Поранешниот словенечки премиер навредувал новинарки на твитер, сега мора да плати 6.000 евра

Лидерот на Словенечката демократска партија и поранешен словенечки премиер, Јанез Јанша казнет е со 6.000 евра поради навреда на новинарки на Радиотелевизија Словенија (РТВ).

Во пресудата изречена после повторно судење во Велење, со која судот ја потврдил својата првобитна одлука, наредено му е на Јанша да ги плати и трошоците за судењето во висина од 513 евра, јавува агенцијата „СТА“.

Во пораката која на Твитер ја објавил во 2016 година, Јанша новинарката на РТВ, Евгенија Карл и уредничката Мојца Пашек Сетинц ги нарекол “испрани проститутки чии евтини услуги ги нудат на Фејсбук страница на јавна куќа“.

Новинарките поднеле посебни тужби против Јанша, а судот во Велење пресудил во нивна корист.

Јанша се жалел на двете судски одлуки, при што Вишиот суд во Целје застанал на негова страна и наложил повторно судење во случајот на Евгенија Карл, но ја потврдил првостепената пресуда во случајот на Пашек Сетинц.

Исчезната 56-годишна жена од Кривопаланечко

Исчезната е 56-годишна жена, жител на селото Мождивњак, Кривопаланечко. 

Случајот го пријавила во полиција  нејзината снаа во текот на вчерашниот ден, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

– Во Полициската станица денеска во 20:20 часот од општа надлежност, Крива Паланка, 52-годишната Л.М. од сели Мождивњак, Кривопаланечко, пријавила дека од семејната куќа се оддалечила нејзината золва Г.С., на возраст од 56 години, информира Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.

Според досегашните сознанија на полицијата, лицето и претходно се оддалечувало и се враќало во домот. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СДСМ: Стравот од дебакл во втор круг кај ВМРО-ДПМНЕ е голем колку и нивните лаги

Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од дебакл во вториот круг е голем колку и нивните лаги, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за криминали, одговорна за најголемиот скандал за прислушување на граѓаните и упад во приватноста лажно обвинува.

СДСМ јавно ги демантираше лагите дека постои апликација која собира податоци, лични информации, видеа, фотографии или активност на интернет од граѓаните и ги повика сите институции да го потврдат тоа.Дирекција за заштита на лични податоци веќе направи инспекциски надзор и очекуваме за тоа да ја информира јавноста.

Предупредивме дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и тимот на Сиљановска треба да знаат дека лажното пријавување е кривично дело.

Бидејќи лагите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат, СДСМ најавува соодветни пријави пред надлежните правосудни органи.

Вистината е најсилен демант на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.

Најмалку 23 лица загинаа во страшните поплави во ЈАР (ВИДЕО)

Најмалку 23 лица загинаа во големите поплави и свлечиштата во Јужноафриканската Република.

Силните дождови предизвикаа поплави и свлечишта во градот Дурбан и околината , на источниот брег на ЈАР.

,, Минатата ноќ се влоши метеоролошката сотојба во неколку покраини , каде се смета дека загинале најмалку 23 лица. “, изјави министерот на покраината КваЗулу- Натал, каде Дурбан е главен град.

Најмалку 32 лица се хоспитализирани , а не е познат бројот на исчезнатите. Во најпогодените делови се испратени војници на помош на спасувачките служби.

притисни ентер