,,Путинден” во Белград – пет најинтересни моменти од посетата на рускиот претседател (ВИДЕО)

Од економија до политика , масовен митинг и автобуси што го блокираа градот , како поминаа осумте часа од посетата на Путин во Белград, пречекан од 125 000 граѓани.

По разговорите на политички и економски теми , рускиот претседател Путин заедно со српските домаќини го посетија храмот Св. Сава , каде ги дочекаа десетици илјади граѓани од цела Србија. Делегациите положија венци на гробовите на ослободителите на Белград. Посетата ја одбележа и размената на ордени и подароци - Вучиќ доби руски орден, а Путин куче шарпланинец.

Путин во делот на политичките разговори кажа дека ја дели загриженоста на Белград во врска со настаните на Косово и дека е познат ставот на Русија врз основа на резолуцијата на Обединетите нации. Вучиќ изрази надеж дека Србија ќе добие дел од гасоводот Турски ток и евтин руски гас.

Се говореше и на неочекувани теми како што е користењето на атомска енергија во мирновременски цели, за што беше потпишан и меморандум. Изненади и договорот за соработка во вселенските истражувања , што го потпиша директорот на Руската вселенска агенција , Дмитриј Рогозин.

Белград денеска беше блокиран од автобуси , како оние што беа полни со Србите кои сакаа да го видат Путин , така и автобусите , кои не смееја да влезат во градот поради безбедносни причини. Најбројни беа партиските автобуси со слики на Вучиќ.

Александар Вучиќ од Путин доби Орден на Александар Невски , кои низ 300 годишната историја ги добиле само уште Кнез Милош и Никола Пашиќ. И како возвратен подарок , Вучиќ на Путин му подари шарпланинец , кој се вика Паша .

Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата

 Над три илјади вработени во културните институции од денеска почнуваат со протести поради неисплаќање на платата за месец март. 

Како што најавија, протестите ќе траат сѐ додека не добијат плата, усогласена со колективните договори. Во меѓувреме, се процесуираат и тужбите за задоцнета исплата.

Протестите ќе се одржуваат пред Министерството за култура секој ден од 13 часот. Согласно усогласувањето на платите со минималната плата во државава, мартовската плата треба да им биде зголемена за 12 отсто.

Претседателката на Синдикатот на културните работници Вера Атанасовска вчера на прес-конференција посочи дека сите законски рокови се пробиени и три илјади вработени во културата се уште немаат земено плата.

Таа рече и дека за неколку дена три илјади вработени во културата заедно со нивните семејства ќе останат и без здравствено осигурување.

-Сите добро знаеме дека секогаш кога се спроведуваат колективни договори и кога се даваат финансиски ветувања истите треба да бидат усогласени со Министерството за финансии. Како министерката за култура на 1 април од истото ова место ветуваше покачување на платите за март ако претходно тоа исто покачување не го договорила со министерот за финансии за сега кој да биде виновникот за неисплаќањето на платите во културата, додаде Атанасовска.

Според Атанасовска, ова не само што ја загрозува егзистенцијата на оние кои се посветени на уметноста и културата, туку го поткопува и интегритетот на нашите културни институции.

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов вчера посочи дека платите треба да се исплатат согласно колективниот договор.

Според него, недозволиво е пред избори да го бараат нивниот глас, а притоа не им бидат исплатени платите.

-Недозволиво е 15 дена пред избори да барате наш глас, а притоа да не нѐ плаќате како што треба – зборуваме за плати, не зборуваме за мито и корупција. Немаат изговор, платата најдоцна до крајот на денот доколку не легне во текот на утрешниот ден започнуваат протестите, рече Трендафилов.

Поради неисплата на плата за март за околу три илјади вработени во културата и Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) вчера на вонредна седница едногласно донел одлука в понеделник, 22 април, во 11 часот да организира протест пред Министерството за култура.

Исто така, на седницата на Советот на СОНК е одлучено да се отпочне и процедура и организација за генерален штрајк во сите установи од дејноста култура.

-Советот на СОНК изрази огромна разочараност од непостоењето, односно едностраното прекинување на социјалниот дијалог од страна на Министерството за култура. СОНК постои, силата на СОНК ќе ја почувствувате наскоро, напиша претседателот на СОНК, Јаким Неделков на Фејсбук.

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска пред две недели посочи дека нема промена во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот за култура. Напомена дека единствената промена која што е внесена во диспозитивот, е минималната плата.

Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. 

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 10 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 17 степени.

Според УХМР, за време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. Во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

Дневен хороскоп за 19.април 2024 година

Дневен хороскоп за петок, 19. април 2024 година. 

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност.

Кариера

Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себе и кон другите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка.

Кариера

Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем.

Здравје и совет

Емотивна нерамнотежа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора.

Кариера

На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Спасот е во работењето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува.

Кариера

Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно.

Здравје и совет

Држете се до законите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право.

Кариера

Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се.

Здравје и совет

Мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро .

Кариера

Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добо ве контролираат.

Здравје и совет

Јадете повеќе зеленчук.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува.

Кариера

Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте.

Здравје и совет

Намалете ги калориите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место.

Кариера

Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа.

Здравје и совет

Делата се поважни од зборовите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците.

Кариера

Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот.

Кариера

Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата.

Здравје и совет

Знаете што ви е потребно за да бидете здрави.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се.

Кариера

Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин.

Здравје и совет

Држете се до професионалните критериуми.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете.

Кариера

Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата.

Здравје и совет

Немојте да се противите .

притисни ентер