Нова демократија: Ципрас во Парламентот ќе одговори зошто даде македонска националност и јазик

-Ако господинот Ципрас се брза за дебата, имаме предлог за него: нека распише сега, веднаш избори и на предизборните дебати, граѓаните ќе донесат свои заклучоци.

Алексис Ципрас ќе одговори во Парламентот зошто има намера да го ратификува штетниот Договор од Преспа и главно, зошто на Скопјаните им отстапи наводна македонска националност и јазик, нешто што ниту една претходна влада не го имаше помислено, велат од грчката опозициска Нова демократија во одговор на соопштението на грчкиот премиер, ја отфрлаат поканата за ТВ дуел меѓу Ципрас и Киријакос Мицотакис и одново бараат избори „за народот да одлучи за Договорот од Преспа", јави дописничката на МИА од Атина.

-Ако господинот Ципрас се брза за дебата, имаме предлог за него: нека распише сега, веднаш избори и на предизборните дебати, граѓаните ќе донесат свои заклучоци. Тогаш, Парламентот што ќе произлезе од изборите со одлука на граѓаните, да одлучи за ратификација или отфрлање на Договорот од Преспа, соопштуваат од Нова демократија.

На крајот од соопштението велат дека веројатно е грчкиот премиер да го отфрли овој нивен предлог, па затоа имаат и втор: ТВ дуелот што го предлага Ципрас, да го одржи со Панос Каменос „за отворено да разговараат за нивната врска".

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

Ајакс сака да го покани Чави за главен тренер

Раководството на Ајакс го смета тренерот на Барселона Чави како главен кандидат за тренерското место на тимот од Амстердам, објави „Sport.es“.

Холандскиот фудбалски гигант смета дека 44-годишниот шпански стручњак е способен да го врати клубот на претходното ниво и е подготвен да потпише договор со него до 2026 година.

Во јануари Чави најави дека ќе ја напушти Барселона на крајот на сезоната.

По јавно објавената одлука на Чави за заминување од Барса, тимот загуби само еден натпревар - во четвртфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ (1:4).

Чави за шеф на стручниот штаб на каталонскиот тим беше назначен во ноември 2021 година. /МИА

притисни ентер