Меј во обид да добие отстапки од Брисел за Брегзитот

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе се обиде да го прекине застојот во врска со Брегзит , со можност да добие отстапки од Европската Унија.

На само два месеца до излегувањето на Британија од ЕУ на 29 март, Лондон нема прецизирано како и дали воопшто ќе ја напушти Унијата.

,,Често кажувам дека ниту Шекспир не напишал подобра трагедија од онаа чии сведопци сме денес со Британија. “ , изјави британскиот министер за европски прашања , Мајкл Рот.

Утрово ирската министерка за европски прашања, Хелен Мекинтајер , изјави дека Ирска нема намера да учествува во билатералните разговори за Брегзит.

Најмалку 13 туристи загинаа во автобуска несреќа во Лаос (ВИДЕО)

Најмалку 13 кинески туристи загинаа во сообраќајна несреќа , кога патнички автобус слета од патот во Лаос.

Во несреќата се повредени уште 31 лице , соопшти кинеската амбасада од главниот град на Лаос , Виентијан.Во моментот на несреќата во автобусот имало 44 кинески туристи , како и возач и водич , државјани на Лаос. Тие се здобиле со помали повреди.

Несреќата се случила кога автобусот , возејќи на надолнина на тесен пат во близина на историското место Луанг Прабанг , излетал од патот.  

Загина работник по пад од кран на зградата на ФФМ

Попладнево по пад од кран на зградата на ФФМ во Ново Лисиче , загина 56 годишен работник од Скопје.

Работникот на 56 годишна возраст паднал попшладнево околу 16 часот од зградата на ФФМ , каде бил качен на кран и ги чистел прозорците. Тој починал на самотот место и биле неуспешни обидите на докторите од Брзата помош да го реанимираат.

МВР потврди дека лицето В.П од Скопје паднало и починало на лице место додека извршувало градежни работи на зградата, а надлежен јавен обвинител работи на утврдување на причините за несреќата.

Саудијките добија уште едно право – може да патуваат без дозвола од сопругот

Саудиска Арабија донесе уште една кралска уредба , со која на возрасните жени им се дозволува да патуваат без дозвола од сопругот.

Властите започнаа со укинување на ограничувањата во последните години. Минатата година ја укинаа забраната со која на жените не им беше дозволено да возат . Серија кралски уредби беа донесени во текот на овој месец бидејќи кралството е под зголемена контрола за злоупотреби на човековите права.

Саудискиот пасош може да му се издаде на секој граѓанин кој аплицира за тоа, а на секое лице над 21 година не му е потребна дозвола за патување, се наведува во денешната уредба.

За прв пат, на жените им се гарантира право да пријават раѓање на своето дете, да аплицираат за брак или развод, да бараат официјални документи за семејството или да станат старатели на малолетни лица.

Еден саудиски весник објави дека повеќе од 1000 жени од источната провинција на Саудиска Арабија заминале вчера без дозвола за старателка во она што се чини дека е прва примена на новите правила.

притисни ентер