Османи: ДУИ е за заеднички кандидат на претседателските избори

Ставот на ДУИ е дека е време Македонија да има консензуален кандидат за претседател. Кандидат кој ги надминува етничките и партиските линиии, кој ќе спојува и ќе биде гласот во кризни моменти, истакна вицепремиерот Бујар Османи.

Вицепремиерот Бујар Османи ја даде изјавата пред средбата со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу.

Наведе дека претставниците на ДУИ во текот на претстојните денови со нивните коалициони партнери ќе разговараат во однос на заедничкиот кандидат за претседателските избори.

На прашањето, околку финансиските трошоци за имплементација на Законот за јазици, Османи нагласи дека за обезбедување на фундаменталните права нема пари кои треба да се проценат, посочувајќи дека се обидуваат максимално да ги искористат постоечките капацитети.

Во однос на очекуваните одлуки на Венецијанската комисија, заменик-претседателот на Владата наведе дека при подготовка на Законот имало одредени корекции за употребата на двојазичноста на униформите на војската и на парите, бидејќи, како што рече, може да биде надвор од Уставот.

– Со цел да не оставиме одредба што е сомнителна, што може да биде предмет на одредена мерка во Уставнито суд решивме тие две прашања да се повлечат од Законот за јазици, објасни Османи.

Наведе дека доколку Венецијанската комисија процени дека тие одредби се уставни, ќе бидат вратени во Законот.

– Мој личен став е дека додека Каракамишева е претставник на Македонија во Венецијанската комисија ништо не треба да се прати од овој Закон бидејќи таа веќе се обидува да направи субјективно влијание во однос на Законот и сметам дека нема да има, барем кај граѓаните, перцепција на објективност во проценката, меѓутоа сепак, ќе оставиме да разговараме деновиве со коалиционите партнери дали ќе ги пратиме сега тие одредби, потенцираше Османи.

На прашањето дали за ДУИ се преифатливи парламентарни избори тој одоговори дека ако се гледа партискиот интерес, нема подобар мемент од, како што рече, утре да се одржат предвремени избори.

– Меѓутоа ако се гледа државниот интерес не е момент бидејќи претстојните месеци се клучни за добивање на датум за започнување на преговори меѓутоа и за утврдување на една динамика за ратификација на протоколите за членство во НАТО во парламентите на земјите членки, истакна заменик-претседателот на Владата.

Оцени дека доколку се распишат избори, свесно ќе се наруши динамиката за започнување на преговори.

– Меѓутоа ако бидеме уценети, во смислам доколку нема парламентарни ќе има бојкот на претседателските, а тоа пак ќе создаде институционална криза што пак ќе создаде поголемо влијание врз динамиката на интеграцииите отоколку самите парламентарни избори, тогаш ќе седнеме и ќе размислиме, наведе Османи

Продолжува ископувањето со багер на страната на куќата каде што исчезна 2- годишната Данка

Уште едно потресно видео од Бањско Поље денеска.

Заврши ископувањето на едната страна од куќата во која завчера исчезна малата Данка Илиќ (2).

Како што јави репортерот на Телеграф од местото на настанот, копањето со багер продолжило од другата страна на куќата.

Екипата на порталот Телеграф.рс и денеска е пред куќата на семејството Илиќ каде во вторникот околу 13.45 часот исчезна Данка Илиќ (2) и се уште се трага по неа. Полициски екипи ја опколиле куќата на семејството Илиќ во Бањско поле, а пред неа пристигнал багер.

Полицијата претходно отворале шахти околу куќата на семејството Илиќ.

Како што дознаваме, полицијата и работниците од ЈКП од утрово го расчистуваат теренот.

Да потсетиме, Данка исчезнала во моментот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете. Носела виолетови панталони, маслинесто сако, а косата и беше врзана во опавче. По исчезнувањето на Данка, за прв пат во Србија беше објавен Алерт наречен „Најди ме“.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, спасувачи на ГСС, како и бројни мештани. По 27 часа МУП го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

И денеска продолжуваат настаните поврзани со одбележувањето на четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО.

Со одржување на информативен ден на НАТО програмата насловена „Наука за мир и безбедност“. Информативниот ден го отворија министерката за одбрана Петровска и шефот на одделот за управување и координација на алијансата Клаудио Палестини.

Собранието ја донесе декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од НАТО

Собранието на денешната последна пленарна седница на овој парламентарен состав ја усвои декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од НАТО и 75 години од основањето на алијансата.

До 4 април кога почнува изборната кампања спикерот Јован Митрески вели дека има простор за уште една седница, за евентуално итни прашања. На денешниот брифинг Митрески потврди дека додека трае изборната кампања нема да има седници и сите други активности на Собранието ќе бидат сведени на неопходниот минимум со цел да се избегне можноста за злоупотреба на собраниската говорница.

Ова се редовни парламентарни избори и согласно Уставот, Собранието не е распуштено и останува во постојано заседание, потсети спикерот.

До 12 мај тој треба да ја свика седницата за инаугурацијата на новиот претседател а најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарн состав. Инаку, денеска декларацијата за НАТО беше изгласана со 87 гласа „за“ и два „против“

притисни ентер