ИЈЗ: Регистрирани 281 заболен од грип

Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 34,3 отсто споредено со втората недела од минатата сезона кога имало 428 заболени. 

 Во текот на изминатата недела (од 7 јануари до 13 јануари) се регистрирани 281 заболен од грип, што е зголемување за 43,4 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 196 случаи, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 34,3 отсто споредено со втората недела од минатата сезона кога имало 428 заболени. Активноста на вирусот на грип е под сезонското ниво, односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Најголем број заболени (198) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца од 26,7 на 100.000 жители е регистрирана кај деца на возраст до четири години. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје во Куманово (39), а највисока инциденца (104,5 на 100.000 жители) е регистрирана во Подрачната единица Дебар.

Во сезоната 2018/2019 вкупниот број заболени од грип изнесува 1.695.

Според податоците од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.942 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,2 отсто од вкупниот број на набавени вакцини. Од вкупниот број вакцинирани, 14.095 лица или 72,9 отсто се со историја на хронично/и заболување/а.

Заведува со поглед: Погледнете го ова драматично издание на Адриана Лима

Синоќа в о Лос Анѓелес е одржана гала вечерта „Hollywood For Sience” на која се појави и некогашната главна манекенка на Викторија сикрет, Адриана Лима.

Лима (37) се појави во необичен асиметричен фустан со неонски бои и уште еднаш го потврди овој тренд во модата.

Несекојдневниот краток фустан го искомбинира со проѕирни црни штикли, а драматичниот изглед го нагласи со мачкестиот ајлајнер кој допринесе Лима да изгледа многу упадливо.

Фустанот е креација на Дејвид Коме и во слободната продажба чини нешто помалку од две илјади фунти.

Foto: Getty

Видео: По 38 години повторно најдена најголемата пчела на светот

Најголемата пчела на светот е повторно пронајдена во Индонезија, откако 38 години се сметаше за исчезната.

Се работи за  Валасовата џиновска пчела, чиј примерок, последен пат бил забележан во 1981-та година. Голема е колку палец на возрасен човек и е пет пат поголема од домашната пчела.

 Ја пронашол тим од јужноамерикански и австралиски биолози, сместена во гнездо на термити на дрво.

- Беше неверојатно да се види овој летечки булдог од светот на инсектите, за кој не бевме сигурни дали се уште постои, да се види колку е навистина голем, изјавил фотографот Клеј Болт.

Единаесет новозаболени од морбили, тројца хоспитализирани

Единаесет новозаболени од морбили се регистрирани вчера, од кои тројца се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

Останатите осум се амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, информираат од таа јавна здравствена установа.

Меѓу хоспитализираните е осуммесечно бебе од Тетово невакцинирано со бронхопневмонија, 26-годишна пациентка од Тетово вакцинирана со една доза и 36-годишна пациентка од Тетово без податок за вакцинален статус со бронхопневмонија.

На Клиниката има 26 пациенти со морбили и компликации од кои 10 се возрасни, а 16 се деца.

Од осумте заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување, две се деца на возраст од една и пол година и 14 години од Скопје, а едно е петмесечно бебе од Гевгелија, кои се невакцинирани. Останатите заболени кои биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување се на возраст од 21 до 36 години и за најголем дел од нив нема податок за вакцинална покриеност, посочуваат од Клиниката. 

притисни ентер