Кога Македонија ќе стане Северна Македонија?

Собранието ги изгласа уставните измени, но кога земјава и официјално ќе започне да се нарекува Република Северна Македонија?&n

По петочното гласање во парламентот и нвината објава во Службен весник во саботата, тежиштето сега е на грчка страна. Од МНР велат дека се уште не го испратиле дописот до официјална Атина, но ќе го сторат тоа откако ќе се исполнат техничките услови. Според договорот, имаат најмногу две недели за да го испратат дописот.

Следната постапка е ратификација во грчкиот парламент, во договорот стои дека тоа треба да го направат „веднаш“.

Член 1, точка 4

ѓ) По известувањето од Втората страна за завршување на постапката за усвојување на погоренаведените амандмани на Уставот и за завршувањето на сите внатрешни правни постапки потребни за влегувањето во сила на оваас погодба, Првата страна веднаш ќе ја ратификува оваа спогодба.

Откако Грција ќе го заврши својот дел од обврската, треба исто така по дипломатски пат нјадоцна за две недели да ја информриа земјава дека Договорот и кај нив е ратификуван, со што ќе се смета дека тој и официјално е на сила..

Потоа, според завршните одредби од Договорот преостанува Скопје, Атина, или двете заедно, за исходот да ги известат Обедиентите нации..

Член 20

6. Што е можно поскоро по влегувањето во сила на оваа Спогодба, Страните или една од Страните ќе го извести Генералниот секретар на Обединетите нации за влегувањето во сила на оваа Спогодба, како и за датумот на кој истата влегла во сила, а со цел нејзино спроведување во Обединетите нации.

Со тоа, Република Македонија и официјално ќе стане Република Северна Македонија.

Сепак, ова на директен начин е условено и со вториот паралелен процес предвиден со договорот - ратификацијата на Протоколот за прием на земјава во НАТО во грчкиот парламент.Според Договорот, заедно со неговата ратификација, Грција треба да го ратификува и Протоколот, но поради формални причини, ова се очекува да се пролонгира за неколку недели, бидејќи најпрво сектретаријаотт на Алијнсата треба да биде информиран за ратификацијата на Договорот во двете земји, а потоа во најбрз можен рок да го поготви Протоколот и да го испрати за ратификација во парламентите на сите 29 земји челнки..

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, вчера кажа дека со неговиот коелга Катруголас нашле начин како сите процедури да се усогалст, но не кажа како..

По интервенција на независната пратничка груѕпа на ВМРО-ДПМНЕ, во уставниот закон беше вметант амандамн со кој стапувањето на сила на уставните амандмани директно се поврзуваат со ратификацијата на Протоколот за НАТО во Грција. Според ова, Договорот од Преспа ќе се смета за дефинитвно влезен во сила, а земјава ќе се иманува како Република Северна Македонија, во моментот кога Атина ќе ја прифати одлуката земјава да биде 30-та членка на Алијансата..

Гласање за уставни измени во Македонија –>Официјален допис и известување до Грција –> гласање во грчкиот парламент --> писмено известување до Македонија дека договорот е ратификуван во Грчкиот парламент

Брнабиќ: Седница за измените за локалните избори во понеделник

Дел од опозицијата ги поддржа овие измени.

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ најави дека седницата на која ќе се расправа за измените на Законот за локални избори, за да тие се одржат на 2 јуни, е закажана за понеделник во 11 часот,јави дописникот на МИА од Белград.

-Она што ме радува е што повеќе од две третини од пратениците го поддржаа предлогот за измени на Законот за локални избори, вкупно 184 пратеници се предлагачи на измени на законот, рече Брнабиќ.

Таа прецизираше дека сите пратеници на владејачката коалиција, потоа од опозицијата-Народното движење на Србија, Новото лице на Србија, Зелено-левиот фронт, Еколошкото востание, независните пратеници на Движењето на слободни граѓани, како и партијата на Шаип Камбери дале поддршка.

Брнабиќ изјави дека одлуката на опозицијата за бојкот на изборите е неодговорна и дека тоа ја покажува нивната врвна несериозност.

-Мислам дека тоа покажува највисоко ниво на неодговорност. Разговаравме 17 дена, тоа беше предлог на маса. Дури ни дадоа рок до 18 април, и ние го испочитувавме тој рок. Ако сакаат да бојкотираат нека бојкотираат Не би се занимавала повеќе со тоа. Нека им објаснат на своите поддржувачи зошто е таква одлуката и повторно сум сигурна дека ќе го сменат мислењето. Тоа е и мојата препора, изјави Брнабиќ.

На новинарско прашање колку е реално да се исполнат барањата на опозицијата во однос на избирачкиот список и медиумите, Брнабиќ рече дека ќе се обиде да ја забрза работата, дека работните тела кои ќе се занимаваат со контрола на избирачкиот список а по препораките на ОДИХР ќе се формираат што е можно поскоро.

-Во однос на медиумите ќе побарам да имаме средба со медиумите и да ја отвориме и таа тема. Ќе дадам се од себе до 2 јуни да спроведам што е можно повеќе, особено во однос на медиумите и избирачкиот список. На крајот на краиштата, неколку пати го поставив тоа прашање „зошто инсистирате на тоа ако се сомневате дека сите препораки на ОДИХР може да се спроведат дотогаш“, рекоа затоа што тоа ќе обезбеди да немаме миграција на гласачи. Тие инсистираа и ние тоа го прифативме, иако се уште мислам дека нашиот предлог да се одржат изборите во Белград сега, а сите други наесен беше многу подобар, рече Брнабиќ. /МИА

Манчестер јунајтед ќе добие четири милиони евра доколку Борусија Дортмунд ја освои ЛШ

Манчестер Јунајтед би можел да добие дополнителни четири милиони евра од Борусија Дортмунд за Џејдон Санчо, пишува „Тајмс“.

Според британскиот весник, Јунајтед ќе ги добие овие средства доколку тимот од Дортмунд ја освои Лигата на шампионите.

Борусија го ангажираше Санчо на позајмица во јануари 2024 година. Дваесет и четиригодишниот Англичанец на 14 натпревари за германскиот клуб има постигнато два гола и две асистенции.

Противник на Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе биде Пари Сен-Жермен.

Во другото полуфинале ќе играа Баерн Минхен и Реал Мадрид. /МИА

Аеродромот во данскиот град Билунд евакуиран по дојава за поставена бомба

Аеродромот во данскиот град Билунд денеска е евакуиран по дојава за поставена бомба и еден маж е уапсен, соопшти данската полиција.

Летовите на аеродромот се прекинати. На веб-страницата на аеродромот се наведени неколку откажани летови кои требаше да се реализираат попладнево - до Амстердам, Франкфурт и Барселона.

Полицијата се обидува да утврди дали има поврзаност меѓу дојавата за поставена бомба и експлозијата на банкомат во Билунд изутрината.

Аеродромот Билунд е вториот по големина аеродром во Данска. Се наоѓа во близина на седиштето на компанијата „Лего“ и паркот „Леголенд“. /МИА

притисни ентер