Владата донесе Програма на економски реформи 2019-2021

На 116 седница , Владата го утврди акцискиот план за реализација на Планот за чист воздух за 2019, а дадена е поддршка на иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк.

Владата на Република Македонија на редовната 116-та седница ја усвои Предлог - програмата за реализирање на Планот за чист воздух за 2019 година. Имајќи предвид дека борбата со аерозагадувањето е стратешки приоритет на Владата, програмата се заснова на 4 компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и имплементација на платформа за координација и следење на реализација на програмата. Програмата за намалување на аерозагадувањето ја утврдува и намената на обезбедените средства во висина од 2 милиони евра. Парите ќе се наменат за финансирање на замена на постојните нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во земјата, како и за набавка на пречистувачи за воздух во внатрешни простории во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти. Во акцискиот план за намалување на аерозагадувањето за 2019-та година се вметнати и иницијативи на три граѓански организации коишто се однесуваат на изработка на посебна Веб страна, каде што на едноставен начин ќе бидат набројани сите мерки кои треба да ги спроведат државните институции и на инсталирање на филтри во малите и средни претпријатија, особено во оние од дрвната дејност.

Министрите ја прифатија информацијата за интервентно згрижување на бездомни лица затекнати на локација под Кале во објекти на установи за социјална заштита. Притоа Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика преку ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје, во периодот до март годинава, да обезбеди сместување на затекнатите лица под Кале во објекти што ги користи ЈУ За згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение во Скопје. Станува збор за 30 семејства, односно 99 лица. Од нив, само 9 семејства поседуваат некакво живеалиште, додека останатите се евидентирани како бездомни лица. Сместувањето на бездомните лица е во согласност и со препораките на Интерсекторската работна група за следење на состојбата на воздухот, бидејќи на овој начин овие лица нема да палат несоодветни материјали за греење и дополнително да го загадуваат воздухот.

Владата денеска ја донесе и предлог - годишната програма за заштита на природата за 2019-та година. Со неа ќе се постигне поефикасна заштита на природата преку имплементација на активности и мерки од стратешки документи како Националната стратегија за биолошка разновидност со Акционен план (2018-2023) и Националната стратегија за заштита на природата со акциски план (2017-2027). Со Програмата за заштита на природата ќе се овозможи понатамошно хармонизирање на националното законодавство со законодавството на ЕУ за заштита на природата.

На 116-та седница беше прифатена информацијата за поддршка на иницијативата за прогласување на Јабланица за национален парк. Иницијативата е од месните заедници на подрачјето на планината Јабланица, како и од невладиниот сектор, а истата е прифатена и од градоначалниците на општините Струга и Вевчани. Првиот чекор е изработка на Студија за валоризација или ревалоризација на природните вредности на Јабланица. По изработка на студијата, постапката за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје ќе ја започне Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа, ќе се зголеми процентот на заштитените подрачја на национално ниво, со што ќе се исполнат и барањата на националната легислатива за заштита на природата, како и меѓународните обврски согласно ратификуваните конвенции и ЕУ директивите за живеалишта и видови.

Владата денеска ја прифати информација за Програмата на економски реформи 2019-2021 година, со текст на Програмата. Програмата е петти документ изработен согласно насоките од Европската комисија, каде освен среднорочна макроекономска и фискална рамка се вклучени и 18 клучни секторски структурни реформи за зголемување на конкурентноста и растот на економијата. Програмата е изработена во согласност со Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2017-2020 година, Ревидираната Фискална стратегија за периодот 2019-2021 и Буџетот на Република Македонија за 2019 година, како и останатите национални стратешки документи. Исто така, програмата е во согласност со Стратегијата на ЕУ за брз, одржлив и сеопфатен економски развој „Европа 2020“.

На седницата министрите ја прифатија информацијата за потребата од усвојување на Индивидуалниот реформски акционен план (ИРАП) и го усвои истиот, на ниво на националната држава со цел спроведување на Регионалната инвестициска реформска Агенда за Западен Балкан. Истовремено, Владата го задолжи Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, Кочо Анѓушев за содржината на Акцискиот план за инвестициски реформи за Република Македонија, преку Канцеларијата на Претседателот на Владата во рок од три дена да го извести Регионалниот Центар за соработка (РЦЦ) во Сараево, како и комесарот за проширување Јоханес Хан.

Владата на седницата ја разгледа и ја усвои информацијата во врска со номинација на Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција. Притоа Владата ја донесе и одлуката за дополнување на одлуката за образување Национална комисија за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција во Република Македонија. Истовремено Владата му укажа на Народниот Правобранител на Република Македонија во рок од три дена од денот на влегување во сила на оваа одлука да ја започне постапката за номинација на лице за Национален известувач за трговија со луѓе и илегална миграција.

На 116-та седница Владата ја прифати информацијата за потребата од обезбедување на финансиски средства за реализација на проектот Изградба на железничка пруга од Крива Паланка до граница со Република Бугарија. Според информацијата, ќе се обезбедат дополнителни финансиски средства во износ од 345 милиони евра преку Министерството за финансии и Јавното Претпријатие Македонски Железници Инфраструктура.

Како материјал за информирање, денеска Владата ја прифати информацијата за можностите за поедноставување на постапката за издавање на пасоши преку дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија, отстранување на техничките проблеми со мобилните станици и можност за воведување на нови базни станици, се наведува во соопштението од Владата.

Мицкоски со повик за национално единство до опозицијата: Да се избориме против хаосот

Живееме во тешки времиња. Државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. 

Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана. Ништо не функционира. Македонија е одземена од рацете награѓаните, а граѓаните со право се скептични дали може да се промени тоа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Крива Паланка.

Мицкоски додаде дека овие избори се последна шанса за спас, промените се можни и се на дофат, а народот бара промени затоа што Македонија е изморена од чекање.

Народот нема контрола врз сопствената држава затоа што стотина луѓе од ДУИ управуваат со цела Македонија. Се создаден артаноиден режим кој е дополнуван и ослужуван од слугите од СДСМ и Ковачевски. Тие тоа го прават за да купат ден повеќе, а ДУИ за да украде милион повеќе. Оваа држава не се создаде за да им служи и биде јагма на Ковачевски, Талат, Ахмети, Бујар или Зечевиќ, туку да им служи на граѓаните на Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека СДСМ разработуваат е своевиден заговор против Македонија, наместо да поработат на понуда и план за излез од кризата, тие од ДУИ и СДС земале дигитроните и прават математика колку може да си поделат од позициите и државните функции.

- ДУИ со нивните коалициони сакале 70 посто од министерствата, компаниите, институциите, а 30 само 30 посто за СДСМ и Ковачевски. И за ова има информации дека имало веќе средби, а Ковачевски му рекол на Ахмети земи бел лист ххартија напиши колку треба за СДСМ ние ќе прифатиме. Ете на тоа дереџе падна СДСМ, и со тој образ ѓон партијата ја сведоа на најниските гранки. Од друга страна дека ова е вистина што ви го кажувам се потврдува со инаа симулација која вчера ДУИ ја направи на распределба на министерски места и владини позиции. Јадно СДСМ никаде го нема. Ќе им порачам кусо, влада не се прави со дигитрони, туку со поддршка од народ. И оваа завера нема да ви помине, истакна Мицкоски.

Според него исто така и Стево Пендаровски е активно вклучен во молење кон странците, но секоја врата му е затворена и треба да знаат дека ќе изгубат силно и убедливо.

Мицкоски им се обрати на неопределените и тивкото мнозинство велејќи дека тоа се луѓе со извонредни капацитети кои ги повика да гласаат и да ја поддржат ја опцијата која ќе ја направи Македонија повторно твоја.

- Сакам да се обратам и до македонската опозиција. До партиите кои по разни основи се расцепкани. Јас доколку не повикам на национално обединување би го погазил супстратот и идеологијата на мојата партија, затоа што ВМРО е и Демократска партија за македонско национално единство. Пред сликата на руините и хаосот кој го прави оваа власт, ви велам дека секоја наша разлика со било која опозициска партија, било тоа да е Левица или ЗНАМ е помала од големата и заедничка работа пред нас, а тоа Македонија и нашата борба да кажеме дека има надеж и дека има иднина, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека подава рака за обединување во битката против оваа ненародна власт предводена од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ, затоа што гласањето и излегувањето на овие избори не е само наше уставно право туку и чин на патриотска должност, а прифаќањето на подадената рака ќе значи дека искрено и чесно сите се бориме против оваа власт.

Изборите на 24 април, па потоа на 8 мај се таа шанса за народот. Неизлегувањето на изборите е поддршка и награда за сите оние кои се лоши политичари. Гласањето на овие избори и поддршката прво на професорката Гордана Силјановска Давкова потоа и на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Твоја Македонија значи приклучување кон единствената сила за промени ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Мицкоски додаде дека „Платформа 1198“ им конкретни проекти што ќе ја обноват и ќе ја преобликуваат нашата иднина, но и кои ќе утврдат јасна траекторија за нашите граѓани.

Ветуваме економски раст до 5 %, Отворање на 55 илјади нови работни места, Фронт против корупција. Проверка на имотот на судиите и јавните обвинители и нивните семејства, 250 милиони евра за инвестиции во општините. Реорганизација на министерствата и институциите и ќе го намалиме бројот на функционери. Грижа за најранливите категории преку повеќе мерки и реформи меѓу кои и зголемување на надоместок за социјална заштита. Зголемување на пензиите за 5 000 денари за сите пензионери. Ќе обезбедиме секое дете да оди во градинка, посебна финансиска поддршка за мајките преку поврат на даноци и 6 бесплатни оплодувања ин витро, демографијата е многу важна. Поевтини сметки за струја преку укинување на тарифата за пристап до мрежа, 800 милиони евра за македонското земјоделство и уште многу други проекти, изјави Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Ковачевски: Гарантираме 30.000 денари просечна пензија, пензионерите ја изградија оваа држава

Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме она што стои во нашата програма. 

Гарантираме 30.000 денари просечна пензија, но и многу други финансиски мерки за поддршка на нашите пензионери. - порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Охрид.

Во изминатите седум години направивме многу работи. Имавме подеми и падови, но сепак, во ниту еден момент не се откажавме! Ниту кога беше најтешко, кога земјата се соочи со КОВИД пандемијата, и потоа кога се боревме со енергетска и економска криза. Цело време бевме рамо до рамо со граѓаните. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди евра. Им помогнавме на над 660.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок од сметките за струја. Се погриживме нашите пензионери да имаат достоинствени примања и ги зголемивме пензиите за 55%. - рече Ковачевски

СДСМ, Коалицијата за европска иднина и нашиот претседател Стево Пендаровски ви нудиме јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда. Рече Ковачевски и додаде: Јас Димитар Ковачевски, во име на сите мои другарки и другари од СДСМ и Коалицијата за европска Македонија, ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да го заокружите бројот 1 и да гласате за европска иднина. Одиме на победа!, се наведува во партиското соопштение.

Трајковски: Уште повисоки пензии во новиот мандат, за подобар живот за пензионерите

Кандидатот за пратеник од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија , Горан Трајковски вечера во Кисела Вода рече: Изминативе седум години напорно работевме. 

Во сите кризи, и пандемија, и економска криза и енергетска криза, Владите предводени од СДСМ успеаја да направат многу. Обезбедивме повисоки плати, пензии, поддршка за бизнисите, за домашните компании. Во најтешкото се обезбедија и огромни средства за антикризни мерки, се заштити стандардот на граѓаните и стопанството.“

“Свесни сме за работите кои ги загрижуваат граѓаните, вечерва и ќе поразгавараме за тоа сигурно. Но, она што сакам да го кажам е дека ние досега покажавме дека имаме план. Ние нема да се откажеме од подобар живот за пензионерите, за работниците, за компаниите. Ние нема да се откажеме од европската иднината на граѓаните. Нема да се откажеме од преговорите со ЕУ. Нема да се откажеме од подобар живот за младите. - рече Трајковски

Зборувајќи за програмата за претстојните избори во која има планирани повеќе мерки за пензионерите како и покачување на пензиите од 20.000 за минимална пензија и 30.000 за просечна пензија, кандидатот за пратеник на СДСМ, Трајковски порача: Ние на дело ја покажуваме нашата заложба за подобра иднина. Во новата програма за европска иднина, се предвидени уште повисоки плати, поголеми пензии, поголема поддршка за компаниите и за земјоделците - рече Трајковски

Во своето обраќање кандидатот за пратеник од СДСМ, Трајковски кажа: „Граѓаните можат и ќе ја препознаат разликата на овие избори. Изборот е меѓу надеж и безнадежност. Меѓу тоа дали ќе одиме напред или ќе се заглавиме пак назад во минатото, нови 11 години.“

„Граѓаните знаат дека со нас нема откажување! Знаат дека нема враќање назад, затоа ве повикувам на 24 април и на 8-ми мај да гласате за Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ и за нашиот претседател Стево Пендаровски – им порача Трајковски на присутните граѓани вечерва во Кисела Вода, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер