Јапонците сакаат Земјата да ја гаѓаат со вештачки метеори

Јапонската компанија Astro Live Experiences (ALE) креирала вештачки дожд од метеори , односно сателит , кој на барање на корисникот би исфрлал вештачки метеори и со тоа би го разубавиле ноќното небо.

На ракетата Епсилон од ALE веќе го испратија својот прототип во вселенатаз а да го тестираат. Од височина од 400 километри сателитот со тежина од 65 килограми би исфрлил купишта мали метални парчиња со дијаметар од околу 1 сантиметар кон Земјата.

Од што се направени металните парчиња , не е познато и се чува како деловна тајна , но се дизајнирани така што би гореле при влезот во атмосферата.

При тоа на подрачје од 200 километри би требало да се создадат многубројни шарени линии , видливи од Земјата со голо око.

Вештачките метеори би биле поголеми и подолго време би се задржале на небото отколку природните. Овој проект на јапонзката компанија се нарекува Sky Canvas или небесно платно.

Ужас во Бразил: Најмалку 20 полураспаднати тела се најдени во чамец

Најмалку 20 тела во фаза на распаѓање се пронајдени во чамец во близина на брегот на североисточниот дел на Бразил, соопштија официјални лица.

Бродот бил пронајден во близина на брегот на Браганца, североисточно од Паро, на 13 април.

Оттогаш се покренати две истраги.

Официјални лица изјавија дека најмалку 20 тела биле пронајдени во чамецот, но поради распаѓањето на телата, не е познато колкумина загинале во чамецот.

Се претпоставува дека починатите не се од Бразил, туку најверојатно од Карибите, изјавиле истражувачите за CNN Brasil.

Локалните власти соопштија дека немало неодамнешни извештаи за исчезнати Бразилци.

Новинар е убиен во трговски во Колумбија, зашто пишувал за корупција- десет луѓе немо посматраа

Новинарот Хаиме Васкез (54) е убиен во неделата во североисточниот колумбиски град на границата со Венецуела, а се претпоставува дека причината поради која бил нападнат е тоа што главно пишувал и истражувал случаи поврзани со корупција.

Тој бил адвокат, новинар и активист познат по „разоткривањето на корупцијата“ во регионот, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро на социјалната мрежа Х, поранешна Твитер.

Претседателот наредил „детална истрага“ за да се фатат сторителите на ова ужасно злосторство.

Доказите, во форма на видео снимки, објавени од колумбиските медиуми потврдуваат дека Хаиме Васкез бил убиен во неделата во продавница во Кукута пред најмалку десет сведоци.

Хаиме бил љубител на „истражување и истакнување во јавните дебати каде што даваше одговори на прашања за кои многу луѓе не сакаат да зборуваат“, рече Џонатан Мохика, пријател на Хаиме Васкез.

Новинарот правел емисии на социјалната мрежа Фејсбук во кои јавно зборувал за незаконитости во јавниот сектор и злоупотреба на овластувањата од страна на локалните власти.

„Постојано добиваше закани поради неговите откритија“, рече Мохика.

Колумбиската фондација за слобода на печатот го осуди убиството и повика на „брза и темелна истрага“.

„Работата на Хаиме Васкез, која откри неправилности во јавните договори и коруптивни практики, го направи многу познат“, соопшти Фондацијата.

Според нивните податоци, дури 163 новинари добиле закани во текот на 2023 година.

Новиот електричен Maserati GranCabrio Folgore за целосно визуелно уживање (ФОТО)

Убавицата на Maserati вози на струја, нуди врвни перформанси и целосно визуелно задоволство.

Новото Maserati е доказ дека дури и електричниот погон може да поигрува со емоциите и на најжестоките љубители на суперспортски автомобили. Кога автомобилот изгледа како новото Maserati, тогаш може да му се прости отсуството на соодветна звучна сцена, некогаш V8 мотор, а денес подеднакво импресивен V6 Nettuno.

GranCabrio ја доби верзијата Folgore, што значи дека прекрасниот кабриолет доби електричен погон. Се состои од конфигурација со три електромотори (3x300 kW) и максимална моќност од 830 КС и 1350 Nm. До 100 km/h стигнува за 2,8 секунди, а максималната е 290 km/h.

Во споредба со класичниот GranCabrio, електричната опција има малку изменет преден дел, а со тоа и поаеродинамична форма. Да го додадеме малку неочекуваниот избор на гуми со помал отпор на тркалање, сè со цел да го доведеме дофатот до попристојни вредности. Возат од 419 до 447 km со капацитет на батерија од 92,5 kWh (нето 83,5 kWh), кој може да се полни со моќност до 270 kW.

Некои модерни времиња и во кабината. Дигиталниот кокпит со 12,2-инчен екран е надграден со 12,3-инчен инфозабавен екран и дополнителен 8,8-инчен екран. Аудио системот е потпишан од Sonus, се нуди телеметрија, а опремата е првокласна.

И она што е важно, при брзина до 50 km/h, покривот се отвора за 14 секунди, по што можете да уживате во тивкото крстарење по кривулестите патишта. Истовремено, вратовите на патниците ќе се загреваат со оптимизираната клима.

притисни ентер