Мицкоски: Заев, Македонија денеска не слави вие направивте предавство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повик а в понеделник да се распушти Собранието и заедно со претседателските да се организирале и предвремени парламентарни избори.

Со чувство на мака го проследив пресот на Заев , само политичар како Заев може да се гордее и да се обраќа како премиер на нова земја  Северна Македонија, вака ја почна својата денешна прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која упати грст обвинувања кон власта за гласањето за уставните измени и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се да го запре ова предавство и кариеризам.

Мицкоски ја повика власта веќе в понеделник да го распуштат Собранието и да распишат предвремени парламентарни избори заедно со претседателските за да има можност, како што рече, преку сигурната победа на ВМРО-ДПМНЕ народот да си ја врати назад Република Македонија.

Мицкоски го повика Заев да не се крие зад партиските одлуки, индиректно одговарајќи на тезите на Заев дека тој лично е за предвремени избори но дека за тоа треба да одлучат телата и органите на партијата. Ова не се избори за фотеља туку избори за да победи народот рече Мицкоски за да си ја врател Република Македонија.  

Италија ќе го ратификува договорот за придружување на РСМ кон НАТО

Горниот и долниот дом на италијанскиот Парламент до крајот на овој месец или до почетокот на април ќе го ратификува договорот за придружување на Република Северна Македонија во НАТО.

Тоа го најави потпретседателката на италијснаскиот Сенат ,Паола Таверна и потпретседателот на Домот на пратениците , Еторе Росато на средбата со претседателот на Собранието , Талат Џафери , кој учествува на 16. конференција на претседателите на парламентите од Јадранско- јонската иницијатива , што се одржува во Будва, Црна Гора.

Италија ќе продолжи со поддршката на земјите од Западен балкан и во нивнтие напори да зтанат полноправни членки на ЕУ , рече Таверна.

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје – еден повреден (ВИДЕО)

Вечерва на улицата Скупи во близина на бензинаската пумпа на Макоил се случи тешка сообраќајна несреќа.

Во сударот на автомобил Мерцедес , кој се спуштал од патот кој оди од УХМР и возило Голф , кое се движело по улицата Скупи , Мерцедесот удрил во Голфот по што неколку пати се превртел , велат очевидците. Сообраќајката се случила околу 21.30 часот.

Возачот на Голфот е повреден и пренесен на клиниките , додека совозачот минал без повреди. Визилото е превртено на покрив и целосно уништено. Четирите лица кои се возеле во Мерцедесот се неповредени.

Во тек е увидот на самото место , а улицата Скупи е блокирана за сообраќај.

Зошто француската министерка за европски работи го нарече својот мачор – Брегзит

,,Секое утро ме буди со мјаукање дека сака да излезе надвор , а кога ќе му отворам , стои неодлушно” , така се пошегува француската министерка натали Лоазо со маката на Британците.

Француската министерка за европски работи , Натали Лоазо објасни зошто својот мачор го нарекла Брегзит , саркастично коментирајќи ги мачните обиди на Британија да ја напушти Европската Унија.

,,Да , мислам дека треба да имам одредена доза на хумор , за овие денови да се справувам со Брегзитот, не само јас туку у моите соработници.” , вели министерката Лоазо пред почетокот на разговорите на министрите за Брегзит , што се одржа во Брисел.

Таа објасни зошто на фејсбук објавила фотографија со мачорот , кого го нарекла Брегзит.

,, Секое утро ме буди со бесконечно мјаукање зашто сака да излезе, а кога му ја отворам вратата тој стои неодлучен и лошо ме гледа кога ќе го пренесам надвор.” , вели Лоазо , која порача дека е крајно време да се знае што конкретно ќе преземе Лондон за да го почитува договорот и да излезе од Унијата.

притисни ентер