Македонија на СП 2019 - Расчекор меѓу очекувањата и реалноста

Машката ракометна репрезентација на Македонија  и по освоеното 15-то место на Светското првенство во Данска и Германија ги обнови старите но се чини отвори и нови прашања. 

Ракометната репрезентација на Македонија и на Мундијалот во Германија и Данска замина со вообичаениот оптимизам негуван во последните 10-ина години. Овојпат можеби поумерен од претходно за што имаше и објективни причини но сепак доволно силен нацијата со изразен апетит да чека ново нишко чудо.

Во тоа нема ништо лошо бидејки спортски легитимно е да се очекува висок дострел и од тимови што не се топ фаворизирани . Се разбира спортот не би бил толку привлечен ако не се случуваат сензационални исходи.

Македонија на Мундијалот беше далеку од пријатно изненадување па 15-то место уште еднаш понуди различни заклучоци околу прашањето успех или неуспех, секако со соодветни аргументи.

Овој национален тим во претходните 4-5 години ги загуби Мојсоски, Димовски, Јоноски, Миркуловски и уште неколкумина од сосема неспорна  причина – крај на нормалниот спортски век.

Во него остана уште само мал дел од златната генерација што се проби во светскиот врв во Хрватска пред 10 години, а потоа блесна петта во Србија. Од друга страна , на за нас штотуку завршениот Мундијал, замина сериозна група млади но искусни и сосема млади ракометари, односно дебитанти што за многумина е аргумент за сериозно подмладување.

И тоа е во ред и сосема нормален и разумен процес за било кој национален тим,  што зависно од потенцијалот носи различен ефект, но по дефиниција носи и прилично висока доза на стрес.

Во нашиот случај, барем од она што можеше да се види и слушне, очигледно донесе и силна неконтролирана нервоза кај ветеранската група. Имало и друг пат но овојпат изгледаше пренагласен очигедниот судир што наликува на клановски внатре во тимот. Речиси и да немаше посериозна изјава на повозрасните што не содржеше силна критика за младите репрезентативци за лошо залагање и ефект. Не е спорно дека понекогаш таквите напади можат да делуваат мотивирачки но овојпат стана претерано.

Ракоментиот национален тим секогаш умешно ги криел внатрешните проблеми но овојпат свесно или несвесно тие беа пуштени надвор. Причините може  да се претпостават или да се нагаѓаат но многу веројатно е да се во насока после нас следува потоп што е прилично некоректно па дури и себично.

Ванчо, Мојсо, Жути и Јоно се простија достојно од селекцијата и никогаш не беа премногу строги кон Дејан, Џомба Столе, Пеше, Ојле и другите кога им се приклучуваа.

Ваквите напади колку и да се основани, а не се, можат да нанесат несогледиви штети во репрезентацијата и тоа сосема без потреба. Штети што нема да можат да ги испеглаат ниту тактичарите генијалци на клупата, ниту 7 на 6, ниту 6 на 6, ниту пак авторитативни раководства што се убедени во исправноста на своите политики. 

Вардар со неизвесност за иднината го дочекува ПИК Сегед

Вардар одржа прес-конференција по повод четвртфиналниот натпревар со ПИК Сегед в четврток, но многу пообемна тема на средбата беше најавата на Сергеј Самсоненко дека ќе го напушти клубот.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека нивната судбина е неизвесна, но важното е дека сега тие сето тоа го ставаат на страна и се фокусираат на натпреварот со унгарскиот шампион.

Солскјер најави чистка по дебаклот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл денеска против Евертон од кого загуби со 0:4.

Ова беше најголемата победа на Евертон против Манчестер Јунајтед од 1984 година кога изгуби со 5:0. По овој резултат е јасно дека магијата на Оле Гунар Солскјер исчезна, откако Норвежанецот го замени Мурињо на чело на тимот пред крајот на минатата година.

Јунајтед славеше на 10 од првите 11 натпревари со него на клупата. Но , сега Јунајтед пропаѓа и загуби шест од последните осум натпревари.

Солскјер , за да ја смири својата и лутината на навивачите , најави дека од сдледната сезона голем број од фудбалерите на Јунајтед нема да играат во тимот.

Навивачите на ПАОК го запалија Солун (ВИДЕО)

Викендов во Солун владее вистинска фудбалска грозница.

Вчера клубот ПАОК го прослави 93 роденден , а по тој повод навивачите низ целиот град поставија илјадници факели , што буквално го запалија цел Солун.

Роденденската прослава денеска би можела да се претвори во уште поголемо лудило , доколку вечерва ПАОК го освои првенството , и тоа по цели 34 години.

На две кола пред крајот на првенството ПАОК има 8 бода предност пред второпласираниот Олимпијакос, кој има натпревар помалку. Денешната победа над Левадиакос , кој се подготвува за втората лига , ќе значи и освојување на првото место за ПАОК.

Натпреварот почнува во 18 часот. ПАОК бил првак на Грција во 1976 и во 1985 .

притисни ентер