Го препродаваат ли Кинезите Интер ?

Актуелното раководство на Интер би можеле да ги продадат акциите на клубот за 800 милиони евра.

Непозната инвестициска групација од Хонг Конг испрати и вотра понуда за сопственост над клубот Интер. Италијанските медиуми наведуваат дека првата понуда била одбиена од клубот , додека втората била многу примамлива.

Кинеската приватна групација Санинг во јуни 2016 за 260 милиони евра откупи околу 70 проценти од акциите на Интер.

По две и пол години веќе сериозно размислуваат за нивна продажба за три пати повисока цена .

Останатите триесетина проценти од акциите се во сопственост на Анрико Тохиро , претседател на поранешната клупска управа.

Надал ја освои 34-та Мастерс титула

Надал во финалето го победи Ѓоковиќ.

Рафаел Надал успеа да ја одбрани титулата. Во финалето Надал го победи Новак 1:2 (0:6, 6:4, 1:6)

За Шпанецот денешниот трофеј е негов јубилеен десетти од Мастерсот во Рим, а прв во оваа сезона и сигурно е добра најава пред претстојниот Ролан Гарос.

Ѓоковиќ во полуфиналето на Рим

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го „преживеа“ епскиот трилес и се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот 1000 во Рим.

Ѓоковиќ го доби четврфиналниот трилер против Дел Потро со 2-1 по сетови 4-6, 7-6 и 6-4 кој заврши во еден часот по полноќ.

Лидерот на АТП листата го победи  извонредниот Дел Потро во исклучително драматичен трилер кој траеше нешто повеќе од три часа.

Во нивниот 20 -ти меѓусебен дуел Ѓоковиќ по 16 пат во кариерата стигна до посакуваниот триумф.

На патот кон уште едно финале, противник на Ѓоковиќ во полуфиналето на Рим ќе биде уште еден Аргентинец, одличниот Диего Шварцман кој во четврфиналето беше подобар од Јапонецот Кеи Нишикори.

Навивачи претепаа фудбалер , кој случајно падна зад оградата (ВИДЕО)

Со клоци по телото и шлаканици , навивачите на англискиот клуб Портсмаут го претепаа фудбалерот на противничкиот тим Лук О’Нун.

Фудбалерот на Садерленд во натпреварот на англиската Премиершип лига , случајно падна преку оградата ,зад трибините. Домашните навивачи наеднаш почнаа со клоци и шлаканици да го удираат фудбалерот .

За среќа, О’Нун помина со полесни повреди.  Натпреварот заврши без голови , а тимот на садерленд помина понатаму поради претходната разлика од еден гол предност.

Оваа сезона , нападот над фудбалер од противнички навивачи е четврт во Британија.

притисни ентер