Македонија попладнево против Бахреин , судиите од Тунис

Македонија од 14:00 часот во салата „Олимпија Хале“ во Минхне го игра мечот од 2. коло од група Б на СП во Германија и Данска против  Бахреин.

Селекторот Раул Гонзалез нема ништо да менува во составот во однос на оној со кој убедливо ја поразивме Јапонија. Тоа значи дека на трибините и денес ќе останат Златко Даскалоски и Милан Лазаревски.

За разлика од нашиот стратег, предводникот на Бахреин, Арон Кристјансон за средбата со Македонија пријави нов ракометар.Исланѓанецот на клупата на Бахреин се реши да го додаде 30-годишниот Хасан Алфардар.

Правдата на мечот ќе ја делат судиите Исмаил Буалуха и Рамзи Хениси од Тунис.

СЗО: Нов дневен рекорд на заразени со коронавирусот во светот

Во светот во последните 24 часа се регистрирани над 230.000 ново заразени со коронавирусот, што е нов дневен рекорд

Земјите од Балканот никако да ги стабилизираат новите високи бројки на новозаразени со коронавирусот. Здравствените власти во соседна Албанија потврдија 117 новозаразени, што прв троцифрен број на инфицирани за 24 часа. Ова го запали црвеното светло во институциите, а владата во Тирана поради стравот од голем наплив на пациенти донесе итна одлука повторно да ја адаптира болницата „Шефќет Ндроќи“ во Ковид центар.

За време на последните 24 часа, беа направени 585 тестови на лица кои беа суспектни дека се инфицирани од Ковид-19, од кои 117 се потврдени дека се позитивни, зголемувајќи го бројот од почетокот на пандемијата 3571 случај.

Србија која изминативе денови се справува со антивладините протести, се соочува и со понатамошно зголемување на заразените со коронавирусот. Здравствените власти објавија дека вчера се регистрирани нови 287 заразени, а дополнително загрижува и состојбата со болничките капацитети кои се речиси исполнети, а се најавува и адаптација на нови ковид центри. Епидемиолозите предупредуваат дека Србија набрзо не може да очекува стабилизирање на ситуацијата, односно се најавува дуплирање на бројот заразени.

Нови случаи во регинот се регистрараа и во Хрватска и Словенија, а ситуацијата се влошува и на глобално ниво... Во последните 24 часа во светот се регистрирани преку 230.000 новозаразени, што е воедно и нов црн рекорд. На врвот листата и понатаму се наоѓаат САД, а во рекордерите на денот за прв пат се најде Флорида, која изминатово деноноќие потврди 15.000 нови случаи.

Болниците речиси го исполнија капацитетот, имаме околу 19 илјади пациенти со полесна клиничка слика, четиристотини на интензивна, двесте на вентилатори. Очигледно е дека сме преоптеретени во овој момент, што има влијание и врз пациентите кои не се заразени, а за кои треба да се погрижиме.

Доза оптимизам донесоа научниците од Оксфорд кои пред неколку недели објавија дека ја започнале третата и конечна фаза од тестирањето на нивната вакцина против ковид 19, соопштија дека таа ќе прилично евтина, ќе чини колку едно еспресо, односно неколку евра. Светло на крајот на тунелот влева информацијата дека истата ќе биде достапна веќе во септември, а први кои би се вакцинирале се медицинскиот персонал, полицијата и армијата.

Богатствата на Кавадарци отсега достапни и преку виртуелна прошетка

Богатствата на Кавадарци отсега стануваат достапни и преку виртуелна 3Д прошетка од еден вид птичја перспектива. Се мисли на Тиквешко Езеро, Моклишко, малото Доне Попов, многубројните пештери, цркви и манастири, споменици и слично.

Денеска беше презентиран пилот проектот „Виртуелен музеј – наменет за Кавадарци".

– Со дигитализацијата правиме промоција и валоризација на културното наследство, со цел да се подигне нивото на туризмот и да се привлечат домашни и странски посетители, да дојдат и да го го видат потенцијалот на Тиквешкиот регионот и физички, рече Пенелопа Стаматовска од компанијата ВР Порт, која се занимава со дигитализација на објекти и чиј проект беше поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.

Таа нагласи дека платформата има и техничка страна, која ќе им е од корист на стручни лица. Додаде дека имаат соработка со општина Кавадарци, а за ваков проект веќе биле заинтересирани и други општини. Стаматовска изрази надеж дека ваква дигитализација ќе има и во други региони.

Јован Деспотовски, директор на ФИТР, го изрази задоволството што е во Кавадарци и информираше дека целиот проект е околу стотина илјади евра, од кои Фондот учествува со 70 проценти, а останатиот дел го обезбедува компанијата.

– Ова е само еден од проектите со кој покажуваме дека се бориме и сакаме да поттикнеме рамномерен регионален развој, нагласи Деспотовски.

Крсте Соколов, раководител на одделение за угостителство и туризам при општина Кавадарци, рече дека проектот го добиваат како еден вид донација, со обврска тој да се одржува во иднина. Се размислува за втора и трета фаза, при што би се вклучил и бизнис секторот и винарските визби, со цел за позабрзан развој на градот.

Платформата ќе биде онлајн и континуирано ќе се надополнува, а целосно готова ќе биде за 18 месеци. /МИА

Апостоловска: Не е усогласено времето на регистрација

Маски на лице, визири, два пара ракавици, капа и заштитен мантил – ова е опремата на петмината медицински лица од посебниот избирачки одбор во Кисела Вода кои ги посетија домовите на гласачите заразени од корона вирусот и тие во самоизолација.

Екипата на Канал 5 ја следеше целата процедура за едно гласање, која започнува од подигнување на избирачкиот материјал од оштинската барака и подготовка со заштитната опрема. Тимот влегува во зградата, до пред вратата на станот на гласачот кој претходно е известен за безбедносната процедура.

Петмината од одборот користат медицинска опрема за една употреба за секој гласач. По целата процедура веднаш ја соблекуваат и ја ставаат во кеса за ѓубре.

Претседателот на општинскиот комитет во Кисела Вода, Мојсов, вели дека гласањето тече според препораките и не се пријавени никакви неправилности.

Во списокот на Државната изборна комисија се пријавени вкупно 706 граѓани на територија на целата држава кои овие избори гласаат од своите домови поради корона вирусот. Утре пак по истите протоколи ќе гласаат близу 9 илјади лица кои се болни или изнемоштени.

притисни ентер