ЕК: Нема отворање нови преговори за Брегзит

Европската Комисија повтори попладнево дека нема да почнува нови преговори за веќе постигнат договор за разделување на Британија од ЕУ.

Сепак , од Европската Комисија не исклучуваат можност за преговори за политичка декларација , што би ги содржела идните насоки на односите на двете страни. Портпаролот на Комисијата , Маргаритис Шинас рече дека би можело да се разговара за содржина на политичка декларација , која е усогласена паралелно со договорот за раздружување.

Претходно, на пленарна седница на Европскиот Парламент во Стразбур , главниот ењвропски преговарач , Мишел Барние рече дека ЕУ е подготвена да разговара за идните односи , кои би биле поскромни од обичен договор за трговија.

Тоа сепак зависи од црвените линии на Британија , за кои велат дека нема да ги преминат. Под тоа се подразбира дека не сакаат да бидат дел од единствениот пазар и царинската унија.  

Бомбашот што уби стотици во црква во Шри Ланка застана за да погали девојченце (ВИДЕО)

Полицијата на Шри Ланка објави видео од безбедносните камери , на кое се гледа движењето на еден од бомбашите, кои уби стотици верници среде Велигденската миса во неделата наутро.

Експлозијата што ја предизвика бомбашот на снимката е најсмортоносната , зашто тој со експлозивот во ранецот седна меѓу верниците во црквата, за по неколку минути дас е разнесе и себеси и сите околу него.

На снимката се гледа маж во ранец како се движи кон црквата. Додека оди , пред да влезе здогледува девојченце и го погалува. Потоа седнува меѓу верниците и ја активира бомбата.

Во бомбашките напади во неделата во три цркви и хотели загинаа 321 верник , од кои 45 се деца. над 500 се повредени од кои над 400 се во болници и голем број од нив се во критична состојба.

Интервју со Билјана Ивановска, првиот човек на ДКСК

Вечерва во „Само вистина“ гостин беше Билјана Ивановска, првиот човек на ДКСК.

Слабата законска регулатива генерира непотизам – мора да најдеме начин како да го промениме системот за да не се пречекоруваат законите кога се вработува во државните фирми, вели Ивановска.

Со новиот закон како институција имаме повеќе ингеренции, но не е доволно. Ни недостасува повеќе кадар кој ќе биде доброквалификуван и повеќе средства со кои ќе располагаме, вели претседателката на ДКСК.

Не ме плаши позицијата прв човек на Антикорупциска. Се надевам дека ќе се зголеми свеста за системот на вредности и дека чесноста конечно ќе стане во мода,  заклучува Ивановска.

Бузаку: Од утре сум нов поглавар на ИВЗ врз основа на судско решение и внатрешни акти

Скендер Бузаку денеска во изјава за медиуми најави дека од утре тој е новиот поглавар на Исламската верска заедница.

Како што истакна тој ќе раководи со Исламската верска заедница согласно судско решение и сите внатрешни акти.

Информира дека ја известил и финансовата полиција која треба да направи увид на досегашното работење на поглаварот Сулејман Реџепи во Исламската верска заедници.

Како што рече очекува мирно преземање на раководењето со ИВЗ и оцени дека сета постапка досега е направена во демократска атмосфера

притисни ентер