Скопје синоќа беше најзагаден град во светот!

Токсична вечер за граѓаните на Скопје. 

Главниот град на земјава, еден час по поноќбеше на врвот на листата меѓу најзагадени градови во целиот свет.

Според мерењата на „Ер вижуал“индексот на загадување час по полноќизнесувал 430.

На листата зад македонската метропола следувале индискиот Делхи, пакистанскиот Лахор.

Граѓаните секој со своја претпоставка за загадениот воздух, апелираат да се откријат загадувачите, мерките на надлежните не даваат резултат и освен ветерот , немаат друг сојузник за борбата со загадениот воздух.

Ниту хидрометеоролошките предвидувања не се во полза на расчистување на загадениот воздух. Синопичарите за престојната недела предвидуваат дека маглата ќе се задржи во Скопската и Пелагониската котлина,Тетовскиот и Струмичкиот регион, а ништо поразлично нема да биде и во Кавадарци, Кичево и Виница.

Поради високата загаденост, Град Скопје вчера објави препораки до граѓаните: да се избегнува користењето на возила или да се споделува превозот, да се избегнува седење на отворено, да не се горат штетни материјали, да се чистат оџаците. Останува дилемата кој е виновен и до кога ветерот и дождот ќе бидат единствена надеж на граѓаните да дишат чист воздух.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Продолжуваат партиските консултации со бизнис заедницата во земјава за нивните предизборни програми, по ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, и лидерот на Социјал демократите, Димитар Ковечвски оствари средбaсо првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.

Нови мерки и политики, повисока минимална и просечна плата, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, унапредување на севкупните економски односи во државата – се само дел од мерките зацртани во програмата на СДСМ кои денеска беа презентирани и пред бизнисот.

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Дополнително Азески се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според претседателот на Комората листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Изминативе денови претставници на политичките партии остварија повеќе работни средби со коморите во земјава, а очекувањата на бизнисот се дека тие ќе продолжат и во иднина, со цел да се чуе и нивниот став.

притисни ентер