Два земјотреси денеска во Индонезија

Два силни земјотреси, со јачина од 6,6 степени, ја потресоа денеска Индонезија, односно островот Сумбава, област јужно од градот Раба.

Нема објавено предупредување за цунами.

За сега нема извештаи за евентуална штета или повредени.

Вториот земјотрес, со јачина од 6,6 степени, регистриран е на 230 километри јужно од Раба, во источниот дел на островот.

Претходно регистриран беше и земјотрес од шест степени, пренесе Ројтерс.

Базен се излеа од висококатница за време на земјотресот во Манила (видео)

Базен, лоциран на врв од висококатница се излеа за време на вчерашниот силен земјотрес што ги погоди Филипините.

Според локалните медиуми, водата паѓала од базен, кој се наоѓа на врвот на висококатница та пентхаус во предградието на Манила.

Нема повредени во инцидентот, а во моментот на потресот во базенот немало капачи.

Во вчерашниот земјотрес од 6,3 рихтерови степени загинаа 11 луѓе

Кого ќе зафати „пролетното чистење“ во власта?

Неизвесноста со која што двајцата кандидати за претседател влегуваат во вториот круг ги „стресе“ партиските изборни штабови.

Незадоволни од неделниот резултат во СДСМ се бара одговорност, на итен состанок синоќа во партиското седиште се анализираа бројките.

Претседателот на социјалдемократите и премиерот, Зоран Заев веќе најави и кадровски промени во своите редови веднаш по изборите.

Најавата за „чистка“ доби експресна поддршка од симпатизерите, па на Заев симболично му ги обезбедија неопходните средства.

Опозицијата со реакции на најавата на Заев. Кандидатката за претседател на ВМРО ДПМНЕ на Твитер напиша „народот ќе ви ја испорача метлата на 5-ти мај“.

Лидерот на опозициската партија пак на Фејсбук коментираше „ не е до чистката, туку до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.

Бројките од неделата покажуваат дека незадоволството е големо и од власта и од опозицијата, цени политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Според него, власта причините за изборниот резултат и неостварување на проектираниот исход треба да ги бара не во спроведување на непопуларните одлуки, туку токму во недостигот на такви мерки.

Како дел од одговорни за освоените гласови се посочуваат и локалните власти и незадоволството на граѓаните од нивната работа.

Градоначалникот на Град Скопје вели одговорност ќе се понесе по изборите, но гласачите не треба да ја казнуваат државата поради нерешените локални проблеми.

Над 320 луѓе загинаа во експлозиите во Шри Ланка како одмазда за Крајстчрч

Првичната истрага за смртоносните напади на Шри Ланка, во кои загинаа над 320 лица, покажува дека станува збор за одмазда за Крајстчрч, изјави заменикот-министер за одбрана Руван Виџевардене.

– Првичните резултати покажуваат дека она што се случи на Шри Ланка е одговор на нападите против муслиманите во Крајстчрч, изјави пред парламентот Виџевардене.

На 15 март во Крајстчрч на Нов Зеланд во напад на две џамии беа убиени 50 муслимански верници.

Во неделата, на католички Велигден, на Шри Ланка избувнаа серија експлозии.

Првите шест експлозии беа во три цркви и три хотели, седмиот во западниот дел на островот, а осмиот во станбен комплекс во Коломбо.

Според локалните медиуми нападите ги изведоа бомбаши-самоубијци.

притисни ентер