Во Москва уапсена манекенката која тврди дека има докази за руското мешање во изборот на Доналд Трамп

Белоруската манекенка Анастасија Вашукевич е уапсена во Москва по слетувањето од Тајланд, која тврди дека има докази за руското мешање во изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Полицијата во Москва соопшти дека Анастасија е уапсена под обвинение за проституција, пренесува „АП“.

Вашукичевич беше  во еден тајландски затвор од февруари минатата година, од каде е депортирана откако се изјаснила како виновна за изнуда на пари, заедно со уште неколку лица.

На социјалните мрежи е позната како Настија Рибка, а претходно тврдела дека има снимка од рускиот олигарх Олег Дерипаска како зборува за мешањето во американските претседателски избори во 2016 година.

Споменатите снимки никогаш не ги објавила, наведува „АП“.

Мицкоски : Овие луѓе не се виновни

Денес станаа кристално јасни две работи, рече на прес конференција претседателот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан Мицкоски.

Првата е дека СДС предводен од деспотот Заев е во слободен пад, заради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад, и им следува крај и тежок пораз најпрвин на претседателските избори, а потоа и на неизбежните парламентарни избори.

Тие се свесни за тоа, свесни се дека народот не ги поддржува веќе, дека на граѓаните им е преку глава од самоволието на деспотот Заев, од неработата на министрите, од предавствата, од забеганоста на владата. Свесни се дека паѓаат, дека губат и затоа во очај, подмолно, тие сега одат на внесување на страв во општетсвото, на нова тура самоволен политички прогон.Чудовиштето на чие чело е деспотот Заев е разнишано, готово.

Го гледа својот крај и затоа е најопасно, затоа презема очајнички потег на внесување страв меѓу народот, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица, без докази, на “рекла казала“ муабет, со години после настанот за кој ги обвинуваш. Овие луѓе не се виновни. Народот е веќе разбуден и не се плаши. Заев не ти се плашиме! ВМРО-ДПМНЕ и народот не ти се плаши, рече Мицкоски.

Рускоска: Поради опасност од бегство, бараме притвор за Јанакиески и Ристоски

Во Кривичниот суд во Скопје штотуку заврши распитот на Миле Јанакиески и Спиро Ристоски кои заедно со Трајко Вељаноски доцна попладнево беа приведени под сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април.

Се очекува судот да се произнесе за барањето на Обвинителството да им се одреди мерка притвор.

Вељаноски претходно замина од судот бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Обвинителката Вилма Рускоска изјави дека барањето за притвор е поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и попречување на истрагата. Таа пред медиумите истакна дека Вељановски си заминал од судот бидејќи се повикал на пратеничкиот имунитет.

Повеќе детали Рускоска рече дека ќе бидат соопштение на прес-конференција што ќе се одржи во Обвинителството. 

Одложено одењето во затвор на поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот личен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп нема od 6 март да почне да ја служи тригодишната затворска казна.

Судот донесе одлука поранешниот адвокат на Трамп , Мајкл Коен , да почне да ја отслужува затворската казна од 6 мај.

Федералниот судија му одобри на Коен двомесечно одлагање на почетокот на служење на затворската казна , поради хируршки зафат.

Инаку , Коен беше осуден на три години затвор поради лажно сведочење пред Конгресот , како и за исплатата на поранешни сексуални партнерки на Трамп од личната сметка за да молчат за време на кампањата дека биле во врска со идниот претседател.

притисни ентер