Најдобрите рецепти од Македонија од сега на веб сајтот на Канал 5

Рецептите од кулинарското шоу за аматери „Избор на најдобри рецепти“, отсега можете да ги пронајдете и прочитате и на веб порталот на Канал 5 телевизија.

Секоја недела, во категоријата „Рецепти“ ќе бидат објавувани по три од оние кои сте имале можност да ги погледнете во нашата емисија.

Првата недела на менито се рецептите за „Ростушка тава„ , „Шарена Сеченица под сач“ и „Селска тава со костени“.

Во меѓувреме, ве потсетуваме дека и вие може да бидете дел од најгледаното и најполуларно кулинарско шоу за аматери кај нас, со едноставно пријавување на телефонскиот број 072/208-206, каде ќе ги добиете сите потребни информации за учеството и буџетот со кои ќе располагате за подготовка на вашиот рецепт.

Освен подароци за најдобриот неделен рецепт, избран според вашите гласови, секаде, во секој дом, каде што на ваша покана ќе влезе нашата екипа, носиме убави подароци и изненадувања од пријалите на емисијата.

Почитувани гледачи, воедно ви благодариме и за големата поддршка која од ден во ден ја добиваме за овој наш проект, а за тоа говорат и официјалните статистики за гледаноста, кои токму оваа емисија ја сместуваат во една од најгледаните кулинарски и забавни емисии во Македонија.

Доколку немате идеја што да готвите денеска еве неколку:

РОСТУШКА ТАВА

Рецепт на Матеј Тодоровски Постапка: 1 главица бел кромид се сече на ленти и се реди в...

Прочитај повеќе

СЕЛСКО ТАВА СО КОСТЕНИ

Рецепт на Изабела Спасовска Постапка: Свинското месо се сечка на коцки, а колбасите на...

Прочитај повеќе

ШАРЕНА СЕЧЕИНЦА ПОД САЧ

Рецепт на Бобан Трповски Постапка: Во подлабок сад се става: 1 кг. пченично брашно, 1-2 лаж...

Прочитај повеќе

Денеска гласаат 68 штитеници од Домот за стари лица во Прилеп

Непречено се одвива гласањето на штитениците од Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп за првиот круг од Претседателските избори. Правото на глас во Домот денеска го остваруваат 68 штитеници.

-Гласачкото место 1419 во Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ е отворено од 7 часот и правото на глас ќе се остварува до 19 часот. Гласањето е непречено и се одвива без проблеми, изјави Магдалена Лазоска, претседател на избирачкиот одбор на ова гласачко место.

Своте право на глас го оствари и Благоја Богданоски, штитеник во Домот.

-Бев на гласање и го остварив своето право. Сѐ се одвива без проблеми и нема никакви притисоци од никого. Очекувам за нас мирни денови во Домот, подобри пензии и подобро да им биде на младите, рече Богданоски.

Од 68 штитеници во Домот кои денеска гласаат, 27 се од Прилеп, а останатите се од други општини.

Денеска во Прилеп гласаат и 291 немоќно и изнемоштено лице, како и 104 затвореници од прилепскиот затвор.

До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во четврток врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег.

Како што најавуваат од УХМР од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.

Времето денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 l/m2) и поројни, проследени со ретки грмежи, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Времето во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено поројни, а во делови од котлината со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Tемпературата ќе се движи до 12 степени целзиусови.

Зеленски: Рускиот напад врз ТВ кулата во Харков е дел од кампањата за заплашување

Руски проектил Х-59 вчера ја погоди ТВ кулата висока 250 метри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека рускиот ракетен напад со кој беше уништена телевизиската кула во Харков е дел од тековните напори на Кремљ да го заплаши населението на вториот по големина град во Украина, кој беше под интензивирани напади во последните неколку недели.

Целта на нападот беше „теророт да се направи видлив за целиот град и обид да се ограничи поврзаноста на Харков и пристапот до информации“, рече Зеленски во синоќешното обраќање.

Североисточниот дел на Харковската област се наоѓа на линијата на фронтот од околу 1.000 километри, каде што украинските и руските сили се борат повеќе од две години од инвазијата на Москва врз Украина. Линијата на фронтот не е многу променета во услови на војна на исцрпување, која главно се води со артилерија, дронови и во ровови.

Од крајот на март, Русија го засили притисокот врз Харков, очигледно за да го искористи недостигот на украински системи за противвоздушна одбрана. Руските единици ја погодија локалната електрична мрежа и гаѓаа станбени блокови.

Руски проектил Х-59 вчера ја погоди ТВ кулата висока 250 метри, речиси во средината, по што дел од неа се урна и дојде до прекин на програмата. /МИА

притисни ентер