Силната Хрватска трет противник на македонските ракометари на Светскиот шампионат

Македонската ракометна репрезентација вечерва  од 18 часот во Минхен ќе го одигра и третиот натпревар на светскиот шампионат во Германија и Данска.

Противник на црвено жолтите е силната и фаворизирана Хрватска предводена од стариот лисец Лино Червар.

По серијата од две победи во стартните кола над Јапонија и Бахреин  за  подмладениот македонскиот национален тим ова ќе биде првиот  вистински тест на Мундијалот.

Дуелот против силната  Хрватска ќе даде одговор за вистинските квалитети на оваа наша подмладена селекција во која се позначајна улога имаат младите Талевски, Кузмановски, Поповски, ...

Само со цврста игра во одбрана, многу подобра од изданијата против Јапонија и Бахреин  и стрплив напад  вечерва ќе можеме да бидеме рамноправен противник на квалитетната Хрватска. Тактичкото надмудрување меѓу големите стратези  на двете клупи Гонзалес и Червар кој одлично ја познава играта на нашата селекција ќе му даде посебен шмек на овој натпревар.

Дербито на 3 коло во Групата Б , Македонија и Хрватска го очекуваат со максимален ефект во досегашниот тек од првенството.

Пау Гасол заминува од НБА , се враќа ли во Барселона ?

Пау Гасол веќе не е играч на Портланд Треј Блејзерс. Денеска беше објавено дека дошло до пријателско раскинување на договорот на НБА клубот со еден од најдобрите европски кошаркари.

"Од денес, јас веќе не сум член на Портланд Трејл Блејзерс. Повредата со која се мачам и имав операција во мај трае од шест до 12 месеци за да заздрави. Се надевав дека закрепнувањето ќе биде побрзо, но за жал трае подолго.  Знаевме дека ова е можно, па се договоривме дека клубот може да ме отпушти за да има место да доведат друг играч кој би можел веднаш да помогне.„изјави Гасол, истакнувајќи дека тој исто така се подготвува за тренерска улога и покрај тоа што сè уште сака да игра.

Сега каталонскиот портал ЕСпорт соопшти дека Барселона е подготвена да му понуди на Гасол место во екипата. Како 20-годишник, Гасол брилираше во тој клуб пред да замине во НБА лигата каде со Лос Анџелес Лејкерс освои две титули.

Барселона изгради фантастичен состав оваа сезона и има за цел да ја нападне титулата во Евролигата. Гасол ќе ги добие потребните минути таму, според ЕСпорт, за да му помогне на кошаркарот да се подготви за Олимпијадата следната година и настапот во дресот на шпанската репрезентација.

Балотели се степал на тренинг, па со полна брзина избегал дома

Не му требаше многу на Мауро Балотели за да направи прв проблем и во Бреша.

На денешниот тренинг, тој се степал со соиграч, јавуваат италијанските медиуми.

Тренингот предводен од тренерот Фабио Гросо започнал во 3 часот, а само еден час подоцна Гросо луто викаше по Балотели за да замине во соблекувалната.

Околу 15 минути подоцна, револтираниот напаѓач се упатил дома со автомобил. Се разбира, тој нагазил жестоко и дивјачки на гасот, така што сите можеле да слушнат дека налутен го напушта кампот за обука.

Портпаролот на клубот Матео Кавазути се обиде да го прикрие инцидентот.

„Балотели беше заменет од тренерот Гросо за време на мини натпреварот со тактички тестови и Марио отиде премногу бргу во соблекувалната“.

Сепак, нема објаснување зошто Балотели налутено излетал од кампот и нагазил на гасот на пат кон неговата куќа.

Контроверзниот 29-годишник е член на најлошиот тим во моментов во Серијата А во Италија , Бреша, за која има шест настапи и постигнато два гола.

УФЦ борец ја покажа ужасната повреда (Вознемирувачко видео)

УФЦ борецот, Џејмс Краузе, на „Fight Night “ во Сао Паоло ја постигна својата шеста победа .

Краузе го победи Серџи Мораес на UFC Fight Nightu 164.

По борбата, се дозна дека Краузе последните две рунди се борел со непријатна повреда на прстите на ногата. Во еден момент, ногата на Краузе му се заплетка во затворениот простор на борбеното поле , така што си ги повреди прстите.

"Еве нешто ново за мене. Четири шевови на прстот на ногата. Во првиот круг, додека запрев едно удирање, прстите ми се заглавија во оградата на кафезот и ми се отвори раната. По 13 години во еден од моите најголеми стравови стана  реалност “, напиша Краузе на Инстаграм, каде објавивидео од третманот на повредената нога.

притисни ентер