Илјадници ученици во Белгија наместо на училиште , отидоа на протести (ВИДЕО)

Илјадници ученици низ Белгија протестираат против климатските промени.

Над 10 000 ученици денеска не отидоа на училиште , туку се приклучија на мирните протести против глобалното затоплување.

Демонстрантите излегоа на протест и покрај силниот ветар и дождот со најава дека секоја нeдела ќе протестираат додека не се преземат мерки против климатските промени.

Децата носеа транспаренти ,,Училишен штрајк за клима” и ,,Бегаме од училиште?Не , се бориме за нашата иднина”.

Поголем број од училиштата им ги оправдаа на децата пропуштените часови.

Газета дело Спорт: Пиоли би можел да добие отказ од Милан доколку биде елиминиран од Рома во ЛЕ

Стефано Пиоли би можел да го напушти Милан доколку Рома го исфрли од Лигата на Европа.

Во првиот натпревар од четвртфиналето во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување во Европа, Рома на гости го победи Милан со 1:0.

Според „La Gazzetta dello Sport“, иднината на Пиоли во Милан зависи од исходот на реваншот, како и од резултатот на натпреварот со Интер во Серија А. Се забележува дека натпреварот со Рома ќе има посериозно влијание врз кадровските одлуки.

Доколку Милан се пласира во полуфиналето на Лига Европа, иднината на Пиоли во клубот нема да биде загрозена.

Во случај на оставка важна улога во изборот на нов тренер ќе има мислењето на Златан Ибрахимовиќ.

Пиоли е во Милан од 2019 година. Под негово водство тимот стана шампион на Италија во сезоната 2021/22. /МИА

Вучиќ го осуди нападот врз хрватските граѓани во Панчево

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го осуди физичкиот напад врз четворица хрватски државјани во Панчево минатиот викенд и додаде дека надлежните органи ќе направат сè за да ги гонат одговорните за тој инцидент.

„Тоа е недозволиво, никаде не смее да се случи такво нешто, ниту кај нас, ниту во регионот“, рече претседателот на Србија на отворањето на Бизнис саемот во Мостар.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска претходно испрати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево.

Хрватска упати протестна нота до Србија поради нападот врз нејзини граѓани во Панчево

 Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево, соопштено е денеска во Загреб.

„Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Република Србија во врска со неиспровоцираниот тежок физички напад што се случи на 13 април во Панчево, врз четворица хрватски државјани, како и врз двајца српски државјани кои дошле во нивна одбрана“, се вели во соопштението на министерството.

Хрватското Министерство најостро го осуди тој чин, кој, според достапните информации, е јасно национално и етнички мотивиран.

притисни ентер