Несогласувања во Комисијата за култура за критериумите за одбележување годишнини

Седницата на собраниската Комисија за култура беше прекината затоа што нејзините членови не се согласија дали треба на самата седница да се прифатат дополнителни предлози

Кои петчлената работна група не ги ставила во Предлог-програмата за одбележување значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2019 година, особено предлози кои не ги исполнуваат ниту нејзините критериуми.

Полемика предизвика инсистирањето на пратеничката од ДУИ Мирсада Емини Асани во Програмата да влезе и стогодишнината од смртта на Исмаил Ќемали, политичар и преродбеник од Албанија кој, рече таа, прв го развеал знамето на Албанија во Валона и е значаен за Албанците на Балканот.

Претседателката на собраниската Комисија за култура Ирена Стефоска рече дека предлогот не го исполнува критериумот значајна личност за историјата на Република Македонија затоа што неговата активност не се поврзува со нашата земја.

-Нема никаков проблем за угледот, личноста и делото за националната историја на Албанците на Балканот. Можеби стоте години ќе ги одбележат некои општини или училишта, но овде разговараме за Собранието на Република Македонија како дом на сите граѓани и се обидуваме да ги најдеме и да се потсетиме на личностите и настаните врзани со историјата на Македонија. Не се спорни неговиот лик и дело, но согласно постојните критериумите ние не можеме да го прифатиме, рече Стефоска.

Предлогот не беше прифатлив ниту за пратениците Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ и за независниот Ферид Мухиќ. Лашкоска рече дека мора да се почитуваат законите и одлуките на Собранието на РМ кои, рече, сведоци сме дека сè повеќе се кршат. Посочи и дека донесувањето на Програмата доцни и треба итно да се изгласа.

Откако пратеничката од Незвисните Никица Корубин предложи утврдените критериуми за значајност и за временски интервал за годишнини да се либерализираат зашто се застарени и ригидни, а Емини Асани побара тоа да се направи веднаш и да ја одложат седницата, пратеникот Мухиќ рече дека за промена на критериумите може да се пристапи за следната година, а дека денеска треба да се разгледува веќе подготвената Предлог-програма. Посочи дека и другите етнички заедници имаат свои значајни линости кои не се родени во Македонија и дека ако се прифаќаат, тогаш во иднина ќе треба да се менува и самиот назив на програмата.

-Мислам дека треба да ја завршиме со дадените предлози. Овој апсолутно не се вклопува во критериумите и во насловот на програмата. Ако одиме кон либерализирање и менување, тогаш нека биде за понатаму, можеби за следната година, откако за тоа ќе отвориме суштинска расправа, рече Мухиќ.

Сепак, седницата беше прекината кога и други членови се јавија со предлози за годишнини што не стигнале до работната група. Иако рокот за доставување предлози е поминат и програмата веќе требаше да биде донесена на крајот на 2018-та, членовите на Комисијата за култура решија да ја одложат седницата за да се договорат како да постапат со новите предлози.

Предлог-програмата содржи 51 предлог. Беше дополнета со уште еден прифатен на денешната седница, поради превид испуштен од работната група иако ги исполнувал критериумите: 175 години од антиосманлиското востание на Дервиш Цара. На повикот за предлози одговориле 39 од 126 институции, кои до комисијата испратиле вкупно 179 предлози.

Стефоска соопшти дека доцнат со донесувањето на програмата затоа што во последните три месеци пратениците биле зафатени со седниците за уставните измени.

Митрески - Бомгартнер: Македонија и Франција имаат одлични односи

Македонија и Франција имаат одлични односи, меѓусебната соработка и поддршка ќе се продлабочат.

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска остварил средба со aмбасадорот на Француската Република во Република Македонија, Сирил Бомгартнер, соопшти собраниската прес-служба.

Изразувајќи задоволство од одржувањето на средбата, претседателот Митрески ја констатирал одличната соработка меѓу двете држави и особено соработката на парламентарен план.

Амбасадорот Бомгартнер, честитајќи му го изборот за претседател на Собранието, се согласил со констатациите за интензивираната динамика на меѓусебна соработка. Во тој контекст, ги поздравил средбите на парламентарци од Собранието на Република Македонија и Националното собрание и Сенатот на Француската Република во изминатите години, како позитивен тренд кој треба да продолжи и во иднина.

Амбасадорот Бомгартнер, како што стои во соопштението, информирал за претстојната посета на претседателката на Групата за пријателство од Лилијана Танги на земјата, како дел од набљудувачката мисија на ОБСЕ за претстојните претседателски и парламентарни избори.

- Беше посебно поздравено одржувањето на втората едукативна активност во Собранието „Имам став-Млад франкофонски парламент”, во рамките на одбележувањето на месецот март - месец на Франкофонијата, еден исклучителен настан и манифестација која полека прераснува во една убава собраниска традиција, се вели во соопштението од Собранието.

Двајцата соговорници размениле мислења за актуелните собраниски активности, текот на изборите и конституирањето на новиот парламентарен состав. Била изразена општа согласност за потребата од унапредувањето на соработката во доменот на културата, економијата, енергетиката и други области од взаемен интерес за двете земји.

Руското обвинителство побара Ала Пугачева да биде прогласена за странски агент

Руското обвинителство денеска побара од Министерството за правда да ја прогласи Ала Пугачева за „странски агент“, пренесуваат  агенциите.

Претходно во Русија имаше извештаи во медиумите дека властите подготвуваат ваков потег против иконата на советската поп музика, која се изјасни против војната против Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков утринава изјави дека нема официјални информации во врска со ова прашање.

„Фокс њуз“: Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава американскиот телевизиски канал „Фокс њуз“.

Од „Фокс њуз“ во септември објавија дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, и до која Фокс њуз имаше пристап, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс наведува дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев. /МИА

притисни ентер