Шпанија убедливо ја порази Македонија

Машката ракометна репрезентација на Македонија загуби од Шпанија со 32-21  и го претрпе вториот пораз на Светското првенство во Германија и Данска.

Последната шанса за пласман во вториот круг останува Исланд ,против кого нашите ракометари ке играат утре во Минхен.

Најдобрите македонски ракометари се обидоа да дојдат до позитивен резултат против Шпанија но сетот тоа остана на обид па се помирија со 32-21 вториот пораз на Мундијалот.

Македонија одигра извонредно квалитетно прво полувреме во кое постојано беше во водство но на крајот го загуби со 13-12. На голот кај нас блескаше Никола Митревски но и Варгас кај Шпанците.

Двајцата беа брилијантни но карактеристика на првиот дел беа и големиот број промашени зицери на двете страни. Шпанија фуриозно го почна вториот дел со серија 5-0 по што стана јасно дека вториот пораз во Минхен е неминовен.

Во продолжение Раул Гонзалес ги штедеше силите за утре за решавачкиот дуел со Исланд за пласман понатаму. Исланѓаните денеска ја совладаа Јапонија со 25-21, а Хрватите рутински триумфираа над Бахреин со 32-20.

Утрешниот дуел со Исланд ке се игра во Минхен во 18 часот ,а веднаш потоа за првото место во групата ке се борат Шпанија и Хрватска.

Фото: Ким Кардашијан без ботокс!!

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан на своите фанови на социјалните мрежи им сподели спомени од младоста, стари фотки и модни комбинации.

-Чувам се, а за време на карантинот исто така ги организирав фотографиите . Пронајдов свои стари модни комбинации. Толку многу добри работи има тука. Дали се сеќавата не некои од нив?Или можеби изгоретините кои ги добив во Мексико, се пошегувала Ким на својот Инстаграм профил.

Но, голем дел од нејзините фанови веднаш забележале дека Ким на фотографиите е природна и нема ботокс.

Во Србија 287 новозаразени, 11 починати

Во последните 24 часа во Србија  на коронавирус тестирани се 4050 лица, од нив позитивни на Ковид -19  се 287 лица.

Во последното деноноќие се регистрирани 11 починати лица.

Во болниците во Србија во моментот на респиратор се приклучени 144 пациенти.

Фото: Карлеуша повторно во минијатурно бикини

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно ги израдува своите фанови на социјалните мрежи.

Популарната Карли уште еднаш покажа дека иако има 41 година нема никакви проблеми да се соблече во најмалото бикини.

Бикини кое покрива само мал дел од нејзините бујни облини.

Атрактивната Јелена без проблеми во минијатурно бикини се обиде да вози и велосипед.

притисни ентер