје, општинската организација на Црвен крст Центар, Институтот за трансфузиона медицина и Тоше Фан форум клубот.

Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин, нагласуваат организаторите.

Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески почна во 2010 година и истите се реализираат во негова чест.

 До сега на овие 14 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале над 4. 500 крводарители

притисни ентер