СДСМ:Портпаролот на Бачев, Христијан Мицкоски бадијала се дообјаснува, нека се спрема за пораз на какви било избори

Мицкоски повторно си ги дообјаснува своите интервјуа преку видеа на социјалните мрежи, очигледна е конфузијата во којашто е тој и неговата антизападна ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во реакцијата на изјавата на лидерот на ВМРО - ДПМНЕ.

Тажно, мачно и црно во Македонија беше кога ВМРО-ДПМНЕ расипнички и криминално ги трошеа парите на граѓаните, Македонија беше заробена и во изолација, а Христијан Мицкоски го советуваше Никола Груевски, тогашниот и сегашниот негов шеф.

За време на тоа режимско владеење беше мачно и црно во Македонија затоа штограѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.

Токму во тоа црно време за граѓаните пионот Христијан Мицкоски добиваше бизниси со хидроцентрали од Никола Груевски и свесно ја игнорираше маката на граѓаните.

Но, Македонија и нејзините граѓани ставија крај на црнилата на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните одбраа иднина во ЕУ и НАТО со заштитен и загарантиран македонски идентитет, македонски јазик и посебност признаени од целиот свет.

Кога ќе има избори не зависи од желбите на пионот и портпарол на Бачев Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата.

Но кога и да се случат предвремени парламентарни избори, Мицкоски нека се подготви за пораз, исто толку тежок пораз каков што ќе доживее и неговиот кандидат за претседател.

Граѓаните никогаш повеќе нема да дозволат нов Иванов или нов Груевски, се наведува во реакцијата на СДСМ. .

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

Актуелниот парламентарен состав треба да одржи седница за инаугурација на новиот претседател

Актуелниот парламентарен состав треба да одржи седница за инаугурација на новиот претседател, нов Парламент до 28 мај.

Најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарен состав, согласно новиот Деловник на Собранието. Седницата ќе трае најмногу три дена, а треба да ја свика сегашниот претседател на Собранието Јован Митрески. Доколку тој не го стори тоа, на 21 ден по изборите седницата ќе ја свика најстариот пратеник и ќе претседава со седницата до изборот на нов спикер. Претседател на новиот параментарен состав, согласно роковите од новиот Деловник, се очекува да биде избран најдоцна на 1 јуни.

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска на средба со новинарите информираше дека тој исто така до 12 мај треба да ја свика и седницата за инаугурација на новиот претседател, по изборите на 24 април и евентуален втор круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

Во Собранието денеска треба да започне последната нова пленарна седница и да заврши до утре, а закажани се и продолженија на неколку други седници. Митрески нагласи дека на седницата е предложена Декларација за одбележување на четвртата годишнина од НАТО и 75 години од основање на Алијансата. Претседателот на Собранието смета дека е многу значајно да се донесе оваа Декларација на самиот крај овој мандатен состав и со тоа ќе остават порака за идните пратеници.

Тој вели дека има простор до почетокот на кампањата за претседателските избори следната недела за седница за евентуални итни прашања. Додека трае изборната коампања не планира да свикува седници и сите други активности на Собранието ќе бидат сведени на неопходниот минимум со цел да се избегне можноста за злоупотреба на собраниската говорница. Митрески посочи дека ова се редовни парламентарни избори и дека согласно Уставот, Собранието не е распуштено и останува во постојано заседание.

За време на овој парламентарен состав 2020-2024 закажани се 149 седници, 102 се завршени, а 46 незавршени. Донесени се 548 закони. Имајќи ги предвид и другите акти, одлуки и извештаи вкупниот број е 832. Не се донесени 130 акти кои се влезени во процедура и не се завршени.

Во мандатот на Митрески што започна на 26 јануари, донесени 72 закони и одлуки.

притисни ентер