Шокантно – Малите деца јадат двојно повеќе шеќер од максимално дозволеното

Децата на мала возраст јадат премногу шеќер , што подоцна доведува до сериозни здравствени проблеми.

Според британската студија , децата веќе на 10 годишна возраст го пречекоруваат внесот на шеќери , колкав што треба да биде кога ќе стигнат на 18 годишна возраст. Оваа студија на Public Health England (PHE) се базира на вкупниот внес на шеќер од двегодишна возраст па натаму. Децата консумираат секој ден во просек по осум коцки шеќер повеќе од препорачаното дневно количество или 2 800 коцки годишно.

Докторите препорачуваат да се воведе данок на благата храна со цел да се намали купувањето на производи со премногу шеќер.

Максималниот внес на шеќер за деца од 4 до 6 години се пет коцки дневно или 19 грама. Децата од седум до десет години максимално смеат да јадат до шест коцки (24гр.) дневно , додека над 11 години може да внесат максимум седум коцки или 30 гр. дневно.

Сепак децата во Британија секој ден внесуваат околу 13 коцки или 52 гр.дневно , што доведува до гојазност, расипани заби и сериозни заболувања на срцето и ендокриниот систем.

Најголем внес на шеќери доаѓа од соковите , колачите , благите јогурти , бисквитите и пудинзите. Докторите препорачуваат родителите да не купуваат засладени производи и секојдневно да внимаваат на исхраната на децата.

До 2020 се планира на државно ниво во Британија да се намали шеќерот во детската храна за 20 проценти , што е веќе договорено со производителите.

Германија наскоро ќе ја продолжи соработката со УНРВА

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза .

Германската влада планира да ја продолжи соработката со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Појасот Газа во блиска иднина, соопштија денеска германското Министерство за надворешни работи и Сојузното Министерство за економска соработка и развој.

УНРВА - главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа - се соочи со голема криза откако Израел обвини десетина нејзини вработени дека се вклучени во нападите на 7 октомври во кои загинаа околу 1.200 луѓе.

Неколку вработени беа отпуштени поради обвинувањата. Во деновите и неделите што следеа, 16 земји донатори - вклучувајќи ги и двата најголеми донатори, Соединетите Американски Држави и Германија - го суспендираа или паузираа финансирањето, оставајќи го со финансиска празнина од околу 450 милиони американски долари.

Откако се појавија наводите, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш вети сеопфатен преглед.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во светлината на наводите дека вработени на ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври денеска препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Независната група, предводена од поранешната француска министерка за надворешни работи Катрин Колона, беше формирана на почетокот на февруари. /MИА

Фестивалот „Коачела“ казнет со 28.000 долари поради Лана Дел Реј

Популарниот музички фестивал, на којшто настапија светски ѕвезди како Шакира, Доџа Кет и „Ноу даут“, „Коачела“ (Coachella) заврши, но една од изведувачките ги прекрши правилата.

Се работи за американската поп-пејачка Лана Дел Реј, поради која организаторите на фестивалот ќе треба да платат казна од 28.000 долари... Имено, пејачката настапила 13 минути подолго од предвиденото и со тоа го прекршила договорот што организаторите го имаат со Градот Индио, каде што се одржува фестивалот, пишува „Ти-ем-зи“ (TMZ).

На фестивалот, имено, му се наплаќа дневна казна од 20.000 долари за првите пет минути од пречекорувањето на времето и дополнителни 1.000 долари за секоја минута потоа. /МИА

Прв круг претседателски избори, Канал 5 на избирачките места во Кисела Вода

Утринава Канал 5  беше на  отворањето на гласачките места во скопските Општини Карпош, Центар и Шуто Оризари.

Таму гласањето течеше мирно, без поголеми проблеми. Во моментов нашата екипа е во Кисела Вода во средното училште Васил Антески Дрен. Таму е Дејан Трајковски.

притисни ентер