Премиера на „Крал Иби" во Драмски театар

Претставата „Крал Иби" на Алфред Жари во режија на Васил Христов утревечер, премиерно ќе биде изведена на сцената на Драмски тетар во Скопје.

На прес-конференцијата по повод премиерата режисерот Христов, кому ова му е прва соработка со Драмски, и прва по подолго време со институционален театар, вели дека станува збор за претстава која жанровски и стилски обединува разни форми кои делуваат како една оправдана целина, што е извонредно тешко за артистите.

-Мојата тенденција беше да се обидеме да направиме еден исчекор во однос на театарскиот јазик што е вообичаен за овие простори. Сите експерименти се веќе направени во 60-те и 70-те, но она што порано било авангарда или ескперимет сега станува меинстрим на европскиот театар. За жал кај нас има реска граница меѓу модерниот и традиционалниот театар и ова е обид еден поинаков модерен јазик да се случи на сцената на институционалниот театар, вели Христов кој е автор и на адаптацијата на текстот и коавтор на сенографијата.

Провокација да го постави текстот, вели тој, е што Иби е метафора на модерниот човек прикажан како алчен, вулгарен, нечесен, глупав, незрел, зол и кукавица, при тоа акцентот се става на алчноста и желбата за моќ како „болести" на модерниот свет.

За 14-члената артистичка екипа која игра во претставата едногласна е оценката дека е создаден чудесен, „вонземен" свет, кој драматуршки инкорпорира текстови од друга дела на Шекспир, низ сложен процес на решавање на сцените.

-Секоја секунда мора да се игра во оваа претстава, ако не се игра, нема оправдување. И таа комплетна енергија всушност ја сочинува оваа претстава која не сме енергетски да падне во ниту една изведба, ниту кога има многу публика, ниту кога има малку публика. Се надеваме на големи успеси затоа што оваа претстава има многу работи да каже, вели Билјана Драгиќевиќ, која ја игра Мама Иби.

Според Зоран Љутков, претставата многу лесно ќе допре до публиката, која ќе препознае како незнаењето доаѓа на врвот на политичката моќ, нешто што не тангира изминатите дваесетина години.

-Од таму бегање нема и за жал се уште нема промена во тоа. Но, сепак, како е направена претствата дава некоја надеж и ќе освести голем дел од луѓето дека веројатно нешто некогаш ќе се смени, вели Љутков.

Според Софија Куновска, која ја игра Кралицата, претставата ќе биде освежување на репертоарот на Драмски и ќе го претставува театарот на сцените надвор од матична сцена.

Во актерската екипа се и Игор Ангелов, Сања Арсовска, Филип Трајковиќ, Предраг Павловски, Јана Стојановска, Долорес Поповиќ, Катерина Шехтанска Лаковска, Маја Вељковиќ Пановска, Емилија Мицевска, Тамара Ристовска и Игор Георгиев. Сценографијата е на Христов и Тодор Даевски, костимите се на Розе Трајчевска Ристовска, а плакатот на Денко Матевски.

Ова е втора поставка на „Крал Иби" од Жари на сцената на Драмски.

Прва претстава на текстот е изведена пред 122 години, а Жари се смета за предвесник на надреализмот во театарот и основоположник на театарот на апсурдот.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер