Костадинов: Економските политики успешни, со влезот во НАТО забрзување на економскиот раст

Бројни економски показатели секојдневно докажуваат дека со успешните економски политики и придвижувањето на интегративниот процес, економијата е веќе на здрави основи и се движи во вистински правец.

Растот на просечната плата во 2018 година изнесува 5,7 отсто и е за дури трипати поголем од просечниот раст во последните пет години, покажуваат официјалните податоци на Министерството за финансии. Платите растат, се повеќе пари завршуваат кај граѓаните, во секое семејство.

Напредокот во интеграцијата кон ЕУ и НАТО ја врати довербата во македонската економија, го врати оптимизмот кај инвеститорите.

Доказ за тоа е растот на прометот на Македонската берза кој во 2018 бил за речиси 120 отсто поголем од прометот остварен во 2017 година.

Со приближувањето до полноправно членство во ЕУ и НАТО, Македонија станува сигурна, атрактивна и посакувана дестинација за туристите. За првпат во историјата на независна Македонија, во 2018 година, без месец декември, во државата престојувале над еден милион туристи.

Ова само дел од низата параметри што ја покажуваат успешноста на економските политики и значењето на процесот на интеграција за развој на економијата.

Со влезот во НАТО што е веќе извесен, овие показатели дополнително ќе растат.

Влезот во НАТО и почетокот на преговорите со Европската унија ќе го забрзаат економскиот раст, македонската економија ќе стане уште поконкурентна и поатрактивна за инвеститорите, ќе растат инвестициите, платите, работните места, а со тоа и индустриското производство и извозот.

Кога зборуваме за ЕУ и НАТО, за обезбедување светла иднина, зборуваме за економски напредок, повеќе пари кај граѓаните, раст и развој.

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и политиките на интеграција, стабилност и развој се во интерес на граѓаните, економијата и напредокот на државата.

Од друга страна политиките на поделби, блокади и кочење на процесите за членство во НАТО и ЕУ што ги застапуваат антизападните маргинални групи и Христијан Мицкоски се на директна штета на граѓаните и напредокот.

Како одговорна партија остануваме посветени на заложбите за интеграција, напредок и економски раст. Продолжуваме со спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

Во Србија се уапсени 17 лица, кои правеле и продавале лажни дипломи од факултети и училишта

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи.

Припадници на МВР, УКП, Служба за борба против организиран криминал, по наредба на Јавното обвинителство за организиран криминал, привеле 17 лица припадници на две организирани криминални групи, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела здружување заради сторени кривични дела и фалсификување исправи во продолжено време, а четворица уапсени од овие ОКГ се товарат и за кривично дело злоупотреба на службената положба, објави Телеграф.

Уапсени се Р.Б.(1959), А.Б.(1988), Б.Д.(1976), С.К.(1984), Б.Ѓ. (1963), Д. Г. (1954), С. К. (1961), И. Д. (1994), М. Б. (1951), М. П. (1956), З. Н.П.(1969), В.С.(1984) и Л.Р.С. (1968).

Во периодот од април 2023 година до денес, осомничените во илегална печатница на територијата на Белград направиле повеќе од 400 лажни јавни исправи - договори, полномошни, дипломи од средни, високо и високообразовни установи, со намера дека клиентите да ги користат како што се направени и стекнати на легален начин. На овој начин, како што се сомнева, прибавиле противправна имотна корист од над 12 милиони динари. Меѓу уапсените се и две лица вработени во Министерството за државна управа и локална самоуправа, како и едно лице вработено во МВР, кои се осомничени дека ја искористиле службената положба за вршење проверки преку затворените бази на матичната евиденција, за лица за кои се изготвени фалсификувани документи. Исто така, уапсено е и едно лице вработено во Министерството за образование, за кое се сомневаат дека искористувајќи ја службената положба со овие фалсификувани документи, за одредена сума пари вработувал лица во државни институции.

Осомничените со кривична пријава ќе бидат изведени до надлежното Јавно обвинителство за организиран криминал.

ДИК : Силјановска Давкова со 37,80 % , Пендаровски 18,66 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 59,61 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,80%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,66 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 15,63 % , Максим Димитриевски 8,09% , Арбен Таравари 11,39 % , Билјана Ванковска 4,49 % и Стевчо Јакимовски 0,96%.

Стево Пендаровски

97.592 | 18,66%

Гордана Сиљановска Давкова

197.741 | 37,80%

Стевчо Јакимовски

4.997 | 0,96%

Бујар Османи

81.748 | 15,63%

Билјана Ванковска Цветковска

23.472 | 4,49%

Арбен Таравари

59.591 | 11,39%

Максим Димитриевски

42.296 | 8,09%

(21.05 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 61% : Силјановска 246977 , Пендаровски 115722гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 60 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 130.000 гласови пред Пендаровски

притисни ентер