МНР со вербална нота до грчкиот амбасадор за завршените уставни измени

МНР соопшти дека ја информирале Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија дека се исполнети внатрешно правните услови за влегување на сила на Конечната спогодба и измените во Уставот.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, на шефот на Канцеларијата за врски на Грција во Република Македонија, му беше предадена Вербална нота со која, согласно членот 20 став 3 од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) И 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (Конечната спогодба) се информира грчката страна дека во Република Македонија се исполнети внатрешно правните услови за влегување во сила на Конечната спогодба и дека Собранието на Република Македонија на 11 јануари 2019 г. ја усвои Oдлуката за прогласување на амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVIна Уставот на Република Македонија и Одлуката за прогласување на уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија.

Царинските службеници во Грција ќе одржат 48-часовен штрајк следната седмица

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк.

Дводневен штрајк за 2 и 3 април закажаа грчките царинските службеници, што ќе влијае и на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, поради 48-часовниот штрајк на цариниците целосно ќе биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, додека пак во однос на автомобилите, не е исклучена можноста возилата повремено да се пропуштаат, нешто што ќе се дефинира и појасни непосредно пред почетокот на штрајкот.

Паоло Малдини би можел да се врати во Милан

Легендата на Милан, Паоло Малдини може да се врати во клубот.

Според „pianetamilan.it“ под фотографијата објавена од сопругата на Малдини, Адријана, се појавило прашање дали да го очекуваме функционерот во клубот од Милано. Сопругата на Малдини стави смајли што може да се протолкува како „наскоро“.

Милан го отпушти Малдини во летото 2023 година. Неговите играчки денови во Милан траеја од 1984 до 2009 година. Во овој период со клубот освои 26 трофеи, од кои седум победи во италијанското првенство и пет во Лигата на шампионите.

Малдини ја презеде функцијата технички директор во 2019 година, а од 2018 година работи како директор за стратешки развој. Вкупно, тој помина 36 години во Милан во различни статуси.

Саудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис Универзум

Саудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот.

Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина.

- Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил.

Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија.

Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.

притисни ентер