СДСМ: Мицкоски веќе зборува како Бачев, разбирлив е очајот кај маргиналните деструктивци, поразени се

Денеска ново назадување покажа Христијан  Мицкоски, портпаролот на Бачев, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Мицкоски.

Антизападниот пион, Христијан Мицкоски, веќе зборува како Јанко Бачев, ниско, на ниво карактеристично за фрустритани, поразени и неуспешни политичари, загубени во сопствената неспособност.„Бла бла“ и „дрн дрн“ муабетите на Мицкоски многу соодејствуваат со него и неговите антизападни, политички промашени делувања.

Мицкоски ќе остане запаметен како човек кој заедно со Груевски, Иванов и Бачев работеше против иднината на граѓаните и Македонија во ЕУ и НАТО, но неуспеa, беше поразен.

Оттука, разбирлив е очајот, разбирлива е маката на Мицкоски.  Граѓаните и прогресивните демократски сили во земјата не дозволија да ја блокира иднината на Македонија во НАТО и ЕУ.

Македонија граби напред, завртена е светлата страница на иднината.

Целиот демократски свет, ЕУ, НАТО, САД, честита на историската одговорност на граѓаните и пратениците, го поздравува усвојувањето на уставните измени кои го отвораат патот кон полнаправно членство во ЕУ и НАТО. Пријателите од светот застанаа зад Македонија и сите нејзини граѓани.

Поразените Мицкоски и Бачев може да се спремат за изборен пораз на било какви избори, тие веќе се завршена приказна, дел од темното минато.

Кога ќе има избори не зависи од желбите на антизападниот Мицкоски, туку од приоритетите на граѓаните и државата.Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, ниту нов Груевски.

Македонското општество ги порази погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и тргна напред кон целосна интеграција во ЕУ и НАТО, како држава рамноправен партнер на демократскиот свет.

Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Вучиќ: Се може, ултиматуми и насилство не

Пред околу 100.000 луѓе, попладнево во Белград се одржа завршниот митинг од кампањата „Иднината на Србија“, што го организираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека е подготвен на дијалог со опозицијата, но нема да прифати ултиматуми.

Српската опозиција со протестите „1 од 5 милиони“ од јануари бара оставка од Вучиќ, а на минатонеделниот протест биле собрани околу 30.000 граѓани кои бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори.

На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

притисни ентер