Тврдеше дека знае како Русите му помогнале на Трамп ,а сега е окована во синџири на Тајланд

Манекенка од Белорусија , која тврдеше дека има докази како Русите му помогнале на Доналд Трамп да стане претседател , денеска се појави во синџири на суд во Тајланд , зашто држела ,,курсеви по секс”.

Анастасија Вашукевич , позната како ,,Настја Рибка” е во притовр од минатиот февруари по апсењето во рација во туристичкото место Патаја на Тајланд. Таа се ртовари за седум кривични дела , меѓу кои и проституција.

Рибка отпатувала на Тајланд по скандалот со рускиот алуминиумски милијардер Олег Дерипаска , поранешен соработник на некогашниот водител на кампањата на Трамп, Пол Манафорт. Манекенката во необичен исказ кажа низа детали за вмешаноста на Кремљ во претседателските избори во САД.

Но , бидејќи немаше докази , нејзиното тврдење беше прикажано како забава за јавноста.

Полицијата на Тајланд , откако ја уапси манекенката тврди дека таа и нејзиниот гуру , Русинот Алекс Кирилов , прекршиле неколку закони за пристојно однесување. Кирилов , пак тврди дека некој наредил апсење на Рибка , а смета дека тоа е Вашингтон.

Таа напишала и книга за заведување милијардери , па за тоа има проблем и со руските закони и се плаши од депортирање во Русија.

Дерипаска лани доби судски спор против Рибка поради нарушување на приватност , зашто таа објавила видео во кое се гледа како Дерипаска се дружи со потпретседателот на руската влада, Сергеј Прихотка.

Отворање на изложбата „Интимност и интерконекција“ во Куманово

Зимскиот салон од Штип ќе гостува во Куманово со изложбата „Интимност и интерконекција“ која ќе биде претставена во уметничката галерија во градот.

Отворањето на изложбата е вечер во 19.30 часот, а посетителите ќе имаат можност да ја посетат до 8 мај.

-Сметаме дека ваквите претставувања на изложбите на ДЛУМ се од голема важност бидејќи ДЛУМ се состои од членови од цела Македонија, велат од Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Следната поставка на оваа изложба се планира да биде во Музеј Битола.

Премиера на „Паника“ во Велешкиот театар

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ вечерва во 21 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ на финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски. 

Во претставата, која е дуо драма настапуваат Стефан Николовски како Лазе и Филип Христовски како Мики. Драматург на претставата е Катерина Момева а сценографија на Филип Коруновски а музиката е во избор на двајцата актери.

Како што појаснуваат од велешкиот театар, приказната е за двајца другари што се немаат видено долго време и после многу поминати години и патешествија во животот, тие се соочуваат еден со друг, си помагаат еден на друг, се провоцираат еден со друг, преку што избиваат нивните внатрешни конфликти.

-Во претставата се навлегува во најдлабоките теми на суштествувањето, прашања што го мачат секој човек кој сака да биде сакан и прифатен, а општествениот и социјален притисок наметнува стеги каде индивидуалниот идентитет се гуши, се преиспитува себеси, а преку оваа претстава сугерираме дека човек треба прво да се прифати таков каков што е, за да може да се промени. Играјќи си со жанровите, понекогаш нештата изгледаат многу трагично, а има мигови кога не ќе можете да се воздржите од смеење, поради суптилниот хумор што се провлекува низ целото дело и преку кој се релативизираат проблемите, се разобличуваат карактерите со нивните човечки мани, оправдувајќи ја нивната несовршена природа, појаснуваат од театарот.

Израел вели дека ја покажал својата способност да нападне во внатрешноста на Иран

Денешниот напад „имаше намера да му сигнализира на Иран дека Израел има способност да нападне во внатрешноста на земјата“, изјави неименуван израелски функционер за „Вашингтон пост“.

Нуклеарната организација на ОН (МААЕ) потврди дека иранските нуклеарни локации се неповредени, по извештаите за напад во ирански Исфахан.

МААЕ, исто така, го повтори својот повик и Иран и Израел да покажат максимална воздржаност, нагласувајќи дека атомските капацитети никогаш не треба да бидат цел.

притисни ентер