Калеска -Ванчева: Пратениците во Собранието на Република Македонија ќе гласаат за усогласениот текст на реформскиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси

Денеска пратениците во Собранието на Република Македонија ќе гласаат за усогласениот текст на реформскиот Закон за спречување на корупцијата и судир на интереси.

Закон со којшто конечно Македонија ќе добие силна и независна институција за борба против корупцијата.

Пратеничката група на СДСМ и на Коалицијата не отстапи од ставот да добиеме квалитетна законска рамка, којашто ќе овозможи функционирање на стручно, целосно независно антикорупциско тело, оневозможувајќи какви било партиски притисоци и злоупотреби.

Новата Државна комисија за спречување на корупцијата добива сериозни надлежности во контролата на финансирањето на политичките партии и во време на изборна кампања, но и во следење на законитоста на нивното редовно финансирање.

Со новото законско решение се врши допрецизирање на одредбата која овозможува директен увид во банкарските сметки, но само по покрената постапка.

Се овозможува увид во базите на податоци од 17 институции, меѓу кои и МВР, УЈП, Катастар, Царина, Централен регистар, Комисија за хартии од вредност…

Особено треба да се нагласи зајакнувањето на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата. Се формира Секретаријат кој ќе обезбеди неспречено спроведување на надлежностите, се зајакнува финансискиот капацитет на Комисијата, но и на вработени за кои се обезбедува додаток на плата до 30 проценти.

Вака усогласениот Предлог закон кој, верувам дека денеска едногласно ќе го усвоиме, обезбедува строги и прецизни критериуми за избор на нов состав на ДКСК. Мора да се нагласи дека за прв пат во историјата на Република Македонија ќе имаме јавно интервју на кандидатите, кое ќе се пренесува на собранискиот канал.

Истовремено, создаваме услови за целосна департизација на ова тело, со тоа што се оневозможува секој кој имал каква било врска со одредена политичка партија во последните десет години да се кандидира за член на ДКСК.

Со Предлог законот се врши усогласување со правото на ЕУ во областа на правосудството и фундаменталните права, а вклучени се и препораките на ГРЕКО, на експертските извештаи и на извештаите на ЕК за напредокот на земјата од 2015 и 2016 година.

Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата е убедена дека преку конструктивен и ефикасен процес ќе избереме нов состав на Антикорупциската комисија, која непречено ќе го следи изборниот процес што следува.

Снежана Калеска -Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата

Новиот италијански премиер би можел да биде екстремен десничар

Италија се најде среде драматичен политички потрес по оставката на премиерот Џузепе Конте.

Вечерва претседателот Серџо Матарела ја прифати оставката на Конте , што значи и дека официјално падна владата на Италија. ,,Оваа влада завршува тука” , порача денеска пред Сенатот досегашниот премиер Конте. Тој на чело на владата дојде како непартиски човек , компромисно решение на коалициските партнери од Движењето 5 ѕвезди и партијата Лига.

Конте во последдното обраќање во Сенатот се нафрли на лидерот на Лига и министер за внатрешни работи , Матео Салвини , кого го обвини за опортунизам , кој ја предизвикал кризата на владата, што може да предизвика сериозни проблеми во земјата.

,,Тој ги гледа само своите и интересите на својата партија. Да се повикуваат гласачите секоја година на избори е неодговорно.” , рече Конте.

Токму Салвини кој ја испровоцира верижната реакција што доведе до пад на владата кога тој се повлече од коалицијата на 8 август. Иако Салвини, според „Гардијан“, се надевал дека коалицијата и владата веднаш ќе паднат и ќе следат предвремени избори, владата сепак издржа уште 12 дена, но нејзиниот пад сега беше неминовен.

Лига имаше намера да го собори сопствениот премиер со гласање недоверба, но Конте ги претрка со денешната објава за оставка.

Покрај за нелојалност, Конте го обвини неговиот контроверзен министер и за „опседнатост“ со затворање на италијанските пристаништа за мигранти. Најновиот во низата расправии во владејачката коалиција дојде веднаш откако Конте одби да ја потпише забраната на Салвини за пристанување на хуманитарниот брод „Оpen Arms“, натоварен со мигранти спасени во Средоземното Море до пристаништето на италијанскиот остров Лампедуза.

Но, вистинската  причина за распадот на коалицијата меѓу популистите од М5С и националистите од Лига е промената во рамнотежата на моќта. Имено, М5С, со дури 227 пратеници споредено со 124 на Лига, беше победник на парламентарните избори во 2018 година и доминантна партија во коалицијата.

Лидерот на М5С, Луиџи ди Мајо, кој стана вицепремиер и министер за економски развој, остана во сенката на Салвини. Како втор потпретседател и министер за внатрешни работи, тој се здоби со поголема популарност со остар став кон мигрантската криза, особено забраната за пристигнување мигранти од бродовите на невладини организации што ги спасуваа во Средоземното Море и потоа ги транспортираа до италијанскиот брег.

Со агресивна самопромоција и пренесување на незаборавни политички пораки на социјалните мрежи и политички митинзи низ целата земја, Лига на Салвини експлодираше според популарноста на анкетите .

Салвини им се претставува на Италијанците како човек од народот, ветувајќи им заштита на нивниот италијански идентитет, запирање на масовната имиграција, но во исто време запирање на демографскиот пад на Италија, предизвикан, како од преселбите на други места во Европа, така и од ниската стапка на наталитет . Ова, во комбинација со континуираните вербални напади кон левицата, мигрантите, Ромите, муслиманите, како и папата Франциск околу неговите повици за помош на мигрантите, се покажа како рецепт за успех.

Дека Лига и М5С практично го заменија односот на гласови што ги добиваат, дефинитивно беше потврдено на изборите за Европскиот парламент во мај. Лига доби дури 34% од гласовите, а М5С само 17%, зад поранешниот премиер на централнолевичарската Демократска партија, Матео Ренци, кој доби 23%.

Покрај тоа, од тогаш Лига само продолжи да расте и во моментов има околу 38% на анкетите, додека М5С продолжува да опаѓа. Значи, не е изненадувачки што Салвини реши да не чека уште три години, туку да се ослободи од своите владини партнери, исто како што раскина без премногу двоумење со коалицијата Форца Италија на поранешниот премиер и основач на современиот италијански популизам Силвио Берлускони.

Доколку се исполнат прогнозите , Италија би станала прва земја во Европа со ултрадесничарски премиер и влада во поновата историја. 

Екстремни нивоа на микропластика на северот на Атлантскиот Океан (ВИДЕО)

Во Атлантскиот Океан има море без брег , Саргаското Море , кое е дефинирано со океанските струи , а сега е тема за загриженост во научниот свет.

Во самото Саргаско Море нема морски струи и затоа водата во него е мирна и до сега речиси кристално чиста со проѕирност до 60 метри.

Но , еколозите во ова море најдоа огромна пловечка дамка од отпад , што го донеле морските струи од земјиоте покрај Атлантскиот Океан.

Во оваа огромна пловечка депонија се крие и екстремно големо количество на микропластика, пто завршува во шкргите на во стомаците на морските животни.  

Од Гринпис најдоа големи колечества пластично ѓубре во ова море , како шишиња , кеси и рибарски мрежи. Кога еколозите се нурнаа во водата , околу нив почнаа да светкаат мали парчиња пластика , што го уништува живиот свет. Иако испитувањата се во тек , наведуваат дека во еден примерок вода се најдени 1 300 фрагменти на микропластика , што е повеќе и од количеството во страшната депонија на Пацификот.

„На подрачјето каде се наоѓаат алгите Саргасум и каде што зедовме најголем дел од примероците, забележавме многу парчиња пластика испреплетени во алгите“, рече морскиот биолог Селија Оједа, укажувајќи на мали парчиња кои лебдат на површината на секој примерок.

„Бојата на морето е убава, сина. Но, кога ги анализирате примероците, вие сте шокирани од количината на регистрирана микропластика“, додаде таа.

Најмалку 13 туристи загинаа во автобуска несреќа во Лаос (ВИДЕО)

Најмалку 13 кинески туристи загинаа во сообраќајна несреќа , кога патнички автобус слета од патот во Лаос.

Во несреќата се повредени уште 31 лице , соопшти кинеската амбасада од главниот град на Лаос , Виентијан.Во моментот на несреќата во автобусот имало 44 кинески туристи , како и возач и водич , државјани на Лаос. Тие се здобиле со помали повреди.

Несреќата се случила кога автобусот , возејќи на надолнина на тесен пат во близина на историското место Луанг Прабанг , излетал од патот.  

притисни ентер