Полицијата го уапси 20 годишниот рапер , Коди Херман , кој за убиството на 21 годишната Аја Масарв , се пофалил на фејсбук. Телото на студентката било најдено во близина на факултетот во Мелбурн, каде студирала преку размена. Таа зборувала на телефон во моментот на убиството , додека зборувала со својата сестра , која чула како и паѓа мобилниот , а потоа и извици. Сестрата веднаш се јавила во полицијата , која го нашла безживотното тело на девојката во близина на факултетот.
Уапсениот Херман објавил фотографија , како држи лименка и наздравува. Една ендела пред тоа напишал ,,Странска мистериозна девојко. Занеш која си.” Тој бил често пијан и дрогиран , а за својата ментална состојба на фејсбук пишувал дека е луд 106 посто. Често се возел со трамвајот , од каде излегла убиената девојка.
Полицијата за сега смета дека раперот го извршил убиството по случаен избор. Не се исклучува можноста девојката да била силувана од 20 годишниот пореметен рапер. Во знак на револт поради насилството илјадници денеска се собраа пред зградата на Парламентот во Мелбурн, како и пред Универзитетот за да и одадат почест на несреќната студентка .
Нејзиниот татко , Саед Масарв дојде од Израел и присуствуваше на собирите , а потоа им се заблагодари на насобраните преку Твитер.
,,Тажен сум зашто ова е последното место на кое била мојата ќерка. Се надевам и се молам таа да е на некое место поубаво од ова , во рајот.” напиша таткото на Аја.