Кекеновски поднесе претставка до Уставен суд за законот за јазици

Универзитетскиот професор Јове Кекеновски до Уставниот суд достави иницијатива со која ја оспорува уставноста на Законот за употреба на јазиците.

Наведува дека спорен е начинот на кој е донесен, а тоа е без двотретинско мнозинство и тоа што е објавен во Службен весник без потпис од претседателот на државата. Кекеновски со иницијативата бара пред да одлучува Уставен да ги запре сите дејствија поврзани со законот.

– Со оглед на фактот дека се работи за Закон со чие имплементирање можат да настанат несогледливи и тешко остранливи последици, согласно член 27 од Деловникот за работа на Уставниот суд барам при постапувањето на Судот до донесување на конечна одлука по иницијативата да донесе решение за запирање на извршувања на поединечните акти или дејствија кои произлегуваат или се преземаат врз основа на Законот што е објавен, се со цел за да подоцна не настанат несогледливи последици што не можат да бидат отстранети, изјави Јове Кекеновски – Универзитетски професор.

Наспороти тврдењата на Кекеновски дека примената на законот ќе бара големи финансиски средства од буџетот, од Влада денеска преку соопштение порачуваат дека тоа се лажни тврдења кои доаѓаат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

Влада на РМ:

Вистината е дека Агенцијата за примена на јазикот и Инспекторатот за употреба на јазиците, како што предвидува законот и како што беше утврдено со политичкиот договор за негово донесување, кадровски ќе бидат екипирани од постоечките човечки реурси во министерствата, агенциите и секретаријатите. Не се предвидени нови вработувања.

ВМРО ДПМНЕ и денеска тврди дека Законот е неуставен а собранискиот спикер Талат Џафери и директорот на Службен весник Мартин Костовски сториле неколку кривични дела па затоа поднеле кривична пријава. Иницијатива за уставноста партијата ќе поднесе и до Уставен.

Дека ЗУЈ е нуставен тврди и Димитар Апасиев од Левица.

Ден по објавувањето на Законот во Службен весник Џафери тврдеше дека собраниската процедура е запазена а претседателот на државата е тој кој не ги испонил обврските со непотпишување на Указот. Иванов пак порача дека објавувањето на овој но и на Законот за ратификација на Договорот за името е направено незаконски и побара разврска во Уставен и Обвинителството.

Новинар на „Тајмс“: Алонсо не е на потесниот список на замени на Клоп

Продолжуваат шпекулациите околу иднината на тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо. Шпанскиот стручњак најмногу се поврзува со Баерн Минхен и Ливерпул, а конечната одлука на тренерот кој брка тројна круна со „аспирините“ се уште не е позната.

Сагата помеѓу Ливерпул и Чаби Алонсо доби вистински пресврт бидејќи познатиот новинар Пол Џојс, кој е близок до „црвените“ и работи за „Тајмс“, објави дека шпанскиот тренер нема да се најде на потесниот список на замени на Јирген Клоп.

Тоа е многу остар пресврт од првичните гласини кои го поврзуваа Алонсо конкретно со тимот, но според сите сметки тој изгледа малку веројатно да застане на чело на Ливерпул, а сега се очекува Шпанецот да остане во Баер Леверкузен./МИА

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

притисни ентер