Фото: Џеј Ло и Алекс Родригез купиле заеднички стан на Менхетн!

Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез и нејзиното момче Алекс Родригез купиле заеднички стан во Њујорк, во срцето на Менхетн.

Ова е нивната прва заедничка недвижнина. За медиумите овој чекор на популарната двојка е чекор кон олтарот.

Новиот луксузен стан на џеј Ло и Алекс е во срцето на Менхетн во зграда на парк Авенијата. Станот се наоѓа на 36 кат и е со големина од 370 квадратни метри. Станот има три спални соби, 4 бањи и прекрасен поглед кон родниот град на Џенифер Лопез.

Според магазинот„ Page six“ Лопез и Родригез за оваа луксузна недвижнина платиле околу 15 милиони долари.

Зградата во која е сместен станот има приватен паркинг,лични готвачи, модерна теретана, простории за јога и пилатес,сауна и приватни лифтови.

Џеј Ло поседуваше уште еден стан во Њујорк кој го купила во 2014 година. Но, тој стан од 550 квадратни метри  во близина на Медисон Сквер гарден, популарната пејачка го продаде за 26 милиони евра, пред купувањето на новиот стан со момчето Родригез.

Од сега може се види какво е времето на Марс

НАСА објави дека од сега ќе може редовно да се следат временските услови на Марс.

Со еден клик ќе може да се дознае колкава е температурата на Марс , дали има ветар и слични временски услови.

На сондата на НАСА се наоѓаат инструменти , што бележат температура , брзина на ветар и притисок на воздухот ,а вселенската агенција овие податоци да ги сподели со сите заинтересирани.

Така , на пример оваа недела времето било типично за зимски услови на местото каде што е позтавена сондата , наречено Elysium Planitia.

Највисоката температура изнесувала -17 , а најниската -95 степени Целзиусови . Дувал ветар со брзина од 16,9 м/секунда.

Цитроен го враќа легендарниот Ами (ВИДЕО)

Цитроен реши по четири децении да го врати легендарното име на неговите нови автомобили.

Под името Ами Цитроен на саемот во Женева ќе претстави прототип на нов електричен автомобил. Освен што автомобилот е целосно на електричен погон , ќе има систем за брзо полнење , а ќе може да се набави ,,на барање”.

Тоа е најголемата новина од Цитроен , кој нуди преку апликација да моѓже да се најми автомобилот на период од пет минути до пет години. Освен интересните идеи за концептот, се нудат и дизајнерски решенија во вид на ,,волшебна кутија”.

Во должина од сам0 2,5 метри има место за две седишта , багашник , место за оставање работи , а секако и за погонот и сето тоа распоредено на минималистички начин.

На овој начин и со новото возило , достапно за сите, Цитроен ќе го прослави 100. роденден.

НБА играчот Томсон ја изневери Кардашијан со пријателка на нејзината сестра

Клое Кардашијан (34) го напушти НБА кошаркарот , Тристан Томсон (27) , откако во понеделникот дозна дека ја изневерил со најдобрата пријателка на нејзината помала сестра.

Кошаркарот , кој настапува за екипата на Кливленд Кавалиерс , во саботата на забавата во својата вила во Лос Анџелес се сплеткал со 21 гпдишната Џордин Вудс , најдобрата пријателка на Кајли Џенер (21).

Томсон вчера на Твитер напиша дека станува збор за лажни вести , но набргу ја избриша оваа објава.

Гостите , кои биле на забавата кај кошаркарот сведочат дека во еден момент тој им забранил да ги користат мобилните , по што пристигнала Џордин , која останала кај него дома до утрото.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

plus she know my babymama is a trophy 🏆

A post shared by HEIR JORDYN (@jordynwoods) on

Клое , која со Томсон има 10 месечна ќерка , ја прекина врската со него веднаш во понеделникот, откако кошаркарот признал дека бил во врска со Џордин.

притисни ентер