Фолксваген мора да плати казна во висина од 12 милиони евра

Германскиот производител Фолксваген ќе мора да плати казна во висина од милијарди рупии ( повеќе од 12 милиони евра) во Индија.

Паричната санкција ќе мора да ја платат поради инсталирање на софтвер во возилата за прикривање на реалната емисија на штетни гасови.

Таквата одлука е донесена и покрај жалбата на компанијата пред индискиот врховен суд на пресудата на Националниот суд за екологија, пренесуваат медиумите.

Фолксваген во 2016 година ја призна вината по кривичните пријави во САД, прифаќајќи да исплати 2.46 милијарди евра оштета поради измамата на тестот на дизел моторите.

Компанијата тогаш договори откуп на еден број возила, поправка на друг, плаќање на казната за еколошката штета и плаќање на оштета по основа на колективните обвиненија во износ поголем од 26 милијарди евра.

Си предлага четири принципи за решавање на ситуацијата во Украина

Претседателот на Кина, Си Џинпинг на денешната средба со германскиот канцелар Олаф Шолц предложи четири принципи со цел да се спречи прелевање на украинската криза и што побрзо да се воспостави мир.

- Прво приоритет треба да биде поддршка на мирот и стабилноста, воздржувајќи се од барање себични цели. Второ, треба да ја смириме ситуацијата и да не долеваме масло на огнот. Трето, треба да создадеме услови за враќање на мирот и да се воздржиме од понатамошна ескалација на тензиите. Четврто, треба да го намалиме негативното влијание врз светската економија и да се воздржиме од поткопување на стабилноста на глобалната индустрија и синџирите на снабдување, наведе Си.

Тој посочи дека за постигнување на целите потребно е сите страни заедно да работат на воспоставување на мирот што е можно побрзо.

Ковачки: Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски за навредите кон Давкова

Граѓаните да не очекуваат извинување од Пендаровски за навредите кон Силјановска Давкова, бидејќи човекот свесно премолчи сексуално вознемирување во Армијата.

Втор ден како Пендаровски Стево молчи за навредите кон Гордана Силјановска Давкова, навреди за сексистичка основа, навреди на мизогиниска основа. Но, што да очекува јавноста од човекот кој што го премолче секс сканадалот во Армијата, ќе го премолче и овој.

Ме изненадува тоа што молчи и Ковачевски, меѓутоа молчи и Сања Лукаревска, носителот на изборна единица број 3 кој како жена треба да знае и треба да застане позади сите жени. Ова е напад на сите жени истовремено.

Ги повикивам и Пендаровски и Ковачевски и Лукаревска веднаш да се оградат од овој настан. Овој настан само покажува колкав е стравот кај истите, покажува дека се исплашени од поразот и се свесни дека Гордана Силјановска Давкова ќе му го визира пасошот на Стево Пендаровски да се исели од Република Македонија.

На 24 Април да излеземе масовно и да го поразиме Пендаровски и Ковачевски.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Иран се закани дека каква било акција против него ќе наиде на сериозен одговор

Иран ќе одговори на какви било активности против неговите интереси, рече претседателот Ебрахим Раиси, еден ден откако Израел предупреди дека ќе одговори на нападот извршен од Техеран минатиот викенд со беспилотни летала и проектили.

„Категорично изјавуваме дека и најмалата акција против иранските интереси сигурно ќе наиде на сериозен, широк и болен одговор за секој сторител“, му рече Раиси на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.

Началникот на израелската армија Херзи Халеви вчера изјави дека иранскиот напад врз Израел, како одмазда за бомбардирањето на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, бара одговор.

Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Али Багери Кани изјави на државната телевизија доцна синоќа дека контраофанзивата на Техеран, по каков било израелски одговор, ќе дојде „во рок од неколку секунди, имајќи предвид дека Иран нема да чека 12 дена за да реагира“.

притисни ентер