Фото: Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Белград

Авионот на претседателот на Русија Владимир Путин предмалку слета на аеродромот Никола Тесла во  Белград  во целодневна посета на Србија.

Високиот гостин на белградскиот аеродром  беше пречекан од неговиот  домаќин српскиот претседател Александар Вучиќ.

Авионот со претседателот на Руската федерација Владимир Путин слета на аеродромот Никола Тесла  во придружба на шест српски воени авиони МИГ 29 .

Вејсели: Посакувам да се опаметат , Реџепи е поглавар на ИВЗ

Членот на ријасетот на ИВЗ , Мухамед Вејсели вели дека не може судот да именува поглавар на Исламската верска заедница

Нема оставка , крајниот збор го има ријасетот на ИВЗ , вели членот на ријасетот и директор на Агенцијата за Халал , Мухамед Вејсели  по веста дека поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи со судска одлука не е веќе прв човек на ИВЗ.

Реџепи ќе ја врши функцијата се додека ја има довербата од ријасетот на ИВЗ, вели Вејсели.

Според Вејсели , не може да се именува поглавар на ИВЗ со судска одлука. ИВЗ е самостојна автониомна институција и согласнио Уставот на ИВЗ ниеден орган не може да одлучува кој ќе биде поглавар. Ќе се одржи седница на ријасетот на ИВЗ. Сите муфтии се членови на ријасетот и затоа треба време да пристигнат.  

Претходно , со одлука на Основниот суд Скопје 2 , Скендер Бузаку е нов поглавар на ИВЗ наместо реис ул улемата Сулејман Реџепи.

Бомбашот што уби стотици во црква во Шри Ланка застана за да погали девојченце (ВИДЕО)

Полицијата на Шри Ланка објави видео од безбедносните камери , на кое се гледа движењето на еден од бомбашите, кои уби стотици верници среде Велигденската миса во неделата наутро.

Експлозијата што ја предизвика бомбашот на снимката е најсмортоносната , зашто тој со експлозивот во ранецот седна меѓу верниците во црквата, за по неколку минути дас е разнесе и себеси и сите околу него.

На снимката се гледа маж во ранец како се движи кон црквата. Додека оди , пред да влезе здогледува девојченце и го погалува. Потоа седнува меѓу верниците и ја активира бомбата.

Во бомбашките напади во неделата во три цркви и хотели загинаа 321 верник , од кои 45 се деца. над 500 се повредени од кои над 400 се во болници и голем број од нив се во критична состојба.

Интервју со Билјана Ивановска, првиот човек на ДКСК

Вечерва во „Само вистина“ гостин беше Билјана Ивановска, првиот човек на ДКСК.

Слабата законска регулатива генерира непотизам – мора да најдеме начин како да го промениме системот за да не се пречекоруваат законите кога се вработува во државните фирми, вели Ивановска.

Со новиот закон како институција имаме повеќе ингеренции, но не е доволно. Ни недостасува повеќе кадар кој ќе биде доброквалификуван и повеќе средства со кои ќе располагаме, вели претседателката на ДКСК.

Не ме плаши позицијата прв човек на Антикорупциска. Се надевам дека ќе се зголеми свеста за системот на вредности и дека чесноста конечно ќе стане во мода,  заклучува Ивановска.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

притисни ентер