Комплетно реновиран дел од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија, каде во тек е реконструкција на одделите за хоспитализација на пациенти при клиниката.

Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Софија Пејкова, изјави дека станува збор за комплетна реконструкција на болничките соби, кујната, сите тоалети и бањи за пациентите, подовите, водоводната и електричната инсталација, како и осветлувањето. Воедно, истакна дека поради намалените просторно-технички услови, кои се настанати од реконструкцијата, клиниката работи со намален капацитет.

Од утре стартува и втората фаза од реконструкцијата со којашто ќе се опфатат и останатите оддели при Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Се очекува на почеток на март, годинава, да биде завршена комплетната реконструкција на клиниката.

Салма Хајек се одмора во плиткото море (ФОТО)

Холивудската актерка Салма Хајек ги почести своите фанови на Инстаграм со фотографии од летниот одмор.

Актерката се фотографирала во плиткото море , додека ја удараат бранови. ,,Понекогаш треба само да се опуштиш и да и се препуштиш на водата.” , напиша актерката на објавата.

Нејзините фанови во коментарите ја пофалија нејзината фигура , а особено градниот кош.

Таблоидите измислија дека Џорџ и Амал Клуни повторно ќе имаат близнаци

По шпекулациите за брачните проблеми , таблоидите објавија дека актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал повторно очекуваат близнаци.

Извор за магазинот Life&Style објави дека на италијанскиот имот на семејството Клуни , Амал имала поголем стомак , а наводно била и фотографирана. Се наведува и дека таткото Џорџ е многу весел , но и загрижен како покрај двегодишните близнаци Ела и Александер , ќе чува уште две бебиња. Новата бременост , наводно ги зближила Џорџ и Амал како никогаш порано.

,, Џорџ поретко патува во Лос Анџелес , па заедно со Амал тргнаа на брачно советување . Веќе не се караат толку често.” наведува истиот извор.

Џорџ, наводно го замолил Бред Пит да му се најде з ачување на децата , а за кум ќе го замолел да му биде поранешниот американски претседател Барак Обама.

Пријателките на Амал , Меган Маркл и поранешната прва дама на САД , Мишел Обама веќе подготвувале забава за бебињата пред породувањето.

Сепак , портпаролот на семејството Клуни ја отфрла оваа вест како целосна измислица , со тврдење дека Амал не е бремена и не очекува уште еден пар близнаци , ниту пак дека таа и Џорџ имале брачни проблеми.

Наведува и дека овој таблоид , како и другите што ја презеле веста , сакаат преку неа да ги скријат другите лаги , кои ги шират за познатата холивудска двојка.

Најбрзата колиба на светот се тркаше и на патека (ВИДЕО)

Прв пат најбрзата колиба на светот се појави на тркачката патека.

Станува збор за дрвена колиба , што ја движи мотор на Ауди . За да с еутврди колку навистуина може да биде брза , сопственикот ја постави на тркачка патека долга 402 метри.

Трката се одржа на патеката Санта Под како дел од Ultimate Street Car Event , најголем натпревар од ваков вид во Европа.

И покрај ветрот од 50 км/час , колибата ја мина патеката за 15,49 секунди , што значи дека достигнала брзина од 138км/час. Моторот развива 450 КС што овозможува забрзување од максимални 181,34км/час.

притисни ентер