Ѕанакопулос: Владата има цел Договорот од Преспа да добие над 151 глас

Целта на Владата во Грција е Договорот од Преспа да помине со најмалку 151 глас.

Целта на Владата е Договорот од Преспа да помине со најмалку 151 глас, технички ова не е потребно, но мојата проценка е дека додека да дојде договорот, во следниот период ќе имаме време јавно да дискутираме за позицијата на секој поединечно, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчката телевизија „Open", јави дописничката на МИА од Атина.

Ѕанакопулос рече дека не може да одреди конкретен датум кога Договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент, но потенцираше дека нема да задоцни.

-Треба да правиме по еден чекор. Денес се наоѓаме во фаза во која грчкиот Парламент расправа за гласање доверба, што ја побара премиерот. Штом заврши овој процес, премиерот ќе одлучи за конкретното време за доставување на договорот. Во овој момент не можам да одредам конкретен датум, но мојата проценка е дека нема да задоцни, рече Ѕанакопулос во утринското интервју.

За написите во грчките медиуми дека пратеничката група на Река, по заминувањето на Данелис, можеби ќе смени позиција или пак може да отсуствува од гласањето за ратификацијата, портпаролот на грчката Влада рече потсети дека токму Договорот од Преспа беше причината, Река да се повлече од коалицијата Движење на промена.

Во однос на денешното гласање доверба, тој објасни дека Владата не бара 151 глас само за да го заврши мандатот, туку и да заврши одредени политички иницијативи. /МИА

Именувани тројца судии и двајца бранители на Судот на правдата на ЕУ

Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) именуваше тројца судии и двајца бранители на Европскиот суд на правдата. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за Германецот Томас фон Данвиц и Летонката Инета Зимеле, кои се реизбрани за судии, како и за Французинот Стефан Жервасони, кој првпат е именуван за судија на Судот на правдата.

Членовите на КОРЕПЕР, исто така, го реизбраа Французинот Жан Ришар де ла Тур за бранител во Судот, а на ова должност во прв мандат е именуван и Луксембуржанецот Дин Шпилман.

Именувањата се извршени во рамки на процесот на делумна обнова на составот на Судот на правдата на ЕУ. Мандатите на петмината именувани ќе траат од 7 октомври 2024 година до 6 октомври 2030 година.

Судиите и бранителите на Судот на правдата на ЕУ се назначуваат со согласност на владите на земјите членки на Унијата, по консултации со посебен панел одговорен за давање мислење за соодветноста на потенцијалните кандидати за извршување на должностите. Тие се избираат од редовите на истакнати правници, кои претходно извршувале високи функции во правосудните системи на своите матични земји.

Баерн го вброи Емери во кандидатите за тренерската позиција

Актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен размислува за следната сезона на тренерското место да го донесе предводникот на Астон Вила, Унаи Емери.

Според „TZ“ тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е главна цел на клубот од Минхен, но поради силниот интерес за Шпанецот од Ливерпул, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јирген Клоп, германскиот клуб размислува за други опции.

Претходно беше објавено дека Баерн размислува и за Роберто Де Зерби од Брајтон, како и за селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Во февруари, Баерн најави заминување на главниот тренер Томас Тухел од клубот на крајот на сезоната 2023/24.

Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

 Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски.

Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори, соопшти владината прес-служба.

Џафери на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. Притоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.

Од страна на јавниот обвинител Коцевски беше поздравена оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес. Коцевски изрази целосна поддршка за активностите за препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.

Заеднички е констатирано дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес. И во таа насока е потенцирана улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Нагласено беше очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност, се вели во соопштението од владината прес-служба.

притисни ентер