Откриено е што има на дното на најголемата мистерија во океанот (ВИДЕО)

На дното на најголемата мистерија во Атлантскиот океан, ,,Сината дупка” , е најдено – разочарување.

Големата сина дупка на Белизе , која за многумина е најголема мистерија на океаниот , се претвори во разочарување за истражувачите. На групата авантуристи , кон крајот на минатата година им с епшриклучи и милијардерот Ричард Бренсон. Она што го открија е навистина депресивно .

,, За жал на дното видовме пластични шишиња, што е вистинска казна за океанот.” напиша Бренсон на својот блог.

Бренсон на дното на дупката се спушти со подморница заедно со Фабијан Кусто , а нивната авантура беше најавувана на Дискавери. На длабочина од околу 90 метри наишле на сталактити , кои по правило се формираат на сув терен , што значи дека нивото на океанот може да варира. Тоа значи дека некогаш нивото на морињата било за стотина метри пониско.

,,Тоа беше еден од најсилните потсетници на опасноста од климатските промени , што сум ги видел.”, рече Бренсон. Тој заклучи дека неговите внуци кога во 2050 ќе имаат триесетина години , не би сакал да ги остави во свет без корали и други чуда на океаните.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

Андоновски: „Нула корупција“ во јавните набавки

 Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Стефан Андоновски, денеска беше во посета на Струмица каде имаше средби со приватни компании од ИТ секторот и локалната администрација.

- Од она што можев да го забележам од досега реализираните средби e распространетото ниво на корупција, особено во јавните набавки и начинот на кој што се распоредуваат и трошат народните пари во Општина Струмица, начинот на кој што сe набавуваат потребни материјали за Општината, но и пошироко. Централната власт покажа колку е закоравена корупцијата. Затоа предлагаме „Нула корупција" преку интеграција и дигитализација на сите регистри, изјави Андоновски.

Посочи дека преку оваа мерка ќе се превенира корупцијата преку системот на јавни набавки, преку потекло на имот и дали некои луѓе се поврзани со проектите и на кој начин ќе ги добијат тендерите.

-Регистарот ќе ги спречи злоупотребите поврзани со лицата вклучени во јавните набавки во поглед на нивната подготовка и евалуација, но и учеството во истите од страна на компаниите кои конкурираат. Овој систем ќе послужи и во процесот на проверка на потеклото на имот. Ќе формираме сектор во рамките на Бирото за јавни набавки задолжен за контрола на критериумите за економски најповолна понуда и за спречување на манипулации во процесот на јавните набавки, додаде Андоновски.

Топлотен бран од Африка пристигнува во Македонија

На Македонија во наредниве денови и се заканува екстремно топло време со летни температури над 30 степени, нешто што е невообичајно за овој дел од годинината.

Долнително песочен облак од Сахара, кој веќе прави проблеми во соседна Грција ќе дојде и во земјава. На оваа тема ја вклучуваме Мирјана Мирчевска – Јовановиќ.

Што велат метеоролозите, кога пристигнува топлото време?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер