Грчкото обвинителство води истрага за заканите до парламентарци да не гласаат за преспанскиот Договор

Обвинителот на Врховниот суд во Грција нареди поведување кривична истрага поради пораките со закани до пратениците на десничарската партија Независни Грци.

Во тие пораки се повикуваат пратениците да не гласаат за Договорот од Преспа. Налогот за истрага е издаден откако два сајта објавија дека пратеници добицале заканувачки пораки , во кои од нив барале да не гласаат за Договорот од Преспа за промена на името Македонија, пренесува агенцијата Ројтерс , повикувајќи се на неименуван извор од судот во Атина.

Целта на истрагата е да се утврди дали дошло до злоупотреба на личните податоци и поттикнување на престап .

Според грчаката агенција АНА , членот на регионалниот одбор на партијата Нова Демократија , Спирос Аврамакос , побарал од луѓето на кои им ја пратил пораката да им се заканат на пратениците за да не го поддржат Договорот од Преспа , наведувајќи имиња и телефонски броеви на пратеници , за кои очекува дека ќе го поддржат Договорот.

.

Ердоган се закани: Доколку има американски санкции, исто ќе одговориме

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека не очекува санкции од САД поради набавката на руските ракетни системи, но ако тоа се случи ќе знае да одговори со санкции .

Ердоган говореше на прес конференција пред странските медиуми во Истанбул . Тој рече дека набавката на рускиот ракетен систем С-400 е договорена и дека САД треба внимателно да размислат дали да и наметнат санкции на Турција како членка на НАТО.

,,Ова го зборувам мн огу отворено и искрено. Нашите односи со претседателот Трамп се на ниво кое може да го наречам навистина добри. Во случај на проблеми веднаш ги решаваме телефонски. “ , рече Ердоган.

Борисов: Македонците треба уште да зреат за датум за преговори

Остри тонови од бугарскиот премиер Бојко Борисов кон Македонија на денешниот самит во Брисел..

Македонците треба уште да созреат за да добијат датум за почеток на преговори за пристапување кон ЕУ, оцени Борисов, прашан за коментар по последните недоразбирања околу Гоце Делчев..

,,Немојте да ме разберете погрешно, но додека се спори дали Гоце Делчев е Бугарин или Македонец – такви ситни приказни за некои херои кои очигледно биле и за Бугарија и за Македонија, за родниот крај, а нашите најдобри песни се поврзани со нив .И опозицијата постојано ме прашува што прави комисијата... Нека зреат. Jас тоа не можам да го дозволам – Бугарија направи се и тие беа издигнати до небо. Сега тие мора да направат компромис во Комисијата и со антибугарската реторика, изјави бугарскиот премиер во Брисел. .

Избраните националните зелени бизнис идеи за учество на регионален натпревар

Challenger-Мобилна апликација што ги наградува сите еколошки одговорни корисници", „Ракатрак- Природен едукациски центар за деца за животни вештини", и „Производство на био- смарт ориз" се победници на натпреварот за зелени бизнис идеи.

Тие заедно со националните победници од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора ќе се натпреваруваат за поддршка од 10 000 долари.

За националните победници АРНО и годинава обезбеди поддршка од партнерите првопласираната македонска идеја-апликацијата Challenger е наградена од Фондот за иновации и технолошки развој со ваучер за патување на промотивен настан во странство. Дополнително, сите три победнички идеи  добија вредносни ваучери за консултантски услуги од Асоцијацијата за менаџмент и консалтинг „МКА2000".

Се натпреваруваа вкупно 12 зелеи идеи. Финалистите се претставија со идеи за зелени бизниси кои имаат економска логика, позитивно влијание врз природата и заедницата, и во себе носат елемент на иновација.

Покрај победничките идеи, во конкуренција беа и идеите: Treebanks-платформа за онлајн купување на сместување преку која со секоја трансакција се поддржува садење на едно дрво, Едукативни еко играчки, Анаеробен модуларен дигестер, Паметна кутија за апчиња направена од рециклирани материјали, Органски кремови од лешник со еко восочна обвивка, Тури со електронски велосипеди, Скулптури од отпад, Ma Belle – Еко ресторан со редовен ангажман на бабички кои подготвуваат традиционална храна и Puzzle Green Events -маркетинг агенција за организирање на „зелени" настани.

-Оваа година на натпреварот пристигнаа 38 апликации за зелени бизнис идеи. Се радуваме што од година во година интересот расте. Нашата улога во натпреварот е да инспирираме што повеќе граѓани да размислуваат за зелена економија и да обезбедиме слух и поддршка за овие мали, значајни бизниси. Годинава, се радуваме што составот на жири комисијата е проширен со нови претставници од  донаторски агенции, ФИТР, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и очекуваме дека после пет години искуство во организација на овој натпревар, патот за развојот на зелената економија е трасиран и имаме визија за иднината која заедно ја градиме, изјави Ирина Јаневска од АРНО , координатор на проектот.

Бранислав Марковски од ФИТР вели дека мотото на Фондот е дека иновациите се применливи насекаде и дека  тоа се потврдува и преку сите овие интересни предлог проекти што беа дел од овој натпревар.

Истакна дека ФИТР ќе продолжи да поддржува проекти со "зелена компонента" што се социјално одговорни и имаат позитивен придонес за општеството.

притисни ентер