Австрија поради Брегзит ќе изгуби 650 милиони евра

Повлекувањето на Велика Британија од ЕУ ќе предизвика големо оптоварување на буџетите на земјите-членки на Унијата, а само Австрија ќе ја чини околу 650 милиони евра.

Според австриските медиуми, ниту една варијанта за излез на Лондон од ЕУ нема да биде евтина за Унијата.

Најголем губитник ќе биде Велика Британија, бидејќи експертите оценуваат дека земјоделството на таа земја во наредните 15 години ќе расте за осум отсто помалку отколку Лондон да остане во ЕУ.

Велика Британија е втор по големина нето-уплатник во буџетот на ЕУ.

Во случај на „тврд“ Брегзит од април до крајот на 2020 година наеднаш ќе недостигаат 16,5 милијарди евра.

Поради тоа, Австрија ќе мора да уплати околу 500 милиони евра дополнително во буџетот на ЕУ.

Австриската Влада одбива дополнителни оптоварувања за потребите на буџетот на ЕУ.

Во Велика Британија моментално работат 250 австриски претпријатија, кои вработуваат околу 55.000 Британци, на кои, според претставникот на Стопанската комора на Австрија во Лондон, Кристијан Кесберг, нема да имаат големи оптоварувања.

Меѓутоа, некои претпријатија веќе предупредија дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ за нив ќе биде „вистинска катастрофа“.

Австриските медиуми посочуваат дека во случај на „тврд“ Брегзит, кој сега е извесен по одбивањето на договорот со ЕУ во британскиот Парламент, ќе дојде до хаос на границите, бидејќи ќе се зголемат царините.

Инаку, Австрија и Велика Британија извезуваат стока во вредност од четири милијарди евра, на што мора да се плати царина во висина од околу 150 милиони евра.

Најмалку 13 туристи загинаа во автобуска несреќа во Лаос (ВИДЕО)

Најмалку 13 кинески туристи загинаа во сообраќајна несреќа , кога патнички автобус слета од патот во Лаос.

Во несреќата се повредени уште 31 лице , соопшти кинеската амбасада од главниот град на Лаос , Виентијан.Во моментот на несреќата во автобусот имало 44 кинески туристи , како и возач и водич , државјани на Лаос. Тие се здобиле со помали повреди.

Несреќата се случила кога автобусот , возејќи на надолнина на тесен пат во близина на историското место Луанг Прабанг , излетал од патот.  

Загина работник по пад од кран на зградата на ФФМ

Попладнево по пад од кран на зградата на ФФМ во Ново Лисиче , загина 56 годишен работник од Скопје.

Работникот на 56 годишна возраст паднал попшладнево околу 16 часот од зградата на ФФМ , каде бил качен на кран и ги чистел прозорците. Тој починал на самотот место и биле неуспешни обидите на докторите од Брзата помош да го реанимираат.

МВР потврди дека лицето В.П од Скопје паднало и починало на лице место додека извршувало градежни работи на зградата, а надлежен јавен обвинител работи на утврдување на причините за несреќата.

Саудијките добија уште едно право – може да патуваат без дозвола од сопругот

Саудиска Арабија донесе уште една кралска уредба , со која на возрасните жени им се дозволува да патуваат без дозвола од сопругот.

Властите започнаа со укинување на ограничувањата во последните години. Минатата година ја укинаа забраната со која на жените не им беше дозволено да возат . Серија кралски уредби беа донесени во текот на овој месец бидејќи кралството е под зголемена контрола за злоупотреби на човековите права.

Саудискиот пасош може да му се издаде на секој граѓанин кој аплицира за тоа, а на секое лице над 21 година не му е потребна дозвола за патување, се наведува во денешната уредба.

За прв пат, на жените им се гарантира право да пријават раѓање на своето дете, да аплицираат за брак или развод, да бараат официјални документи за семејството или да станат старатели на малолетни лица.

Еден саудиски весник објави дека повеќе од 1000 жени од источната провинција на Саудиска Арабија заминале вчера без дозвола за старателка во она што се чини дека е прва примена на новите правила.

притисни ентер