Скијачката шампионка Линдзи Вон заминува во пензија!?

Секси шампионката заминува во пензија. Големата победничка скијачката шампионка Линдзи Вон најавува крај на успешната и трофејна кариера!

Повредите ја тераат 33-годишната скијачка Линдзи Вон во пензија. Една од најуспашните и најпопуларни скијачки на сите времиња во светот, убавата Линдзи Вон викендов во Кортина Деампецо најверојатно ја извозе својата последна трка во фантастичната кариера  како скијачка. Повредите на колената ја оддалечуваат русокосата шампионка од скијачките патеки.

Убавата Американка дури не успеа да ја заврши супревелеслаломската трка во Италија.

Линдзи Вон која во Кортина има дури 12 победи по шест во спуст и супер велеслалом неуспехот на последната трка ја доведе до солзи.

-Сега е време да го слушам своето тело и ако треба да му кажам збогум на скијањето. Десното колено го оперирав четири пати, ми беа скинати надворешните вкрстени лигаменти на левото колено, двете нозе ми се во лоша состојба. Не знам ќе размислам уште неколку дена , но болката е огромна. Многу повреди успеав да надминам во кариерата, но сега тие ме стигнаа. Толку што не можам да скијам и во голем стил сезонава да ја завршам кариерата, како што се надевав, изјавила расплаканата Линдзи Вон по неуспехот во Кортина.

Атрактивната Линдзи покрај по успесите на скијачките патеки е позната и по своите провокативни изданија надвор од патеката. 

Видео: Федерер подобар од Ѓоковиќ за место во полуфиналето на Завршниот Мастерс во Лондон

Легендарниот Швајцарец Роџер Федерер во решавачкиот меч а место во полуфиналето на Мастерсот во Лондон извојува убедлив триумф над големиот ривал Новак Ѓоковиќ.

Федерер играјќи во транс за само 72 минути го совлада вториот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со 2-0 по сетови 6-4 и 6-3. 

Со овој триумф швајцарскиот велемајстор обезбеди уште едно полуфинале на завршните турнири. Рекордерот според бројот на освоени титули од Завршниот Мастерс во 49 меч против Ѓоковиќ ја оствари 23 победа со која на некој начин му се реваншираше на српскиот тенисер за поразот во финалето на Вимблдон.

По денешниот пораз во тенискиот класик Ѓоковиќ годината сигурно ќе ја заврши на второто место на АТП листата зад лидерот Рафаел Надал кој утре против бранителот на тронот во Лондон Александар Зверев ќе атакува на победа за место меѓу четворицата најдобри .

Засега сигурни полуфиналисти се двајцата најдобри од Груата Бјорн Борг, Федерер и Доминик Тим. 

Реал Мадрид најавува мега трансфер во летниот преоден рок!

Европскиот фудбалски гигант Реал Мадрид подготвил неверојатни 400 милиони евра за во летниот преоден рок да го ангажира фудбалерот на ПСЖ Килиан Мбапе, пренесе францускиот весник „Паризиен“.

Доколку првиот човек на кралевите од Мадрид Флорентино Перез успее да ја оствари својата долгогодишна ѓелба, ќе го направи новиот рекорд во светскиот фудбал и убедливо ќе го надмине трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ вреден 222 милиони евра.

На овој трансфер инсистирал наводно предводникот на Реал Зидан кој уште летово сакал да го ангажира сонародникот Мбапе, но подоцна морал да се задоволи со купувањето на Азар од Челзи.

Но, ѕвездата на ПСЖ , Мбапе е желба и на европскиот шампион Ливерпул како замена за евентуалното заминување на  Мохамед Салах.

Веќе е договорен најголемиот зимски трансфер , тежи 125 милиони евра

Мауро Икарди игра одлично како позајмен играч на ПСЖ, а откако постигна девет гола на првите десет натпревари, францускиот шампион реши да го откупи неговиот договор од Интер.

Ова го пишуваат голем број италијански и француски медиуми. Gazzetta dello Sport и Calciomercato велат дека веќе започнале преговорите помеѓу спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и Ванда Нара, сопругата и менаџер на аргентинскиот напаѓач, за неговиот заем да биде прекинат во јануари.

ПСЖ во договорот за заем на играчи од Интер има право да го купи Икарди со обештетување од 65 милиони евра додека играчот е во Париз. ПСЖ сака да ја активира клаузулата што е можно поскоро, при што претседателот Насер Ал Келаифи инсистира на остатокот на Икарди. Икарди во моментов заработува девет милиони евра годишно во ПСЖ, а со трајно преселување во тој клуб би добил 12 милиони евра годишно, без бонуси. Така, тој лесно можеше да добие и до двојно повеќе од платата што ја чекаше доколку се врати во Интер, каде заработуваше 7,5 милиони евра годишно.

ПСЖ, од друга страна, ќе му даде 125 милиони евра за обештетувањето и плата на Икарди.

притисни ентер