Јелена Карлеуша го молела Врањеш да ја демантира секс аферата!!!

Српската пејачка Јелена Карлуша го молела босанскиот фудбалер Огнен Врањеш да ја демантира нивната секс афера, но тој со жесток одговор, „Сите вие сте исти гомна“!!.

По порно скандалот кој изби по објавувањето на експлицитните фотографии на кои се гледа голата Јелена Карлеуша и нејзиниот близок однос со фудбалерот Огнен Врањеш, сега популарната пејачка со сите сили за брани на социјалните мрежи.

Имено, пејачката ја објавила преписката со Врањеш на која може да се види како таа го молеле фудбалерот да го демантира она што го изјавил.

-Оваа шизофреничка будала Огнен Врањеш реагира кога го молам да не ме напаѓа мене и моето семејство. Дури тврди дека против весниците ќе сведочи на суд.Потоа тргна со монтажа а  потоа на својот Инстаграм и потврдува дека се е фотомонтажа. Неговиот босански број намерно го оставам, нашишала Јелена карлеуша на својот Фејсбук профил.

Салма Хајек се одмора во плиткото море (ФОТО)

Холивудската актерка Салма Хајек ги почести своите фанови на Инстаграм со фотографии од летниот одмор.

Актерката се фотографирала во плиткото море , додека ја удараат бранови. ,,Понекогаш треба само да се опуштиш и да и се препуштиш на водата.” , напиша актерката на објавата.

Нејзините фанови во коментарите ја пофалија нејзината фигура , а особено градниот кош.

Таблоидите измислија дека Џорџ и Амал Клуни повторно ќе имаат близнаци

По шпекулациите за брачните проблеми , таблоидите објавија дека актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал повторно очекуваат близнаци.

Извор за магазинот Life&Style објави дека на италијанскиот имот на семејството Клуни , Амал имала поголем стомак , а наводно била и фотографирана. Се наведува и дека таткото Џорџ е многу весел , но и загрижен како покрај двегодишните близнаци Ела и Александер , ќе чува уште две бебиња. Новата бременост , наводно ги зближила Џорџ и Амал како никогаш порано.

,, Џорџ поретко патува во Лос Анџелес , па заедно со Амал тргнаа на брачно советување . Веќе не се караат толку често.” наведува истиот извор.

Џорџ, наводно го замолил Бред Пит да му се најде з ачување на децата , а за кум ќе го замолел да му биде поранешниот американски претседател Барак Обама.

Пријателките на Амал , Меган Маркл и поранешната прва дама на САД , Мишел Обама веќе подготвувале забава за бебињата пред породувањето.

Сепак , портпаролот на семејството Клуни ја отфрла оваа вест како целосна измислица , со тврдење дека Амал не е бремена и не очекува уште еден пар близнаци , ниту пак дека таа и Џорџ имале брачни проблеми.

Наведува и дека овој таблоид , како и другите што ја презеле веста , сакаат преку неа да ги скријат другите лаги , кои ги шират за познатата холивудска двојка.

Најбрзата колиба на светот се тркаше и на патека (ВИДЕО)

Прв пат најбрзата колиба на светот се појави на тркачката патека.

Станува збор за дрвена колиба , што ја движи мотор на Ауди . За да с еутврди колку навистуина може да биде брза , сопственикот ја постави на тркачка патека долга 402 метри.

Трката се одржа на патеката Санта Под како дел од Ultimate Street Car Event , најголем натпревар од ваков вид во Европа.

И покрај ветрот од 50 км/час , колибата ја мина патеката за 15,49 секунди , што значи дека достигнала брзина од 138км/час. Моторот развива 450 КС што овозможува забрзување од максимални 181,34км/час.

притисни ентер